Копривничко-крижевска жупанија
Копривничко-крижевачка жупанија Koprivničko-križevačka županija | |||
---|---|---|---|
Жупанија | |||
Копривничко-крижевачката жупанија (портокалово) во Хрватска (светложолта боја) | |||
Главен град | Копривница | ||
Управа | |||
• Жупан | Дарко Корен (ХСП) | ||
Површина | |||
• Вкупна | 1.746 км2 (674 ми2) | ||
Население (2001) | |||
• Вкупно | 124.467 | ||
• Густина | 71/км2 (180/ми2) | ||
Повикувачки број | 048 | ||
ISO 3166 | HR-06 | ||
Мреж. место | http://www.kckzz.hr/ |
Копривничко-крижевачката жупанија е жупанија во северозападниот дел на Хрватска. Прв жупан на Копривничко-крижевачката жупанија бил: Иван Станчер (1993 - 1997).
Население
[уреди | уреди извор]Според пописот од 2001 година, жупанијата броела 124.467 жители (2,8% од вкупното население на Хрватска) со просечна густина на населеност од 71 жител на км2. Етничкиот состав бил следниот: Хрвати 96%, Срби 1,9%, Словенци 0,1%, Роми 0,1%, Унгарци 0,1% и други.
година на попис | 2001 | 1991 | 1981 | 1971 | 1961 | 1953 | 1948 | 1931 | 1921 | 1910 | 1900 | 1890 | 1880 | 1869 | 1857 |
бр. на жители | 124,467 | 129,397 | 133,790 | 138,994 | 143,019 | 142,362 | 140,565 | 143,268 | 139,054 | 142,546 | 132,581 | 121,772 | 105,529 | 97,581 | 87,464 |
- ЦД-ром: "Насеља и становништво РХ од 1857-2001. године", Издание на Државниот завод за статистика при Република Хрватска, Загреб, 2005.
Географија
[уреди | уреди извор]Копривничко-крижевачката жупанија се наоѓа во северозападниот дел на Република Хрватска, т.е. во североисточниот дел на Централна Хрватска. Таа е распространета по низината на Драва и е омеѓена со Билогора и Калнчка Гора.[1] Со површина од 1,746 км2, оваа е седумнаеста по големина жупанија во Хрватска според површината. Североисточниот дел на жупанијата го сочинува долината на реката Драва на која преовладува земјоделската дејност со значајни наоѓалишта на нафта и на земен гас. Поголеми населени места во овој простор се Копривница, Крижевци и Ѓурѓевац.
Стопанство
[уреди | уреди извор]Копривничко-крижевачката жупанија спаѓа во панонската регија. Земјоделскиот простор на жупанијата се состои од пет микрорегионални целини:
- Подравскиот земјоделски басен (Подравина)
- Прекодравље
- Источен и североисточен дел (Билогора)
- Калничко подрачје (Калник)
- Калничко-пригорскиот дел на жупанијата
Подравскиот земјоделски басен и Прекодравље се подрачја со интензивно земјоделско производство. Останатите гранки на економијата се производството на млеко, производството на хмељ, сточарството, зеленчуковите култури и виноградарството.
Туризам
[уреди | уреди извор]Најважни одредишта во жупанијата се Галеријата на наивната уметност во Хлебине, жупната црква Свети Ане, гркокатоличката катедрала на Светото Тројство и црквата на Свети Крст во Крижевци, историското средиште Крижевци, прехранбениот музеј “Подравка” – Копривница, Стариот град Ѓурѓевац и Галеријата Лацковиќ – Батинска, стариот град Калник и Мал Калник.
Знаменитости
[уреди | уреди извор]На подрачјето на Копривничко-крижевачката жупанија има единаест заштитени делови од природата, кои заземаат површина од околу 5,550 ha.
- Посебни резервати :
- географско-ботанички: Ѓурѓевачките песоци
- ботанички: Мал Калник
- орнитолошки: Голем Пажут
- шумски: Црни Јарци, Долго Брдо
- Парк шума: Жупетница
- Заштитени предели:
- Чамбина
- Калник
- Споменици на природата:
- Седам стабала храста лужњака
- Споменици од парковната архитрктура:
- Парк кај Основнато училиште ˝Владимир Назор˝, Крижевци
- Парк кај земјоделското училиште во Крижевци
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Официјален портал (хрватски)
|
- ↑ Središnja Hrvatska - Dvori s pogledom, Hrvatska turistička zajednica, 2009.