Аостинска Долина
Аостинска Долина (италијански: Valle d'Aosta) — еден од дваесетте региони во Италија. Се наоѓа во северозападниот дел на државата и е претежно планински. Зафаќа површина од 3.263 км2 и население од 120.909 жители. Главен град е Аоста.
Географија
[уреди | уреди извор]Аостинската Долина на запад се граничи со Франција, на север со Швајцарија, а на југ со регионот Пиемонт. Регионот има посебен автономен статус во Италија и сочинува посебна покраина во Италија. Главен град е Аоста.
Регионот го добил името по градот Аоста, а воедно е најмала и најретко населена покраина во Италија.
- Површина: 3.262 км2 на 100 км должина и 65 км ширина
- Долини: 14
- Вода: 400 езера, 210 ледници
- Планини: Неколку врвови над 4000 m : Монблан кој се наоѓа во Франција, Монте Роза, Сервин, Гран Парадизо, Тет ду Рутоа.
Покраината е алпска долина, највисок врв e Гран Парадизо, кој се наоѓа во истоимениот национален парк, основан во 1922 година. Голем и познат центар е за зимски спортови. Во регионот постојат повеќе од 1000 села и 100 дворци. Поделен е на 74 општини.
Историја
[уреди | уреди извор]Оваа стара римска колонија прво стана дел од Бургундското Кралство, потоа дел од Савоја, па во 1860 година се интегрира кон Италија. Во периодот 1800-1814 била дел од Француското царство и имала статус на арондисман во департментот Доир. Долго време се наоѓала на важен воен и трговски крстопат помеѓу Франција, Швајцарија и Италија. Аоста или Малиот Рим е град во Алпите во кој се наоѓаат многу важни споменици од неговата богата историја, како што се:
- Некрополот Свети Мартин од Корлеанс
- Августовиот споменик на победата
- Преторијанската Порта
- Театар кој може да себере и до 4.000 гледачи.
Население
[уреди | уреди извор]Жителите на покраината сами себе се нарекуваат "Valdôtains". Регионот е двојазичен, францускиот се користи како административен јазик, додека пак мнозинството од населението говори арпитански (франкопровансалски јазик). Тој јазик се користел отсекогаш во ова савојско подрачје, како и во Јура и ретороманскиот дел на Швајцарија. Денес, овој јазик е прилично загрозен и овој регион има најмногу говорници од истиот. Локалниот дијалект се вика "Valdôtain". Исто така, овде постои мал град Гресонеј чии жители говорат на еден германски дијалект. Во 1900 година, на мнозинството од населението мајчин јазик им бил францускиот. За време на Бенито Мусолини во регионот е спроведена присилна италијанизација, за после војната ситуацијата да се подобри. Денес со франкопровансалскиот се служи мнозинството од руралното население.
Стопанство
[уреди | уреди извор]Главни стопански гранки на овој регион се полјоделството и туризмот. Меѓу главните производи кои се познати овде се сирењето, овошјето и виното. Додека пак од типовите на туризмот, најистакнат е селскиот туризам.
- Хотелиерство: 500 помали хотели со 3-4 ѕвездички
- Термални извори: Се повторно откриени во 18 век, а претходно беа познати во ремето на Римјаните.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Официјална страница на регионот
- Регионално собрание
- Страница за јазиците во регионот Архивирано на 11 август 2007 г.
- Веб-школа
- Карта на регионот Архивирано на 14 јуни 2007 г.
|