Прејди на содржината

Обработка во облак

Од Википедија — слободната енциклопедија
Концептуален дијаграм на облачна обработка

Обработка во облак (англ. cloud computing) — обработка заснована на интернет, каде повеќе поврзани опслужувачи овозможуваат ресурси, софтвер, и податоци за сметачите и други уреди кои имаат дадено барање до нив, што многу наликува на мрежата за електрична енергија.

Обработката во облак еволуира од Хардверската визуелизација, сервис-ориентираните архитектури и услужните обработки. Деталите се преземаат од корисниците и тие веќе не мора да се експерти за, или да имаат контрола на, технологијата која се наоѓа „во облакот“.[1]

Обработката во облак користи нов тип на модел за ИТ службите на Интернет и вклучува залиха на ресурси, чиј број динамички ќе се зголемува.[2][3]

Сето ова е настанато како последица на барањето за што е можно полесен достап до обработувачки (сметачки) места на Интернет. [4] Овој начин на обработка, најчесто ги користи веб-заснованите алатки или апликации, кои на корисниците им даваат достап до ресурси, програми и слично, преку прелистувачите, исто како тие да се инсталирани локално на нивните сопствени сметачи.[5]

Поимот „облак“ се користи како метафора за Интернет, со оглед дека во минатото се цртале облаци за да се претстават телефонските мрежи,[6] а потоа и за да се претстави Интернетот во дијаграмите за сметачки мрежи како апстракција за инфраструктурата која тој ја претставува.[7]

Типичните услужници на обработка во облак, доставуваат онлајн бизнис апликации кои се пристапуваат преку некој Веб сервис или софтвер како што се прелистувачите, а софтверот и податоците кои се потребни се поставени на опслужувачи.

Вообичаено, инфраструктурата за обработка во облак се состои од услуги кои се доставуваат преку вообичаени центри и се поставени на опслужувачи. Комерцијалните понуди на ваков тип на услуги најчесто треба да се придржуваат до барањата поставени во вид на квалитет на услугата (Quality of Service - QoS) за своите корисници и најчесто вклучуваат договори за нивото на услугата (Service Level Agreements - SLA).[8]

Поголеми услужници кои ги нудат облачните услуги се:Амазон, Rackspace Cloud, Salesforce, Skytap, Microsoft and Google.[9][10] Фирми пак кои се активни во полето на обработката во облак се:Fujitsu, Dell,[11] Red Hat,[12] Hewlett Packard,[13] IBM,[14] VMware и NetApp.

Споредба

[уреди | уреди извор]

Обработката во облак се разликува, според некои одлики, од следните видови на обработка и не треба да се поистовети со нив:

  1. Автономна обработка — „сметачки систем способен за самостојно управување"[15]
  2. Клиентско-опслужен модел – „клиент-опслужувач обработка“ се однесува скоро на било која дистрибуирана апликација која се одвива помеѓу сервис услужниците (опслужувачите) и побарувачите на услуги т.е. корисниците.[16]
  3. Решеткаста обработка — „форма на дистрибуирана обработка и паралелна обработка, каде 'супер компјутер или виртуелен компјутер' e составен од мрежа на сметачи кои работат заедно за да извршат многу комплицирани и тешки задачи."
  4. Мејнфрејм компјутер — моќни сметачи кои ги користат главно големи организации за критични апликации, вообичаено за големи податочни обработки како пописи, индустриски и кориснички статистики, финансиски и трансакциски обработки и слично.[17]
  5. Услужна обработка — сметачките ресурси, како пресметковни така и ресурси во вид на складишта, се претставени на многу сличен начин на традиционалните јавни системи за набавка како системот за набавка на електрична енергија.";[18]
  6. Peer-to-peer – дистрибуирана архитектура која нема потреба од централна координација, каде корисниците се во исто време снабдувачи и корисници на ресурсите.
  7. Услужно-ориентирана обработка – Обработката во облак нуди услуги поврзани со обработка додека, сосема спротивно, услужно-ориентираната обработка се однесуваат на софтверот како услуга „(Software-as-a-Service - SaaS)[19]

Особености

[уреди | уреди извор]

Фундаменталниот концепт на обработката во облак е дека обработката се прави „во облакот" т.е. обработката и податоците кои се потребни за него не се на некое специфицирано место, па дури не е задолжително сите елементи да се на исто место (опслужувач). Генерално, корисниците на облачна обработка не ја поседуваат физичката инфраструктура, туку најмуваат услуги од некој услужник со што ефикасно се намалуваат нивните трошоци. Тие користат ресурси како сервис, а плаќаат само за ресурсите кои ги користат. Многу понуди на обработка во облак дополнително нудат и модел на услужна обработка, кој е некоја аналогија на традиционалните кориснички услуги за кои се плаќа во вид на претплата. Делењето на „неопиплива" сметачка моќ од стана на повеќе изнајмувачи може да ја подобри експлоатирачката моќ, бидејќи опслужувачите нема да бидат непотребно оставени да чекаат на корисниците да побараат услуги, што може да ја намали цената драстично, а во исто време да ја зголеми брзината на создавање на апликации. Придружен ефект на овој пристап е дека сметачкото искористување драматично расте, а корисниците нема да мораат да бидат експерти за да ги достигнат лимитите.[20] Како додаток на сето ова, зголемените брзини на пренос преку сметачките мрежи овозможува сето ова да се исполни во реалност. Облакот сè почесто почнува да биде поврзан со малите и средните претпријатија бидејќи тие во голем број од случаите не можат да си дозволат големи трошоци на традиционални информатички технологии. Овие претпријатија најчесто немаат средства и услови за да си дозволат технологија во своја сопственост „(in-house technology).[се бара извор]

Економија

[уреди | уреди извор]

Корисниците на обработката во облак избегнуваат огромни трошоци за хардвер, софтвер и служби кога на услужникот му плаќаат само за она што го користат. Потрошувачката вообичаено се наплаќа по услуга или на претплата. Други придобивки од овој пристап се ниските бариери за влез, поделени инфраструктурни трошоци, ниски трошоци за менаџирање и постојан пристап до голем опсег на апликации. Генерално, корисниците можат да го прекинат договорот кога сакаат и услугите се скоро секогаш покриени со договор за нивото на услугата „(Service level Agreement - SLA) во кој се дефинирани финансиските казни.[21][22]

Иако компаниите можат да заштедат дел од своите трошоци на почетокот, можно е овие заштеди да бидат помали од очекуваните, па дури можат да платат повеќе за нивните оперативни трошоци. Во ситуација каде капиталните трошоци се релативни мали, или каде организацијата има поголема флексибилност во својот капитален буџет отколку во оперативниот буџет, облачниот модел може да нема голема финансиска смисла. Други фактори кои можат да имаат влијание на потенцијалните заштедувања на компаниите се: ефикасноста на податочниот центар на компанијата во споредба со оној на услужникот на облакот, оперативните трошоци на компанијата, нивото на присвојување на облачнота обработка и типот на функционалностите кои се хостирани во облакот.[23][24]

Архитектура

[уреди | уреди извор]
Пример архитектура на облачна обработка

Системската архитектура на софтверскиот систем кој е потребен за облачна обработка, вообичаено вклучува повеќе „облачни компоненти кои комуницираат меѓу себе преку интерфејс на апликација кој е вообичаено некој веб сервис.[25] Ова е слично на Јуникс (Unix) филозофијата, која користи повеќе програми и секоја од нив прави едно нешто добро и работи заедно со универзални интерфејси. Комплексноста е контролирана и системите се полесни за менаџирање отколку нивните монолитни двојници. Двете најзначајни компоненти на архитектурата на обработка во облак се познати како преден крај и заден крај. Предниот крај е делот кој е видлив за клиентот, т.е. корисникот на компјутерот. Овој дел ја вклучува и мрежата на клиентот (или компјутерот) и апликациите кои се користат за пристап до облакот преку некој кориснички интерфејс како прелистувач. Задниот крај на архитектурата на облачна обработка е самиот „облак", т.е. повеќе сметачи, опслужувачи и уреди за податочни складишта.

Историја

[уреди | уреди извор]

Основниот концепт на обработка во облак потекнува од шеесеттите години од минатиот век, кога Џон Меккарти кажа дека "обработката можеби некој ден ќе биде организирано како јавни услуги." Скоро сите модерни одлики на обработката во облак (еластично обезбедување ресурси, доставено како услуга, онлајн илузија на неограничена достава), споредбата со индустријата на електрична енергија и употребата на јавни, приватни, владини и општествени форми биле детално истражени во книгата на Даглас Паркхил "Предизвикот на Обработката во Облак" издадена во 1966 година.

Терминот "облак" е позајмен од телефонијата односно телекомуникциските компании, кои сè до деведесеттите години примарно нуделе посветени точка-до-точка (point-to-point) врски, но потоа почнале да нудат услуги преку Виртуелна Приватна Мрежа (Virtual Private Network) со сличен квалитет но со многу пониска цена. Со пренасочување на сообраќајот за да ја балансираат корисноста како што тие сметале дека треба, тие успеале да го искористат нивниот просечен пропусен опсег на мрежата поефективно. Симболот на облак бил употребен за да ја означат границата помеѓу одговорноста на услужникот и корисникот. Обработката во облак ги проширува границите за да се покријат опслужувачи како и инфраструктурата на мрежата. .[26] Првата научна употреба на терминот "обработка во облак" била на предавање на Рамнат Челапа.

Амазон одиграл главна улога во развивањето на обработка во облак со модернизирање на нивните податочни центри според дот-ком меурот (dot-com bubble), кои како и повеќето сметачки мрежи, користеле само 10% од нивниот капацитет во секое време, само за да остават простор за периодични пречки. Дознавајќи дека новата облачна архитектура резултира со значајни подобрувања на внатрешната ефикасност каде што мали, брзи "две-пици тимови" (тимови кој може да се најадат со две големи пици) можат да додатат нови опции побрзо и полесно. Амазон започнал ново развивање на производ за да обезбедат обработка во облак на корисниците и го пуштиле во употреба Амазон Веб Службата (Amazon Web Service) на принцип на услужна обработка во 2006.[27][28]

Во 2007 Google, IBM и голем број на универзитети започнале голем проект на тема истражување на обработка во облак.[29] На почетокот на 2008, Eukaliptus стана првиот слободен софтвер компатибилен со AWS API за распоредување на приватни облаци. Во почетоците на 2008 година, OpenNebula, се приклучи во проектот RESERVOIR финансиран од Европската Комисија и стана првиот слободен софтвер за распоредување на приватни и хибридни облаци како и за федерација од облаци.[30] До средината на 2008 година Гартнер видел можност за обработката во облак "да оформи врска меѓу корисниците на ИТ услуги, т.е. помеѓу оние кои ги користат ИТ услугите и оние кои ги продаваат"[31] и дополни дека "компаниите го заменуваат хардверот кој е сопственост на компании и софтверот со сервис засновани модели за една употреба" така што "предвидениот премин на обработка во облак ... ќе рузултира со драматичен раст во IT производи во некои област, а значаен пад во други."[32]

Главни одлики

[уреди | уреди извор]
  • Агилностa се зголемува со способноста на корисниците брзо и евтино да ги реискористувааат ресурсите во вид на технолошка инфраструктура.[33]
  • Интерфејсот на апликацијата (API) овозможува машините да комуницираат со софтверот во облакот на ист начин како што комунициираат луѓето и сметачите. Обработката во облакот главно користи REST засновани API-а.
  • Цената се смета дека ќе е доста намелена и капиталните трошоци ќе се претворат во операциски трошоци.[34][35]
  • Независност на уредите и локацијата[36] им овозможува на корисниците достап до системите со користење прелистувач, без разлика на нивната локација или каков уред користат. Бидејќи достапот до инфраструктурата главно се добива главно преку Интернет, корисниците ќе можат да се поврзуваат од било каде.[35]
  • Повеќекратен закуп овозможува делење на ресурси како и нивната цена помеѓу корисниците што овозможува:
    • Централизација на инфраструктурата на локации со помала цена (пр. цена на земјиште, електрична енергија и слично)
    • Капацитетот за достигнување на врвни перформанси се зголемува.
    • Корисноста и ефикасноста се подобрува за системи кои вообичаено се користат само 10-20%.[27]
  • Доверливоста е подобрена ако повеќе редундантни сајтови се користат, со шта обработката во облак станува погодно за деловната заедница.[37][38][39]
  • Размерливост преку динамични побарувања на ресурси. Перформансите се следат и се конструираат архитектури користејќи веб служби како нивни системски интерфејси.[35] Еден од најважните нови методи за надминување на пречките на големи апликации е паралелното програмирање на дистрибуирани гридови.[40]
  • Безбедноста може да се подобри со користењето на централизирани податоци,[41] но загриженоста се однесува на тоа што корисниците ќе немаат контрола на одреден осетливи податоци.[42][43] Услужниците вообичаено ги зачувуваат пристапувањата, но пристапот до логовите за проверка е доста тешка или невозможна задача. Комплексноста на безбедноста е зголемена и поради дистрибуирањето на податоците на поголема територија и/или на повеќе уреди.
  • Одржливоста на апликациите за обработка во облак е полесно, бидејќи тие не мора да бидат инсталирани на сите уреди на корисниците. Поддршката за нив е полесна бидејќи промените пристигаат до сите корисници инстантно.
  • Мерливост значи дека искористеноста на ресурсите за обработката во облак треба да биде мерливи и да биде мерена за секој клиент и апликација на дневно, неделно, месечно и годишно ниво.

Интернетот функционира преку повеќе мрежни протоколи кои формираат слоеви, како што е прикажано на сликата (или како што е опишано во повеќе детали во OSI моделот). Кога ќе се воспостави Интернет врска помеѓу сметачите, овозможено е тие да делат служби во било кој од слоевите.

Клиентот на облакот се состои од хардвер и/или софтвер кој зависи од обработката на облакот за доставување на апликации, или е специфично дизајниран за да овозможува служби од облакот и без него е сосема бескорисен. Клиенти можат да бидат сметачи, телефони, и други уреди, како и оперативни системи и прелистувачи.[44][45][46][47][48]

Апликација

[уреди | уреди извор]

Службите кои ги нудат апликациите кои се користат за процеирање на облакот или "Софтверот како сервис" (Software as a Service - SaaS) нудат софтвер како сервис преку Интернет, со што се елиминира потребата од инсталации и извршување на апликации на сметачите на корисниците, со што пак се намалува потребата од поддршка и одржување. Луѓето ги користат термините "SaaS" и "облак" како синоними, а тие сепак се различни работи.[се бара извор] Главните одлики се состојат од:[49]Предлошка:Clarify

  • Пристап и менаџирање на комерцијален софтвер преку мрежа
  • Активностите се контролираат од централна локација наместо кај секој корисник, со што се овозможува корисниците да пристапуваат апликации на оддалеченост преку Веб-от.
  • Доставувањето на апликациите е типична еден-на-многу врска, а не еден-на-еден врска, и вклучува архитектурални, оценувачки, партнерски и менаџерски одлики.
  • Централизирано обновување, што ја намалува потребата од преземање на пачови и надоградувања.

Платформа

[уреди | уреди извор]

Службите на облачна платформа или "Платформа како сервис" (Platform as a Service - PaaS) нудат платформа за обработка и/или збир на решенија како сервис, кои често употребуваат "облачна инфраструктура" и имаат "облачни апликации".[50] Тоа овозможува доставување на апликации без цената и комплексноста на купување и менаџирање на скриените хардверски и софтверски слоеви.[51][52]

Инфраструктура

[уреди | уреди извор]

Инфраструктурата за облачните служби, попозната како "Инфраструктура како Сервис" (Infrastructure as a Service - IaaS), нуди сметачка инфраструктура, вообичаено средина во вид на виртуелна платформа. Наместо да купуваат опслужувачи, софтвер, податочни центри, или мрежна опрема, клиентите ќе купуваат ресурси како сервис кој е потполно надворешен. Доставувачите на ваквите служби, најчесто ги наплатуваат истите во вид услужна обработка и според ресурсите кои се користат.[53]

Опслужувач

[уреди | уреди извор]

Слоевите на "опслужувачите" се состојат од сметачки хардвер и/или сметачки софтвер кои се дизајнирани специфично за доставување на облачни служби, вклучувајќи повеќејадрени обработувачи, оперативни системи со облачни одлики и комбинирани понуди.[44][54][55][56]

Модели кои се користат

[уреди | уреди извор]
Типови на обработка во облак

Јавен облак

[уреди | уреди извор]

"Јавен облак" или "надворешен облак" го опишува обработката во облак во традиционалното значење, каде што ресурсите со самостојно службирање се динамично доставувани преку интернетот, со помош на семрежни прилози/служби, од услужник кој наплаќа на основа на чисто услужна обработка.[35]

Облак на заедницата

[уреди | уреди извор]

Облак на заедница, може да се постави каде што повеќе организации имаат слични барања и сакаат да делат инфраструктура со што ќе ги бележат придобивките на обработката во облак. Во овој случај трошоците се делат помеѓу помалку корисници отколку во јавениот облак па според тоа и трошоците се поголеми, но овој начин нуди поголема приватност, безбедност и слично. Пример за облак на заедница е "Gov облакот" на Google.[57]

Хибриден облак

[уреди | уреди извор]

Постои конфузија кога терминот "хибриден" се користи со облак – стандардна дефиниција на терминот "хибриден облак" сè уште не постои. Овој термин се користел кога се зборувало, или за два одвоени облаци кои подоцна биле споени (јавни, приватни, внатрешни, надворешни), или при комбинации на примероци на виртуелни облачни опслужувачи употребени заедно со физички хардвер. Најточната дефиниција на терминот "хибриден облак" веројатно е заедничката употребата на физички хардвер и примероци на виртуелни облачни опслужувачи за да се добие еден општ сервис.[58] Два здружени облаци поточно се нарекуваат "комбиниран облак". Околината на "комбинираниот облак" која се состои од повеќебројни внатрешни и/или надворешни услужници [59] "ќе биде типична за повеќето корпорации".[60] Интегрирајќи повеќе облачни служби, корисниците можеби ќе можат да ја олеснат транзицијата до служби на принцип на "јавен облак" притоа избегнувајќи некои можеби непотребни проблеми.[61] Друга перспектива на доставување на семрежни прилози во облак е употреба на мешовито вдомување, каде инфраструктурата на вдомувањето е микс помеѓу Облачно вдомување и "Посветени опслужувачи кои се менаџираат" – ова е најчесто постигнато како дел од веб група во која некои од јазлите работат на вистински хардвер, а некои работат на примероци на облачни опслужувачи. Облак за хибридно складирање користи комбинација на јавни и приватни облаци на складирање. Облак за хинридно складирање често се корисни за создавање на резервни копии и архивирање, тој исто така, овозможувајќи локални податоци да бидат размножени на одреден јавен облак.[62]

Приватни облаци

[уреди | уреди извор]

Даглас Паркхил е првиот кој го опиша концептот на "Услуги на приватни сметачи" во книгата од 1966 Предизвиците на Сметачките услуги (The Challenge of the Computer Utility). Идејата се однесувала на директна споредба со другите индустрии (пример индустријата за електрична енергија) и на зголемената употреба на хибридни модели на добавка кои ќе ги балансираат и ублажат ризиците.

Приватните облаци и внатрешните облаци се опишуваат како неологизам, но концептот за нив го предводи терминот облак бидејќи истиот постои 40 години. Дури и во модерните услужни индустрии, хибридни модели сè уште постојат и покрај формирањето на функционални пазари и можноста да се комбинираат повеќе услужници.

Некои продавачи го користеле овој термин за да ги опишат своите понуди и да емитираат обработка во облак во приватни мрежи. Овие производи нудат можност да се вдомуваат апликации или виртуелни машини кај множеството на домаќини на една компанија. Со ова се постигнуваат придобивките на услужната обработка со делење на хардверот, можност да се поврати системот при негов пад и можност за размерливост во однос на побарувањата.

Приватните облаци се критикувани бидејќи корисниците "пак треба да ги купуваат, градат и менаџираат" со што тие немаат големи придобивки од нив,[60] што е спротивно на економскиот модел кој го гради обработката во облак.[63] [64] Корпорациските ИТ организации користат свој/свои приватни облак/облаци за да ги заштитат своите критични инфраструктурални системи. [65]

Облачно инженерство

[уреди | уреди извор]

Облачно инженерство е примена на систематски, дисциплиниран, мерлив и интердисциплинарен пристап на формирање на идеи, формирање на концепт, развивање, операција и одржување на обработка во облак, како и вметнување на инженерство во облак. Тоа е дисциплина која се развива за да го олесне присвојувањето, формирање на стратегија, индустријализација, стандардизација, продукција, комодизација и раководење на облачни решенија, кои водат кон облачен екосистем. Облачното инженерство исто така е познато како инженерство на облачните услуги.

Облачен склад

[уреди | уреди извор]

Облачен склад е модел на вмрежен сметачки податочен склад каде податоците се складирани на повеќе виртуелни опслужувачи, најчесто хостирани од трети лица, наместо хостирани од посветени опслужувачи. Компании кои нудат вдомување имаат големи податочни центри, а луѓето на кои им е потребно нивните податоци да бидат хостирани, го купуваат или изнајмуваат складирачкиот капацитет и го користат за нивните потреби. Операторите на податочни центри, во позадина, ги прават виртуелни ресурсите според потребите на клиентот и ги изнесуваат како виртуелни опслужувачи, кои клиентот може самиот да ги управува. Физички, ресурсите може да се распространат на повеќе опслужувачи.

Интер облак

[уреди | уреди извор]

Интер облак[66] e глобално поврзување на облаци т.е. "облак од облаци"[67][68] и е екстензија на "мрежа на мрежите" т.е. Интернетот, на кого е заснован Интер облакот.[69] Терминот првпат беше искористен во контекст на обработка во облак во 2007 кога Кевин Кели кажа дека "кога тогаш, ќе имаме интер облак, т.е. облак од облаци. Интер облакот ќе има димензии на една машина која ќе ги опфаќа сите опслужувачи и присутните на нив приклучени сметачи.".[67] Овој термин стана популарен во 2009-та[70] и се користел за да се опишуваат податочни центри на иднината.[71]

Сценариото за интер облак се заснова на тоа дека секој облак нема неограничени физички ресурси. Ако еден облак се пренасити со обработувачкки и складирачки ресурси на неговата виртуелна инфраструктура, тој може да не биде во можност да ги опслужи понатамошните побарување за служби кои ќе ги испраќаат неговите клиенти. Сценариото за интер облак се труди да ги избегне таквите ситуации и во теорија, секој облак може да користи обработувачкки и складирачки ресурси на другите облаци. Ваквиот начин на "плати за да користиш" може да е зачеток на нов вид на бизнис можности меѓу услужниците на услуги во облак, секако ако тие успеат да ги преминат теоретските рамки. Покрај сето ова Интер облакот има уште многу предизвици за надминување како, облачната федерација, безбедноста, интероперабилноста, QoS, доверба, легални проблеми, следење и наплаќање.[се бара извор]

Приватност

[уреди | уреди извор]

Облачниот модел бил критикуван, од страна на адвокати кои се залагаат за приватност, поради леснотијата со која компаниите кои ги вдомуваат облачните служби можат да ги контролираат комуникациите и податоците складирани. Примери како тајната NSA програма, која работејќи со AT&T и Verizon снимила повеќе од 10 милиони телефонски повици помеѓу американски граѓани, како и големата на моќ која, обработката во облак, им ја дава на телекомуникациските компании да ја набљудуваат активноста на корисниците, предизвикува несигурност помеѓу адвокатите.[72] Иако имало обиди да се хармонизира легалната средина, услужници како Amazon сè уште снабдуваат големи пазари (како пазарите на САД и ЕУ) со локална инфраструктура и можност корисниците да изберат "зони на пристап." [73]

Согласност

[уреди | уреди извор]

За да се добие согласност со прописите кои ги бараат Соединетите Американски Држави и Европската унија, како и индустријата со кредитни картички, корисниците мораат да ги попримат општествениот или хибридниот модел, што значи дека со тоа нема да ги добијат сите придобивки кои облакот ги нуди и ќе плаќаат повеќе. Ова е начинот на кој Google ги придобива владините барања за приватност[74][75] и Rackspace Cloud успеваат да добијат PCI согласност.[76] Корисниците од Европската унија кои работат со Услужници на облак надвор од неа мораат да се придржуваат кон прописите на Европската унија за изнесување на лични податоци.[77]

Многу услужници имаат и SAS 70 Type II сертификат (пр. Амазон,[78] Salesforce.com,[79] Google[80] и Microsoft[81]), но ова е критикувано бидејќи улогите и целите на слушателот и слушаниот многу често не се разликуваат и варираат повеќе отколку што треба.[82] Услужниците вообичаено ја даваат оваа информација по нејзино барање, под договро за задржување на тајноста.[83]

Легалност

[уреди | уреди извор]

Во март 2007 година, Dell пробале да го заштити терминот "обработка во облак" во САД. "Соопштението за дозвола" кое компанијата го примила во јули 2008 било поништено во август, што резултирало со одбивање на обидот за заштита на терминот помалку од една недела подоцна. Од 2007 година, барања за заштита поврзани со брендови на обработка во облак, производи и служби се зголемил со скоро експоненцијална брзина. Како што компаниите барале подобра позиција во брендирањето на обработка во облак и негово рекламирање, барањата за заштита на обработката во облак се зголемиле за 483% помеѓу 2008 и 2009 година. Во 2009 година, 116 барања за заштита на обработка во облак биле поднесени, а се претпоставува дека преку 500 исти такви ќе бидат поднесени за време на 2010.[84]

Други легални случаи може да ја оформат употребата на обработка во облак од страна на јавниот сектор. На 29ти октомври 2010 година Google поднел тужба против Министерството за внатрешни работи на САД, кое отворило наддавање за софтвер, при кое наддавачите морало да ги користат Microsoft алатките за бизис продуктивност. Google тужел според "неправилно ограничување на конкуренцијата." [85] Специјалистите истакнуваат дека, почнувајќи од 2005 година, популарноста на слободниот стандард и слободниот софтвер може да влијаат на начинот на кој јавноста ги бира услужниците.[86]

Слободен софтвер

[уреди | уреди извор]

Слободниот софтвер придонел за многу имплементациии на обработката во облак.[87] Во ноември 2007, фондацијата за слободен софтвер ја објави Affero General Public License, верзија на GPLv3 со намера да го приближи овој начин на обработка до идејата за слободен софтвер.[88]

Слободни стандарди

[уреди | уреди извор]

Повеќето услужници на облаци користат API-a кои се најчесто добро документирани и многу често под Creative Commons лиценца[89] но исто така тие се различно имплементирани па и затоа тешко се интероперабилни. Некои услужници користат различни API-a[90] и има бројни слободни стандарди кои се во изградба, вклучувајќи го и стандардот Open Cloud Computing Interface на OGF. Open Cloud Consortium (OCC)[91] работи за да развие збирка на стандарди за обработката во облак.

Безбедност

[уреди | уреди извор]

Релативната безбедност на службите на обработка во облак е спорно прашање кое може да го одложи неговото прифаќање.[92] Прашања кои го попречуваат прифаќањето на обработка во облак настанува поради непријатното чувство на јавниот и приватниот сектор кое го предизвикува надворешниот менаџмент на служби засновани на безбедност. Самата природа на службите засновани на обработка во облак, приватни или јавни, промовира надворешен менаџмент на дадените служби. Ова носи голем поттик помеѓу услужниците на служби на обработка во облак да оформат приоритет во градењето и одржувањето на силен менаџмент на безбедни служби.[93]

Биле формирани организации за да се добијат стандарди за подобра иднина во услугите на обработката во облак. Една организација, Сојуз за Безбедност на Облакот (Cloud Security Alliance) е непрофитабилна организација формирана за да ја промовира најдобрата практична примена за да се добие гаранција на безбедност ва обработката во облак.[94]

Пристап и перформанси

[уреди | уреди извор]

Кон грижата за безбедноста, се надополнува и грижата од голем број од бизнисите поради нивото на прифатливост на пристапот и перформансите на апликациите кои ќе бидат хостирани во облакот.[95]

Покрај тоа голема е и претпазливоста кога станува збор за услужниците, бидејќи многу е чест примерот на затворање на услужници поради финансиски или правни причини.[96]

Истражување

[уреди | уреди извор]

Голем број на универзитети, услужници и владини организации учествуваат во истражувања околу обработката во облак.[97] Академски институции кои работат на оваа тема се: Универзитетот на Мелбурн (Австралија), Џорџија Tech, Јејл, Државниот универзитет на Вејн, Верџинија Tech, Универзитетот од Винсконсин-Медисон, Карнеџи Мелон, MIT, Универзитетот на Индијана, Универзитетот на Масачусетс, Универзитетот на Мериленд, Државниот универзитет на Северна Каролина, Универзитетот на Пердју, Универзитетот на Калифорнија, Универзитетот на Вашингтон, Универзитетот на Вирџинија, Универзитетот на Јута, Универзитетот на Минесота и многу други.[98]

Повеќе владини, академски и услужнички соработки на ова поле генерирале повеќе проекти меѓу кои и IBM/Google Academic Cloud Computing Initiative (ACCI). Во октомври 2007, IBM и Google го објавија проектот со повеќе универзитети за да се зголемат знаењата на студентите од областа на обработката во облак.[99] Во април 2009, Националната фондација за наука на Америка се придружи кон ACCI и даде околу 5 милони долари на 14 академски институции.[100]

Во јули 2008, HP, Intel и Yahoo го претставија глобалниот, мулти-податочен центар, со слободен софтвер за испробување, наречен Слободен Облак (Open Cirrus),[101] дизајниран за да поттикне истражувања во сите аспекти на обработката во облак, услугите и менаџирањето на податочни центри.[102] Партнери на слободниот облак (Оpen Cirrus) се: NSF, Универзитетот на Илиноис, Институтот од Карлсрух, IDA од Сингапур, Институтот за електронски и телекомуникациски истражувања од Кореја, MIMOS, Институтот за Системско програмирање на Руската академија за Науки.[103] Во септември 2010, нови истражувачи се приклучија кон оваа група. Новите истражувачи се: Кинескиот Институт за Мобилни истражувања, Шпанскиот центар за суперобработка, Центарот за експериментални истражувања на Џорџија и Кинескиот телеком.[104][105]

Во јули 2010, HP Labs во Индија објавија нов вид на технологија заснована на облак, дизајнирана за да го поедностави начинот на преземање на содржини со што ја направија помобилна и полесна за имплементација на поедноставни уреди.[106] Оваа нова технологија се вика SiteonMobile и е дизајнирана за новите трендови кои наложуваат на тоа дека луѓето достапуваат до интернет преку мобилните уреди сè повеќе и повеќе, а сметачите се користат сè помалку.[107] Во ноември 2010, HP официјално го пушти во употреба Владиниот Облачен Театар. Тој се наоѓа во лабораториите на HP во Бристол, Англија.[108] Овој проект може да се пофали со високо безбедна обработка со голема флексибилност кое е засновано на интелектуалната сопственост развиена во HP лабораториите. Целта е да се намали загриженоста околу безбедноста на облаците. HP лабораториите во Бристол се вторите најголеми лаборатории на HP и моментални се најангажирани со развој на облачната технологија и нејзината безбедност.[109]

Техничкиот комитет за обработка на служби на IEEE[110] ја спонзорира интернационалната конференција за обработка во облак на IEEE (International Conference on Cloud Computing - CLOUD).[111]

CLOUD 2010 беше одржана на Јулу 5-10 во Мајами, Флорида.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]
  1. Danielson, Krissi (2008-03-26). „Distinguishing Cloud Computing from Utility Computing“. Ebizq.net. Архивирано од изворникот на 2017-11-10. Посетено на 2010-08-22.
  2. „Gartner Says Cloud Computing Will Be As Influential As E-business“. Gartner.com. Архивирано од изворникот на 2012-11-14. Посетено на 2010-08-22.
  3. Gruman, Galen (2008-04-07). „What cloud computing really means“. InfoWorld. Посетено на 2009-06-02.
  4. „Cloud Computing: Clash of the clouds“. The Economist. 2009-10-15. Посетено на 2009-11-03.
  5. Cloud Computing Defined Архивирано на 2 јуни 2017 г. 17 July 2010. Retrieved 26 July 2010.
  6. „Writing & Speaking“. Sellsbrothers.com. Архивирано од изворникот на 2007-10-03. Посетено на 2010-08-22.
  7. „The Internet Cloud“. Thestandard.com. Архивирано од изворникот на 2010-02-11. Посетено на 2010-08-22.
  8. Buyya, Rajkumar; Chee Shin Yeo, Srikumar Venugopal. „Market-Oriented Cloud Computing: Vision, Hype, and Reality for Delivering IT Services as Computing Utilities“ (PDF). Department of Computer Science and Software Engineering, University of Melbourne, Australia: 9. Архивирано од изворникот (PDF) на 2009-11-06. Посетено на 2008-07-31. Наводот journal бара |journal= (help)
  9. "The Rise of Cloud Computing." Michael Otey. April 2010“. windowsITpro.com. 2010-04-26. Посетено на 2010-08-22.
  10. Lai, Eric (2009-08-27). „Google, Amazon, Microsoft beef up cloud services“. Infoworld.com. Посетено на 2010-08-22.
  11. „Dell Cloud Computing Solutions“. dell.com. Посетено на 2010-11-03.
  12. „Red Hat acquires cloud software vendor Makara“. infoworld.com. Посетено на 2010-12-07.
  13. Poeter, Damon (2010-07-12). „Channel Web: "HP, Microsoft Promise Windows Azure Cloud Platform By Year's End." July 2010. Poeter“. Crn.com. Архивирано од изворникот на 2010-07-17. Посетено на 2010-08-22.
  14. Goldman, Alex (2010-09-01). „Channel Web: "IBM Outlines an Aggressive Cloud Computing Strategy" September 2010. Goldman“. internet.com. Архивирано од изворникот на 2010-09-05. Посетено на 2010-09-22.
  15. „What's In A Name? Utility vs. Cloud vs Grid“. Datacenterknowledge.com. Архивирано од изворникот на 2008-12-01. Посетено на 2010-08-22.
  16. „Distributed Application Architecture“ (PDF). Sun Microsystem. Посетено на 2009-06-16.
  17. „Sun CTO: Cloud computing is like the mainframe“. Itknowledgeexchange.techtarget.com. 2009-03-11. Архивирано од изворникот на 2010-10-29. Посетено на 2010-08-22.
  18. „It's probable that you've misunderstood 'Cloud Computing' until now“. TechPluto. Посетено на 2010-09-14.
  19. „Service-Oriented Computing and Cloud Computing: Challenges and Opportunities“. IEEE Internet Computing. Архивирано од изворникот на 2011-04-06. Посетено на 2010-12-4. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  20. „Cloud Computing: The Evolution of Software-as-a-Service“. Knowledge.wpcarey.asu.edu. Архивирано од изворникот на 2010-06-13. Посетено на 2010-08-22.
  21. http://www.eweek.com/c/a/Enterprise-Applications/Forresters-Advice-to-CFOs-Embrace-Cloud-Computing-to-Cut-Costs/
  22. „Five cloud computing questions“. Networkworld.com. Архивирано од изворникот на 2014-02-09. Посетено на 2010-08-22.
  23. Paul, Fredric. „1 Midsize Organization Busts 5 Cloud Computing Myths“. Bmighty.com. Архивирано од изворникот на 2009-08-31. Посетено на 2010-08-22.
  24. „Cloud Computing Savings – Real or Imaginary?“. Appirio.com. 2009-04-16. Архивирано од изворникот на 2009-06-01. Посетено на 2010-08-22.
  25. „Building GrepTheWeb in the Cloud, Part 1: Cloud Architectures“. Developer.amazonwebservices.com. Архивирано од изворникот на 2009-05-05. Посетено на 2010-08-22.
  26. „July, 1993 meeting report from the IP over ATM working group of the IETF“. Архивирано од изворникот на 2012-09-22. Посетено на 2010-08-22.
  27. 27,0 27,1 Jeff Bezos' Risky Bet.
  28. [1] Архивирано на 25 декември 2018 г..
  29. Google and I.B.M. Join in 'Cloud Computing' Research
  30. B. Rochwerger, J. Caceres, R.S. Montero, D. Breitgand, E. Elmroth, A. Galis, E. Levy, I.M. Llorente, K. Nagin, Y. Wolfsthal, E. Elmroth, J. Caceres, M. Ben-Yehuda, W. Emmerich, F. Galan. "The RESERVOIR Model and Architecture for Open Federated Cloud Computing", IBM Journal of Research and Development, Vol. 53, No април (2009)
  31. Keep an eye on cloud computing Архивирано на 26 март 2014 г., Amy Schurr, Network World, 2008-07-08, citing the Gartner report, "Cloud Computing Confusion Leads to Opportunity". Retrieved 2009-09-11.
  32. Gartner Says Worldwide IT Spending On Pace to Surpass $3.4 Trillion in 2008 Архивирано на 14 ноември 2012 г., Gartner, 2008-08-18. Retrieved 2009-09-11.
  33. „Infrastructure Agility: Cloud Computing as a Best Practice“. Edgewatertech.wordpress.com. 2010-01-15. Посетено на 2010-08-22.
  34. „Recession Is Good For Cloud Computing – Microsoft Agrees“. Cloudave.com. Архивирано од изворникот на 2010-08-14. Посетено на 2010-08-22.
  35. 35,0 35,1 35,2 35,3 „Defining "Cloud Services" and "Cloud Computing". Blogs.idc.com. 2008-09-23. Посетено на 2010-08-22.
  36. Farber, Dan (2008-06-25). „The new geek chic: Data centers“. News.cnet.com. Архивирано од изворникот на 2013-11-04. Посетено на 2010-08-22.
  37. King, Rachael (2008-08-04). „Cloud Computing: Small Companies Take Flight“. Businessweek.com. Посетено на 2010-08-22.
  38. „Google Apps Admins Jittery About Gmail, Hopeful About Future“. Pcworld.com. 2008-08-15. Архивирано од изворникот на 2012-01-19. Посетено на 2010-08-22.
  39. „New Resource, Born of a Cloud Feud“. Datacenterknowledge.com. 2009-06-03. Посетено на 2010-08-22.[мртва врска]
  40. „Scaling Storage and Analysis of Data Using Distributed Data Grids“. Nubifer.wordpress.com. 2010-02-16. Посетено на 2010-08-22.
  41. „Exari: Death By Laptop“. Exari.blogspot.com. 2006-05-08. Архивирано од изворникот на 2016-03-05. Посетено на 2010-08-22.
  42. „Encrypted Storage and Key Management for the cloud“. Cryptoclarity.com. 2009-07-30. Архивирано од изворникот на 2009-11-20. Посетено на 2010-08-22.
  43. Mills, Elinor (2009-01-27). „Cloud computing security forecast: Clear skies“. News.cnet.com. Архивирано од изворникот на 2013-11-04. Посетено на 2010-08-22.
  44. 44,0 44,1 „Nimbus Cloud Guide“. Архивирано од изворникот на 2009-12-06. Посетено на 2011-01-02.
  45. „Microsoft's cloud operating system, Windows Azure, to go live in January“. Geek.com. 2009-11-18. Архивирано од изворникот на 2009-11-22. Посетено на 2010-08-22.
  46. Claburn, Thomas. „Google Reveals Nexus One 'Super Phone'. Informationweek.com. Архивирано од изворникот на 2011-04-06. Посетено на 2010-08-22.
  47. „What Makes a Cloud Computer?“. Gigaom.com. 2008-06-22. Архивирано од изворникот на 2010-08-24. Посетено на 2010-08-22.
  48. by Brian BraikerSeptember 02, 2008 (2008-09-02). „The Cloud's Chrome Lining“. Newsweek.com. Посетено на 2010-08-22.
  49. 2005 Software as a Service Taxonomy and Research Guide[мртва врска]
  50. „An example of a 'Cloud Platform' for building applications“. Eccentex.com. Архивирано од изворникот на 2010-06-10. Посетено на 2010-08-22.
  51. Jack Schofield (2008-04-17). „Google angles for business users with 'platform as a service'. London: Guardian. Посетено на 2010-08-22.
  52. „The Emerging Cloud Service Architecture“. Aws.typepad.com. 2008-06-03. Посетено на 2010-08-22.
  53. „EMC buys Pi and forms a cloud computing group“. Searchstorage.techtarget.com. 2008-02-21. Посетено на 2010-08-22.
  54. Myslewski, Rik (2009-12-02). „Intel puts cloud on single megachip“. Theregister.co.uk. Посетено на 2010-08-22.
  55. Duffy, Jim (2009-05-12). „Cisco unveils cloud computing platform for service providers“. Infoworld.com. Посетено на 2010-08-22.
  56. Microsoft Plans 'Cloud' Operating System
  57. Claburn, Thomas. „Google's "Gov Cloud" Wins $7.2 Million Los Angeles Contract“. Informationweek.com. Архивирано од изворникот на 2011-04-06. Посетено на 2010-08-22.
  58. http://cloudscaling.com/blog/cloud-computing/hybrid-clouds-are-half-baked
  59. Eric Krangel (2009-02-10). „IBM Embraces Juniper For Its Smart 'Hybrid Cloud', Disses Cisco (IBM)“. Businessinsider.com. Посетено на 2010-08-22. Text " Feb. 10, 2009, 3:44 PM " ignored (help); Text " 1,659 " ignored (help); Text " 4 " ignored (help)
  60. 60,0 60,1 Foley, John. „Private Clouds Take Shape“. Informationweek.com. Архивирано од изворникот на 2011-04-06. Посетено на 2010-08-22.
  61. „Forecast for 2010: The Rise of Hybrid Clouds“. Gigaom.com. 2010-01-01. Архивирано од изворникот на 2010-07-01. Посетено на 2010-08-22.
  62. Managing Private and Hybrid Clouds for Data Storage Архивирано на 6 април 2011 г., SNIA, Jan 2010
  63. Haff, Gordon (2009-01-27). „Just don't call them private clouds“. News.cnet.com. Архивирано од изворникот на 2013-11-04. Посетено на 2010-08-22.
  64. „There's No Such Thing As A Private Cloud“. Informationweek.com. 2010-06-30. Архивирано од изворникот на 2012-03-01. Посетено на 2010-08-22.
  65. „Cutting Through the Cloud Hype“. forbes.com. 2010-07-15. Посетено на 2010-12-31.
  66. Bernstein, David; Ludvigson, Erik; Sankar, Krishna; Diamond, Steve; Morrow, Monique (2009-05-24). „Blueprint for the Intercloud - Protocols and Formats for Cloud Computing Interoperability“. IEEE Computer Society: 328–336. doi:10.1109/ICIW.2009.55. Наводот journal бара |journal= (help)
  67. 67,0 67,1 „Kevin Kelly: A Cloudbook for the Cloud“. Kk.org. Посетено на 2010-08-22.
  68. „Intercloud is a global cloud of clouds“. Samj.net. 2009-06-22. Архивирано од изворникот на 2009-06-27. Посетено на 2010-08-22.
  69. „Vint Cerf: Despite Its Age, The Internet is Still Filled with Problems“. Readwriteweb.com. Архивирано од изворникот на 2011-08-10. Посетено на 2010-08-22.
  70. „SP360: Service Provider: From India to Intercloud“. Blogs.cisco.com. Посетено на 2010-08-22.
  71. Canada. „Head in the clouds? Welcome to the future“. Theglobeandmail.com. Архивирано од изворникот 2007-12-15. Посетено на 2010-08-22.
  72. Cauley, Leslie (2006-05-11). „NSA has massive database of Americans' phone calls“. Usatoday.com. Посетено на 2010-08-22.
  73. „Feature Guide: Amazon EC2 Availability Zones“. Developer.amazonwebservices.com. Архивирано од изворникот на 2010-10-19. Посетено на 2010-08-22.
  74. „FISMA compliance for federal cloud computing on the horizon in 2010“. Searchcompliance.techtarget.com. Архивирано од изворникот на 2010-07-25. Посетено на 2010-08-22.
  75. „Google Apps and Government“. Googleenterprise.blogspot.com. 2009-09-15. Посетено на 2010-08-22.
  76. „Cloud Hosting is Secure for Take-off: Mosso Enables The Spreadsheet Store, an Online Merchant, to become PCI Compliant“. Rackspacecloud.com. 2009-03-14. Архивирано од изворникот на 2011-01-05. Посетено на 2010-08-22.
  77. „How the New EU Rules on Data Export Affect Companies in and Outside the EU | Dr. Thomas Helbing - Kanzlei für Datenschutz-, Online- und IT-Recht“. Thomashelbing.com. Посетено на 2010-08-22.
  78. „AWS Completes SAS70 Type II Audit“. Aws.amazon.com. Посетено на 2010-08-22.
  79. „Trust Salesforce.com“. Trust Salesforce.com. Посетено на 2010-08-22.
  80. Feigenbaum, Eran (2008-11-04). „SAS 70 Type II for Google Apps“. Googleenterprise.blogspot.com. Посетено на 2010-08-22.
  81. „Securing Microsoft's Cloud Infrastructure“. Blogs.technet.com. 2009-05-28. Архивирано од изворникот на 2009-06-12. Посетено на 2010-08-22.
  82. „Amazon gets SAS 70 Type II audit stamp, but analysts not satisfied“. Searchcloudcomputing.techtarget.com. 2009-11-17. Посетено на 2010-08-22.
  83. „Assessing Cloud Computing Agreements and Controls“. Wistechnology.com. Архивирано од изворникот на 2011-04-03. Посетено на 2010-08-22.
  84. „Inside Trademarks March 24, 2010“. Insidetrademarks.com. 2010-03-24. Посетено на 2010-08-22.
  85. Google, Inc. vs. the United States
  86. Casson and Ryan, Open Standards, Open Source Adoption in the Public Sector, and Their Relationship to Microsoft’s Market Dominance
  87. „Open source fuels growth of cloud computing, software-as-a-service“. Networkworld.com. Архивирано од изворникот на 2012-10-15. Посетено на 2010-08-22.
  88. „AGPL: Open Source Licensing in a Networked Age“. Redmonk.com. 2009-04-15. Посетено на 2010-08-22.
  89. „GoGrid Moves API Specification to Creative Commons“. Архивирано од изворникот на 2009-05-05. Посетено на 2011-01-03.
  90. „Eucalyptus Completes Amazon Web Services Specs with Latest Release“. Ostatic.com. Архивирано од изворникот на 2012-10-08. Посетено на 2010-08-22.
  91. „Open Cloud Consortium.org“. Open Cloud Consortium.org. 1999-02-22. Архивирано од изворникот на 2019-01-23. Посетено на 2010-08-22.
  92. „Are security issues delaying adoption of cloud computing?“. Networkworld.com. Архивирано од изворникот на 2010-02-22. Посетено на 2010-08-22.
  93. „Security of virtualization, cloud computing divides IT and security pros“. Networkworld.com. 2010-02-22. Посетено на 2010-08-22.
  94. „Cloud Security Alliance Official web page“. Cloudsecurityalliance.org. Посетено на 2010-08-22.
  95. Mullins, Robert (2010-06-16). „IDC Survey: Risk In The Cloud“. Network Computing. Архивирано од изворникот на 2010-06-24. Посетено на 2010-08-22.
  96. Scheier, Robert L. (2009-04-20). „What to do if your cloud provider disappears | Cloud Computing“. InfoWorld. Посетено на 2010-08-22.
  97. „Cloud Net Directory. Retrieved 2010-03-01“. Cloudbook.net. Архивирано од изворникот на 2010-09-03. Посетено на 2010-08-22.
  98. nsf.gov - National Science Foundation (NSF) News - National Science Foundation Awards Millions to Fourteen Universities for Cloud Computing Research - US National Science Foun...
  99. "IBM, Google Team on an Enterprise Cloud." May 2008. Rich Miller Retrieved 2010-04-01“. DataCenterKnowledge.com. 2008-05-02. Посетено на 2010-08-22.
  100. „National Science Foundation press release. September 2008. "National Science Foundation Awards Millions to Fourteen Universities for Cloud Computing Research." Retrieved 2010-03-01“. Nsf.gov. Посетено на 2010-08-22.
  101. „HP News Release. "HP, Intel and Yahoo! Create Global Cloud Computing Research Test Bed." July 2008“. Hp.com. 2008-07-29. Посетено на 2010-08-22.
  102. „HP News Release. "HP, Intel and Yahoo! Attract Leading Research Organizations to Collaborative Cloud Computing Test Bed. June 2009“. Hp.com. Посетено на 2010-08-22.
  103. "Open Cirrus: the Open Cloud Computing Research Testbed.". Архивирано од изворникот на 2017-12-16. Посетено на 2011-01-03.
  104. „IDG News Service. "More join HP, Intel and Yahoo on Open Cirrus cloud test bed." Perez. Sept. 2010“. Архивирано од изворникот на 2020-05-11. Посетено на 22 септември 2021.
  105. Open Cirrus Video
  106. „Information Week: "HP Labs India offers SiteonMobile for emerging markets." Ribeiro, IDG News Service\Bangalore Bureau July 2010“. Informationweek.in. 2010-07-09. Архивирано од изворникот на 2013-05-13. Посетено на 2010-08-22.
  107. „IDG: San Francisco Chronicle: "HP Labs uses cloud technology to simplify mobile web access." Ribeiro. July 2010“. Sfgate.com. Посетено на 2010-08-22. [мртва врска]
  108. ZDNet UK. “HP Labs unveils G-Cloud demo facility.”
  109. "HP Lifts Curtain on G-Cloud Theatre." HP News Release. Nov. 2010“. Архивирано од изворникот на 2011-07-28. Посетено на 2011-01-03.
  110. „IEEE Technical Committee on Services Computing“. Tab.computer.org. Посетено на 2010-08-22.
  111. „IEEE International Conference on Cloud Computing (CLOUD)“. Thecloudcomputing.org. Посетено на 2010-08-22.