Прејди на содржината

Кока-Кола

Ова е избрана статија. Стиснете тука за повеќе информации.
Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Кока Кола)
Кока-Кола
Coca-Cola
ТипБезалкохолен пијалак
ПроизводителКока-Кола
Земја на потеклоСАД
Се појавил1886
БојаКарамел E-150d
БојаКола, Кола , Безкофеинска Кока-кола, Кока-кола со цреши, Кока-кола со ванила, Кока-кола со зелен лимон, Кока-кола со малина, Кока-кола Зиро, Кока-кола оранж.
ВаријантиВидете Портфолио на брендот
Сродни производиПепси
Корзика Кола
Бреиц Кола
Кола Турка
Зам Зам Кола
Кибла Кола
Тумс ап
РК Кола
Пепси Кола
Меркатор Кола
Кока-кола
Големо шише од кока-кола во музејот во Лас Вегас (2003 година)

Кока-Кола (англиски: Coca-Cola) — газиран безалкохолен пијалак кој се продава во продавниците, рестораните или во автоматите низ светот. Компанијата тврди дека се продава во повеќе од 200 земји.[1] Се произведува во компанијата „Кока-кола“ во Атланта, и често ја нарекуваат само Кока или (во Европа и Америка) само Кола или Поп. Во почетокот, кога била измислена во XIX век од Џон Пембертон, била наменета да биде лек, но по ова била откупена од еден стопанственик по име Аса Григс Кендлер, кој со помош на маркетинг тактики во текот на XX век, ја донел до денешната доминација на светскиот пазар на безалкохолни пијалаци. Во 2009 година, кока-колата која била произведена во Македонија била прогласена како најдобра кока-кола во целиот свет.[2]

Компанијата произведува концентрат, кој понатаму се продава на лиценцирани Кока-кола произведувачи низ светот. Произведувачите кои имаат ексклузивни територијални договори со компанијата, произведуваат готови производи во лименки или шишиња направени од концентратот во комбинација со филтрирана вода и засладувачи. Тогаш, произведувачите ја продаваат, дистрибуираат и рекламираат Кока-кола во лименки и шишиња во продавниците и автоматите. Во таквите произведувачи спаѓаат итн. „Кока-кола претпријатија”, кои се најголем произведувач на Кока-Кола во Северна Америка и Западна Европа. Исто така компанијата „Кока-кола” продава и само концентрат во големите ресторани и сендвичари.

Компанијата „Кока-Кола“ има и други кола производи под брендот Кока. Најпозната од нив е Диетална Кока, која станала најпозната диетална кола. Но, постојат и други, вклучувајќи ги Безкофеинска Кока-кола, Кока-кола со цреши, Кока-кола зиро, Кока-кола ванила, а има и специјални изданија со жолт лимон, зелен лимон или кафе. Како одговор на инсистирањето на потрошувачите за поприроден производ, компанијата е во процес на исфрлање од употреба на Е211, или натриумбензоат, контроверзниот додаток кој има лошо дејство врз ДНК и придонесува за хиперактивност кај децата, а се содржи во Диеталната Кока-кола. Компанијата тврди дека планира да го исфрли контроверзниот додаток и од нејзините други производи, вклучувајќи ги и Спрајт и Оезис, веднаш штом се открие соодветна замена.[3]

Историја

[уреди | уреди извор]
Кока-Кола шишиња фабрика. 8 јануари 1941 година, Монтреал, Канада.
Оваа Кока-кола реклама од 1943 сè уште е прикажана во малиот град на Минден, Луизијана.

Првиот рецепт за Кока-Кола бил измислен во Колумбија, Џорџија, во аптека на Џон Пембертон, а во почетокот бил познат како „кока-вино“ кое го носело името „Француско кока-вино на Пембертон“ во 1885 година.[4] Постои веројатност дека бил инспириран од неверојатниот успех на Вин Мариани, европско кока-вино[5].

Во 1886 година, кога Атланта и Округот Фултон изгласиле закон за забрана, Пембертон ја создал Кока-колата, безалкохолна верзија на француската вино-кола[5]. Првите продадени примероци биле во "Џекоб Фармаси" , во Атланта, Џорџија, на 8 мај 1886 година[6]. Во почетокот се продавала како лек по цена од пет центи [7] за чаша газирана сода, што во тоа време ова било многу популарно во САД поради верувањето дека газираната вода е добра за здравјето.[8] Пембертон тврдел дека Кока-Колата излечила многу болести, вклучувајќи ги тука и зависноста од морфиум, диспепсија, неврастенија, главоболка и импотенција. Пембертон ја објави првата реклама за пијалакот на 29 мај истата година во Атланта Журнал.[9]

До 1888 година, на пазарот се појавиле три верзии на Кока-Кола, продавани од три различни компании. Аса Григс Кендлер добил дел од компанијата на Пембертон во 1887 година, и ja инкорпорирал како компанија „Кока-Кола” во 1888.[10] Истата година, додека страдал од зависност од морфиум, Пембертон по вторпат ги продал правата на четири стопанственици: Ј.К. Мејфилд, А.О. Марфи, К.О. Мулеи и Е. Х. Блудворт. Во меѓувреме, синот-алкохоличар на Пембертон, Чарли Пембертон, започнал да продава своја верзија од производот.[11]

Кока-Кола отворач

Во обид да ја разјасни ситуацијата, Џон Пембертон тврдел дека името “Кока-Кола” му припаѓа на Чарли, и дека другите двајца преработувачи можеле да продолжат да ја користат формулата. Така, во летото 1888 година, Кендлер го продаваал овој пијалак под името Јам Јам и Кока. Откако и двајцата не успеаеле да се договорат, Кендлер започнал легален процес за Кока-Кола кон крајот на 1888, со цел да ги исфрли другите два конкуренти надвор од бизнисот. Кендлер ги купил ексклузивните права за формулата од Џон Пембертон, Маргарет Дозиер и Вулфолк Волкер. Сепак, во 1914 година, Дозиер тврдел дека нејзиниот потпис на купопродажниот договор бил фалсификуван, а подоцнежната анализа укажала на тоа дека и потписот на Џон Пембертон најверојатно бил фалсификат.[12]

Во 1892, Кендлер присоединил и втора компанија, компанијата „Кока-Кола” (сегашната корпорација), а во 1910, тој ги уништил сите записи од претходната компанија, со што уште повеќе ги замрачил нејзините легални почетоци. Без разлика на тоа, Кендлер започнал да го рекламира производот, иако ефикасноста на неговите реклами не дала долго време позитивни резултати. До 50-тата годишнина, напитокот достигнал статус на национална икона на САД. Во 1935 година бил одобрен како кошер од страна на Раби Тобиас Гефен, откако компанијата направила некои мали измени на некои состојки.[13]

Реклама на Кока-Кола во Колумбија, САД

Кока-колата за првпат се продавала во шишиња на 12 март 1894 година. Првата надворешна ѕидна реклама била изложена истата година во Картерсвил, Џорџија.[14] Лименките Кока за првпат се појавиле во 1995 година.[15] Првото флаширање на Кока-Колата се случило во Виксбург, Мисисипи, во компанијата за слатки Беденхарн во 1891 година. Нејзин сопственик бил Џозеф А. Беденхарн. Оригинални шишиња биле оние на Беденхарн, и истите биле многу поинакви од подоцнежниот дизајн “тесно здолниште”, кој денес е многу познат. Аса Кендлер бил внимателен при флаширањето на напитокот, но двајца трговци од Чатануга, ТН, г. Бенџамин Ф. Томас и г. Џосеф Б. Вајтхед, предложиле една идеја и биле толку убедливи што Кендлер потпишал договор со кој им дал контрола на процедурата за само еден долар. Кендлер никогаш не си го зел својот долар, но во 1899 година. Чатануга, ТН станало првото седиште на првата компанија за флаширање Кока-Кола.[16] Сепак, губитничкиот договор бил проблематичен за компанијата уште долго време. Легалните алатки не помогнале за да се спречи одлуката на полначите да склучат под-договори и со други компании, со што станале матични полначи на Кока-Кола.[17]

Концентратот Кока, или сирупот Кока, се продавл и сè уште се продава одделно во аптеките во мали количини, како лек без рецепт за невроза и за благи стомачни тегоби.

Нова кока

[уреди | уреди извор]

На 23 април 1985 година, Кока-Кола која уживала голем публицитет, се обидела да ја промени формулата на напитокот со “Нова кока”. Тестирањата што следувале откриле дека на потрошувачите повеќе им се допаѓа вкусот на Нова кока отколку Кока или Пепси. Менаџментот на Кока-Кола не бил подготвен, но и поради носталгичните чувства, напитокот повторно се вратил кај американската јавност. Новата формула на Кока-Кола предизвикала јавна реакција. Протестите биле причина за враќањето на старата формула под името Кока-Кола на 10 јули 1985 година.

На 7 февруари 2005 година, компанијата „Кока-Кола” објавила дека во второто тримесечје на 2005 година, планира да го пушти во продажба новиот производ Диетална Кока засладен со вештачки засладувач сукралоза („Спленда“), истиот засладувач како во Пепси Уан.[18][19] Во март 2005 година, бил објавен уште еден производ “Кока-Кола Зиро”, делумно засладен со мешавина од аспартам и ацесулфам калиум.[20] Од неодамна Кока-Кола започна да продава нова “здрава сода”: Диетална кока со витамини B6, B12, магнезиум, ниацин и цинк, позната како “Диетална кока плус.“

На 5 јули 2005 година, компанијата “Кока-Кола” спровела низа операции во Ирак, за првпат откако Арапската лига ја бојкотирала компанијата во 1968 година[21] Во април 2005 година, во Канада, името “Кока-Кола Класик” било повторно заменето со “Кока-Кола”. Зборот “Класик” бил исфрлен затоа што “Нова Кока” не била повеќе во производство, со што немало повеќе потреба да се разликуваат овие два напитока.[22] Формулата останала непроменета. Во јануари 2009 година, Кока-Кола престанла да го печати зборот “Класик” на етикетите на шишињата од 16 унци што се продавале во делови од јужноисточниот дел на САД.[23] Промената била дел од една поголема стратегија за подмладување на имиџот на производот.

Употреба на стимуланси во формулата

[уреди | уреди извор]

Кога Кока-Кола била пуштена во продажба, двете клучни состојки биле кокаинот (бензоилметил екгонин) и кофеин. Кокаинот се добива од листови кока а кофеинот од кола ореви, па одовде доаѓа името Кока-Кола (“К“ од Кола се заменила со “Ц“ (на латиница) за маркетиншки цели.)[24][25]

Кока – кокаин

[уреди | уреди извор]

Според Пембертон, потребната доза нила пет унци лист од кока на галон сируп; но во 1891, Кендлер изјавил дека неговата формула (прилично изменета од оригиналната формула на Пембертон) содржи само десеттина од оваа количина. Кока-Кола во еден период содржила измерени девет милиграми кокаин по чаша, но во 1903 година биле отстранети.[26] Кока-кола сè уште содржи арома на кока.

По 1904 година, наместо да се користат свежи листови, Кока-Кола започнала да користи “потрошени” листови – остатоци од процесот на екстракција на кокаин каде што остатоците од кокаин се сведуваат на молекуларно ниво.[27] До ден денес, Кока-Кола како една од состојките користи екстракт од листови кока кои не содржат кокаин, а се подготвува на плантажа на компанијата Степан, во Њу Џерси.

Во САД, компанијата Степан била единствената преработувачка плантажа која била овластена од федералната влада за увоз и преработка на растението кока.[28] Лабораторијата Степан во Меивуд, Њу Џерси е единствениот државен легален увeзувач на листовите кока, кои главно се увезуваат од Перу, а во помал дел, и од Боливија. Освен произведување екстракти од кока за Кока-Кола, компанијата Степан го вади кокаинот од листовите кока, кој понатаму му се продава на Малинкрод, фармацевтски преработувач од Мисури, Св. Луј, кој воедно е и единствената лиценцирана компанија во САД за прочистување кокаин за медицински употреби.[29] Според Марко Кастило, претставник на државната Национална корпорација за кока, компанијата Степан годишно купува околу 100 тона суви листови кока од Перу.[30]

Кола ореви – кофеин

[уреди | уреди извор]

Кола оревите дејствуваат како арома во Кока-Колата, но тие се и изворот на кофеин во напитокот. Во Велика Британија, на пример, на етикетата за состојки пишува “Ароми (вклучувајќи кофеин)”.[31] Кола оревите содржат од 2 до 3.5 % кофеин, имаат горчлив вкус и често се користат во безалкохолните кола пијалаци. Во 1911 година, владата на САД го покренала случајот наречен “САД против Форти Барелс и Твенти Кегс на Кока-кола”, надевајќи се дека ќе ја присили Кока-Кола да го отстрани кофеинот од формулата. Случајот го добил Кока-Кола. Како последица, во 1912 година се донел закон за чиста храна и лекови, според кој кофеинот спаѓа во “штетни” супстанци и супстанци кои “создаваат зависност” и кои мора да бидат наведени на етикетата на производот.

Кока-Кола содржи 34 милиграма кофеин на 12 унци течност, додека Диетална и кока без кофеин содржи 0 милиграма.[32] Кофеинот може да го користат спортисти, како ергогени средства, со цел да се зголеми капацитетот на менталниот и физичкиот напор. Ергогените квалитети на кофеинот се оспорувани, иако постои силен доказ дека тој може да ја зголеми издржливоста. Од оваа причина, кофеинот е прогласен за забранета супстанца од страна на Меѓународниот олимписки комитет (МОК). И покрај тоа, Кока-Кола бил главниот спонзор на Олимписките игри во 1996.[33]

Производство

[уреди | уреди извор]

Точната формула на Кока-Кола е позната трговска тајна. Оригиналниот примерок на формулата се наоѓа во трезорот на банката Сан Траст, во Атланта. Нејзиниот наследник, компанијата Траст, бил осигурител на првата понуда на акции на компанијата “Кока-Кола” во 1919 година. Според популарниот мит, само двајца извршители имале пристап до формулата, каде што секој од нив имал само половина од формулата.[34] Вистината е дека Кока-Кола навистина го ограничил пристапот на двајца извршители, но и двајцата ја знаат целата формула и го знаат и процесот на формулирање.[35]

Лиценциран модел на производство

[уреди | уреди извор]

Производството и дистрибуцијата на Кока-Кола се одвива според лиценциран модел. Компанијата Кока-Кола го произведува само сируп- концентратот, кој понатаму го продава на разни произведувачи низ светот на кои Кока-Кола им има дадено лиценци за една или повеќе географски области. Производителите го прават конечниот пијалак со мешање на филтрирана вода и шеќер (или вештачки засладувачи) и потоа се газира пред да се тури во лименки и шишиња, по што производителите го продаваат и дистрибуираат до продавниците, автоматите, рестораните и сендвичарите.[36]

Компанијата „Кока-Кола” поседува само дел од акциите на некои од најголемите лиценцирани дистрибутери, како на пример “Кока-Кола претпријатија”, “Кока-кола Аматил “, “Кока-Кола грчка компанија за производство” (ККГКП) и “Кока-кола ФЕМСА”, но целосно независните произведувачи сочинуваат скоро половина од вкупното производство во светот. Поради тоа што независните производители додаваат шеќер и засладувачи, сладоста на пијалакот се разликува во различни делови во светот, за да ги задоволи локалните вкусови.[37]

Портфолио на брендот

[уреди | уреди извор]
Име Објавена Во продажба до: Белешка Слика
Кока-Кола 1886 Оригинална верзија.

Безкофеинска Кока-кола 1983 Кафетинска верзија.
Кока-кола со цреши 1985 Била достапна во Канда почнувајќи од 1996.
Нова Кока-Кола/"Кока Кола II" 1985 2002
Кока-кола со лимон 2001 2005 Сè уште достапна во: Американска Самоа, Австрија, Австралија, Белгија, Бразил, Кина, Данска,Босна и Херцеговина, Финска, Франција, Германија, Хонгконг, Исланд, Кореја, Луксембург, Макао, Малезија, Монголија, Холандија, Норвешка, Реинион, Романија, Сингапур, Јужна Африка, Шпанија, Швајцарија, Тајван,Тунизија, Британија, САД и Западна Газа
Кока-кола со ванила 2002 2005 Сè уште достапна во: Австрија, Австралија, Кина, Германија, Хонгконг, Јужна Африка, Нов Зеланд (само од 600ml и 350ml) Малезија, Шведска (увезена) и Русија, во 2007г. беше повторно објавена поради големата побарувачка..
2007
Кока-Кола C2 2003 2007 Беше единствено достапна во Јапонија, Канада и САД. 75px
Кока-кола со зелен лимон 2005 Сè уште достапна во Белгија, Холандија и Сингапур.
Кока-кола со малина јуни 2005 крајта на 2005 Беше единствено достапна во Нов Зеланд.
Кока-кола Зиро 2005
Кока-кола M5 2005 Единствено достапна во Босна и Херцеговина, Германија, Италија, Шпанија, Мексико и Бразил
Кока-кола со црни цреши и ванила 2006 средината на 2007 Во јуни 2007 била заменета со Кока Кола со вкус ванила Податотека:Cc-bcv.jpg
Кока-кола Блак 2006 почетокот на 2008 Единствено достапна во САД, Франција, Канада, Чешка, Словачка, Босна и Херцеговина, Бугарија и Литванија
Кока-кола Цитра 2006 Единствено достапна во Босна и Херцеговина, Нов Зеланд и Јапонија.
Кока-кола лајт санго 2006 Единствено достапна во Франција и Белгија.
Кока-кола оранж 2007 Единствено достапна во Велика Британија и Гибралтар

Дизајн на логото

[уреди | уреди извор]

Познатото лого на Кока-Кола било создадено од страна на книговодителот на Џон Пембертон, Френк Масон Робинсон, во 1885 година[38] Робинсон го измислил името и го избрал ракописот со кој е напишано логото. Искористениот ракопис, попознат како Спенсериан скрипт (англиски: Spenserian script) бил создаден во средината на 19 век и била доминантна форма на ракопис во САД во овој период.

Робинсон имал важна улога и во почетното рекламирање на Кока-Кола. Неговите промотивни сугестии вклучувале раздавање 1000 бесплатни купони за пијалак, но и знамиња и сообраќајни знаци со името на Кока-кола.[39]

Дизајн на „контурите на шишето“ на Кока-кола

[уреди | уреди извор]

Подеднакво е познато шишето на Кока-Кола, нарекувано и „шише со контури“ во рамките на компанијата, а за некои познато и како шише „тесно здолниште“, кое било создадено во 1915 година од дизајнерот на шишиња Ерл Р. Дин. Во 1915 година компанијата “Кока-Кола” објавила натпревар помеѓу нејзините снабдувачи со шишиња со цел да се создаде ново шише за пијалаци што ќе се разликува од останатите, „шише што луѓето ќе го препознаат на допир дури и во темница, па дури и ако е скршено луѓето со еден поглед да знаат од пијалак е шишето“.[40]

Чепмен Ј. Рут, претседател на компанијата за стакло “Рут”, го спровел овој проект помеѓу членовите на неговиот надзорен персонал, вклучувајќи ги тука и ревизорот на компанијата, Т.Клајд Едвардс, управникот на погонот, Александар Самулсон, и Ерл Дин, дизајнер на шишиња и надзорник на одделот за моделирање шишиња. Рут и неговите подредени одлучиле дизајнот на шишето да биде според двете главни состојки на содата, листот кока и кола оревот, но немале никаква претстава како изгледаат состојките. Дин и Едвардс ја посетиле меморијалната библиотека “Емелин Фербанкс” но и таму не нашле никакви информации за овие состојки. Наместо тоа, тие биле инспирирани од една слика на какао мешунка во облик на тиква што ја виделе во Енциклопедија Британика, по што Чапмен одлучил тоа да биде прототип.

Соочен со претстојното редовно одржување на машината за обликување стакло, за време од 24 часа Дин го скицирал и го направил калапот на шишето. Тој успеал да направи мал број шишиња пред машината за обликување стакло да биде исклучена. Чапмен Рут го одобрил прототипот на шишето и дизајнот бил патентиран во ноември 1915 година. Шишето било избрано како најдобро на натпреварот во 1916 година и се појавил на пазарот истата година. Во 1920 година, шишето што го дизајнирал Дин станало стандард во компанијата “Кока-Кола”. Денес, дизајнираното шише на Кока-Кола е едно од најпознатите пакувања на планетата...“дури и во темница!.“[41]

Како награда, на Дин му бил понуден бонус од 500$ или работно место во компанијата за стакло „Рут“. Тој го одбрал работното место и го задржа сè додека компанијата за стакло “Овенс-Илиноис” не ја купи компанијата за стакло „Рут“ во средината на 1930-тите. Тогаш Дин почна да работи и во други блискоисточни фабрики за стакло.

Иако е потврдена од неколкумина, повеќето луѓе сметаат дека ова не е веродостојна верзија на настаните. Според еден друг опис, Рејмонд Лоеви бил тој кој го измислил уникатниот дизајн, но иако Лоеви бил дизајнер на лименките и шишињата на Кока, тој служел во француската армија годината кога шишето било измислено и не се вратило во Америка сè до 1919 година. Други, пак, дизајнот го поврзуваат не со какао мешунка туку со еден вид викторијанско здолниште.[42]

Во 1944 година правниот соработник во Врховниот суд на Калифорнија, Роџер Ј.Трејнор, го искористил случајот, во кој бил вклучен келнерка повредена од шише Кока-Кола што експлодирало, за да ја нагласи доктрината за строга одговорност за дефектни производи. Образложеното мислење на Трејнор за Ескола против компанијата за полнење Кока-Кола и денес е надалеку познат како значаен случај во правото на САД.[43]

Во 1997 година, Кока-Кола претстави и „дизајнирана лименка“, слична по форма на познатото шише, но само на неколку тест-пазари, вклучувајќи го и Тер Хот, Индијана.[44] Сепак, новата лименка не била пуштена во продажба во голем број. Нова тенка и висока лименка се појавила во Австралија на 20 декември 2006 година по цена од $2AUD. Лименките многу наликувале на енергетските пијалаци кои се многу популарни кај тинејџерската популација. Не е познато дали дизајнот е со ограничено производство или можеби набрзо ќе ги замени лименките од 355 ml кои се користеле во минатото (новите тенки лименки се од 300 ml, што односот количина-цена го прави уште помал).

Во јануари 2007 година, Кока-Кола, Канада ја сменила етикетата „Кока-кола Класик“, со што се исфрлила ознаката “Класик”, по што останала само „Кока-Кола“. Компанијата Кока-Кола изјавила дека ова е само промена на името додека производот останува ист. На лименките во САД сè уште пишува “Класик”. Кока-Кола е регистриран заштитен знак во повеќето земји. Како заштитен знак во САД била регистрирана во Институтот за патентирање на САД на 31 јануари 1893 година. Во Велика Британија, Кока-Кола била регистрирана во Институтот за патентирање на ВБ на 11 јули 1922 година под регистарски број 427817.

Во 2007 година Кока-Кола претставила алуминиумска лименка која била дизајнирана да личи исто како стаклената Кока-Кола. Во 2007 година логото на компанијата се променило и на лименките и на шишињата. Тие ја задржиле црвената боја и познатиот слог, но дизајнот бил поедноставен, оставајќи го само логото и украсната бела лента ("динамична лента"). Во 2008 година во некои делови од светот, пластичните шишиња на сите видови Кока (вклучувајќи ги и големите шишиња од 1.25 и 2 литри ) биле сменети со цел да се стават нови пластични капачиња и ново дизајнирано шише кое потсетува на старите стаклени шишиња.

Локална конкуренција

[уреди | уреди извор]

Пепси е секогаш на второ место во споредба со Кока-Кола во однос на продажбата, но на некои пазари се продава и повеќе од Кока-Кола. Во светски рамки, постојат некои брендови кои може да и бидат конкуренција на Кока. Во Јужна и Средна Америка, Кола Реал, позната како Биг Кола во Мексико, е брзорастечка конкуренција на Кока-Кола.[45] На францускиот остров Корзика, Корзика Кола, направена од создавачите на локалното Пиетра пиво, е уште еден конкурент на Кока-Кола во пораст. Во францускиот регион Бретања, познат е пијалакот Бреиц Кола. Во Перу, Инка Кола се продава повеќе од Кока-Кола. Сепак, компанијата Кока-Кола го купила овој бренд во 1999 година. Во Шведска, Јулмуст ја надминува Кока-Кола во продажбата само во божиќниот период.[46] Во Шкотска, локалниот напиток Ирн-Бру бил попопуларен од Кока-Кола сè до 2005 година, кога Кока-Кола и Диетална кока забележале зголемена продажба.[47] Во Индија, Кока-Кола се наоѓала на третото место, после Пепси, и локалниот напиток Тумс ап. Тогаш, во 1993 година[48] компанијата Кока-Кола го купил и Тумс ап, и од 2004 година Кока-Кола држи 60,9% од пазарот на Индија.[49] Во Куба се служи домашниот пијалак Тропикола наместо Кока-Кола што се должи на ембаргото кон САД. Францускиот бренд Мека Кола и британскиот бренд Кибла Кола, кои се популарни на Средниот Исток, исто така претставуваат конкуренција за Кока-Кола. Во Турција, Кола Турка и е главниот конкурент на Кока-Кола. Во Иран, но и многу други земји од Средниот Исток, Кока-Кола често се заменува со Зам Зам Кола и Парси Кола. Во некои делови од Кина конкурент е Футур Кола. Во Словенија, главната конкуренција на Кока-Кола и е пијалакот Кокта, кој претставува евтина Меркатор Кола, која се продава само во најголемиот ланец од супермаркети во земјата, Меркатор. Во Израел, РК Кола е уште еден евтин конкурент. Во Мадагаскар, Класико Кола, произведен од „Тико Груп“, најголемата компанија за преработка во земјата, и е сериозен конкурент на Кока-Кола во многу области. На португалскиот остров Мадејра, најпродаван безалкохолен пијалак е Ларањада. Во ВБ, Кока-Кола тврдела дека Пепси не е нејзиниот најголем соперник, туку пијалаците Робинсон.

Рекламирање

[уреди | уреди извор]

Рекламирањето на Кока-Кола имало значајно влијание врз американската култура, и токму нејзе често ѝ се припишува „измислувањето“ на новиот изглед на Дедо Мраз т.е. старец во црвено-бел костум; но, иако компанијата навистина го промовираше овој изглед во 1930-тите во нејзините зимски реклами, ваквиот Дедо Мраз бил познат уште пред тој период.[50] Всушност, Кока-Кола не е ни првата компанија за безалкохолни пијалаци што го искористи модерниот изглед на Дедо Мраз во реклами: Вајт Рок Беверејџес го искористил Дедо Мраз во реклама за „џинџер але“ во 1923 година откако претходно го искористил за продажба на минерална вода во 1915 година[51][52]

Пред Дедо Мраз, Кока-Кола се потпирала на убаво облечени млади жени кои продаваат напитоци. Првата таква реклама на Кока-Кола се појавила во 1895 година каде се појавила младата глумица од Бостон, Хилда Кларк како претставник на Кока-Кола. Во 1941 година, за првпат се употребило името „Кока“ како официјален заштитен знак за производот, за што наменети биле серија реклами кои информирале дека „Кока значи Кока-кола“.[53] Во 1970-тите, песната од една реклама на Кока-Кола насловена „Сакам да го научам светот да пее“, во продукција на Били Дејвис, станала многу популарен хит по светот.

Рекламирањето на Кока е сеприсутно, знаејќи дека една од целите на Вудраф е да обезбеди дека секој поединец на Земјата пие Кока-Кола и дека тоа е најпосакуваниот пијалак. Ова е особено дошло до израз во јужните делови на САД, како на пример Атланта, каде што се роди Коката. Некои од телевизиските реклами за Кока-Кола кои оставиле впечаток помеѓу 1960 и 1986 година биле напишани и продуцирани од поранешниот радио ветеран од Атланта, Дон Нејлор,( ВГСТ 1936–1950г, ВАГА 1951–1959г) за време на неговата кариера како продуцент во агенцијата за рекламирање “МекКан”. Во многу од овие телевизиски реклами учествувале филмски ѕвезди, спортски херои, и популарни пејачи.

Во текот на 1980-тите, Пепси-Кола во етерот пуштила низа телевизиски реклами каде што учесниците биле тестирани за вкусот на напитоците, по што се покажало дека, "50 % од учесниците кои се изјасниле дека повеќе сакале Кока всушност избрале Пепси." Статистичарите веднаш го објасниле проблемот на резултатот 50/50: сите тестови за вкус покажале дека во т.н “слепи” тестови, повеќето луѓе едноставно не можат да направат разлика меѓу Пепси и Кока. Кока-Кола веднаш објавила реклами со кои се спротивставила на рекламите на Пепси, кои понекогаш се нарекувале и кола војни; една Кока-Кола реклама го споредитн. Пепси предизвик со две шимпанза кои требале да одлучат која од тениските топки е покрзнена. На тој начин, Кока-Кола повторно станала водач на пазарот.

Селена била претставник на Кока-Кола почнувајќи од 1989 година па сè до нејзината смрт. Таа снимила три реклами за компанијата. Во 1994 година, во нејзина чест Кока-Кола објавила специјални Селена шишиња за Кока.[54] Со цел да го зголеми своето портфолио, компанијата “Кока-Кола” ја купила “Колумбија Пикчрс” во 1982 година. Колумбија обезбедила суптилен публицитет со тоа што ги вклучил Кока производите во многу од своите филмови додека била под власништво на Кока. Сепак, по неколку успеси во тоа време, Колумбија потфрлила, и компанијата и го продала студиото на Сони во 1989 година. Во текот на нејзината долга историја, низ Кока-Кола поминале бројни слогани за реклами, вклучувајќи ги „Паузата што освежува“, „Сакам да му купам Кока на светот“, и „Кока е“. Во 2006, Кока-Кола ги претставила наградите „Моја Кока“, кампања за лојалност на купувачите каде потрошувачите заработуваат виртуелни „бодови“ преку внесување кодови на мрежно место, специјално означени пакувања на производите на Кока-кола. Овие бодови можат да се заменат за бројни награди или да учествуваат во наградни игри.[55]

„Празници се ближат!”

[уреди | уреди извор]

Рекламите „Празници се ближат!“ вклучуваат црвени камиони за достава, испишани со името на Кока-Кола и украсени со сијалички што ја осветлуваат целата снежна површина по која минуваат, па така го привлекуваат вниманието на луѓето.[56] Рекламата престанала да се емитува во 2001 година, кога Кока-Кола ги преструктурирала нејзините рекламни кампањи така што рекламите низ светот биле правени локално во секоја земја, наместо во седиштето на компанијата во Атланта, Џорџија.[57] Сепак, во 2007, компанијата ги вратила рекламите откако, како што таа официјално изјавила, многу потрошувачи се јавиле во нејзиниот центар за информации барајќи токму таа да го означи почетокот на Божиќ.

Рекламата била создадена во САД, во агенцијата за реклами “Донер” и многу години била дел од глобалното рекламирање на компанијата.[58] Кејт Лоу, продуцент и автор на реклами за “Белфаст Ситибит”, не била убедена во повторното враќање на рекламата во 2007, и изјавила дека не гледа ништо божиќно во големите камиони и дека рекламата била премногу генерична.[59]

Во 2001 година, пејачката Мелани Торнторн го снимила рекламниот џингл за кампањата како сингл, Прекрасен сон (Празници се ближат), кој се искачил на деветто место на поп- листата во Германија.[60][61] Во 2005 година, Кока-Кола ја проширила својата рекламна кампања на радио, употребувајќи неколку различни верзии на џинглот.[62]

Спонзорирање спортски настани

[уреди | уреди извор]

Кока-Кола бил првиот спонзор кога и да било на Олимписките игри, одржани во 1928 година во Амстердам, и е спонзор на Олимпијадата од тогаш до ден денес.[63] Ова корпоративно спонзорство ги вклучувале и Летните олимписки игри во 1996 година, кои се одржиле во Атланта, што и овозможило на Кока-Кола да покаже од каде потекнува. Од 1978, Кока-Кола го спонзорала ФИФА Светскиот куп и други натпревари организирани од страна на ФИФА. Всушност, еден од турнир-трофеите на ФИФА: ФИФА Светско младинско првенство од Тунизија до Малезија во 1997 година бил наречен „ФИФА – Кока-кола куп”.[64] Освен тоа, Кока-Кола ги спонзорира годишните Кока-Кола 600 и Кока Зиро 400 за НАСКАР Спринт куп серии, одржувани на Лоус мотор спидвеј во Шарлот, Северна Каролина и Дејтон интернешнл спидвеј во Дејтон, Флорида. Кока-Кола има долга историја на спонзорирање спортски настани, вклучувајќи ги и Главната бејзбол лига, Националната фудбалска лига, Националната кошаркарска асоцијација и Националната хокеј лига, како и многу тимови од овие лиги. Кока-кола е официјален безалкохолен пијалак на школските фудбалските тимови.

Во Индија, Кока-Кола била еден од главните спонзори во Светскиот куп во крикет во 1996. Во Англија, Кока-Кола бил главен спонзор на Фудбалската лига, име кое се однесува на трите професионални поделби во Премиер лигата во фудбал. Таа е одговорна и за преименувањето на овие поделби – пред доаѓањето на спонзорството на Кока-Кола, тие биле нарекувани Поделба еден, два и три. Од 2004, поделбите се преименувале во Првенство (еквивалент на Поделба 1), Лига еден (еквивалент на Поделба 2) и Лига 2 (еквивалент на Поделба 3). Ова преименување предизвикало немир кај некои обожаватели кои сметаат дека е фарса тоа што една третина од Англискиот фудбал се вика “Лига еден”. Во 2005, Кока-кола објави натпревар за 72 клуба од фудбалската лига – наречено “Освои играч”. Ова им овозможило на обожавателите да даваат по еден глас дневно за нивниот омилен клуб, од кои само еден ќе биде извлечен и ќе заработи £250.000 за клубот. Ова се повторило и во 2006 . Натпреварот “Освои играч” бил многу контроверзен, затоа што на крајот од двата натпревари, Лидс Јунајтед имал најмногу гласови, но сепак тие не добиле никакви пари за нов играч за клубот. Во 2007, натпреварот се преименувал во “Купи играч”. Овој натпревар им овозможил на обожавателите со купување на шише Кока-кола зиро или Кока-кола да го пратат кодот од обвивката на мрежното место на Кока-Кола. Со овој код можело да се добијат секакви награди, од 50p до £100.000 за клубот, по избор. Овој натпревар бил подобар од претходниот “Освои играч” затоа што овозможувал сите клубови да добијат пари наместо сите пари да одат кај еден клуб.

Во медиумите

[уреди | уреди извор]

Кока-Кола константно се појавува во бројни филмови и телевизиски програми. Таа била главен елемент во филмови како Еден, два, три, Кока-Кола дете и Боговите мора да се луди. Таа е главната тема и во комичните корпоративни авантури во новелата Сируп од Макс Бари.

Ефекти врз здравјето

[уреди | уреди извор]

Откако постојат индикации дека „содата и засладените пијалаци се главен извор на калории во Американската диета,”[65] нутриционистите советуваат дека Кока-Кола и другите безалкохолни пијалаци може да бидат штетни ако претерано се консумираат, особено за малите деца и во балансираните диети каде употребата на безалкохолните пијалаци повеќе и штети отколку што и угодува на диетата. Истражувањата покажале дека редовните корисници на вакви пијалаци имаат пониско ниво на калциум, магнезиум, аскорбинска киселина, рибофлавин и витамин А.[66]

Пијалакот исто така бил критикуван за употребата на кофеин, поради можноста од физичка зависност.[67] Се воспостави и врска помеѓу редовното пиење кола, каде што Кока-Кола го зазема првото место, и остеопорозата кај постарите жени (но не и мажи).[68] Ова се поврзувало со присуството на фосфорна киселина, а се открило дека ризикот е ист кај кофеинските и безкофеинските коли, диеталните и засладените коли.

Според фондацијата Рамацини, употребата на Кока-Кола се поврзува и со зголемувањето на туморите.[69] Иако биле поднесени бројни тужби против Кока-Кола почнувајќи од 1920-тите, во кои се наведувало дека киселоста на пијалаците е штетна, ниеден доказ не го поткрепило ова тврдење. Во нормални услови, научните докази покажуваат дека киселоста на Кока-Кола не предизвикува моментална штета.[70]

Постои загриженост и за употребата на високо -фруктозен сируп од пченка наместо шеќерна гликоза или фруктоза, со цел да се намалат трошоците. Причината за загриженоста е што пченката која се користи за производство на сируп од пченка може да потекнува од генетски изменети растенија.[71] Некои нутриционисти предупредуваат дека високофруктозниот сируп од пченка може да предизвика дебелина и дијабетес од тип 2.[72]

Во Индија постои голема контроверзија за пестицидите и другите штетни хемикалии во флашираните производи, вклучувајќи ја и Кока-Кола . Во 2003, Центарот за науки и животна средина (CSE), невладина организација од Њу Делхи, тврдела дека газираните води произведувани од преработувачите во Индија, вклучувајќи го и мултинационалниот гигант ПепсиКо и Кока-Кола, содржат токсини како линдан, ДДТ, малатион и хлорпирифос - пестициди кои можат да предизвикаат рак и слабеење на имунолошкиот систем. Меѓу производите што биле тестирани се Кока, Пепси и неколку други безалкохолни пијалаци, повеќето од нив произведени во компанијата “Кока-Кола”. CSE открил дека безалкохолните пијалаци кои се произведуваат во компанијата Пепси, во Индија, имаат 36 пати повеќе остатоци од пестициди од дозволеното според законите на Европската Унија; додека безалкохолните пијалаци на Кока-Кола имаат 30 пати повеќе од дозволеното. CSE тврдел дека биле тестирани истите производи во САД и дека не биле најдени такви остатоци.[73] Откако биле објавени наодите за пестициди во 2003, продажбата на Кока-Кола опаднала за 15 %. Во 2004, парламентарниот комитет на Индија ги повлекол наодите на CSE, и еден владин комитет бил задолжен за формулирање на првите стандарди за пестициди во безалкохолните пијалаци во светот. Компанијата “Кока-Кола ” одговорила дека погонот за филтрирање вода ги отстранува потенцијалните штетни материи и дека нејзините производи се тестирани за пестициди и мора да ги исполнат здравствените стандарди пред да бидат дистрибуирани.[74] Во индиската држава Керала, продажбата и производството на Кока-Кола, но и на другите безалкохолни пијалаци, биле забранети, но подоцна Врховниот суд ја повлекил оваа забрана тврдејќи дека само федералната влада може да забрани прехранбени производи. Кока-Кола била обвинета и за прекумерна употреба на вода во Индија.[75]

Компанијата “Кока-кола“ е критикувана за нејзините бизнис политики, како и за разните ефекти врз здравјето причинети од нејзиниот производ.

Кока-кола како спермицид

[уреди | уреди извор]

Во 2008г. Нобеловата награда Иг (пародија на Нобеловата награда) по хемија ги награди Шири Умпиер, Џозеф Хил и Дебора Андерсон за откритието дека Кока-кола е делотворен спермицид,[76] а наградени беа и Ц.И.Хонг, Ц.Ц.Шие, П.Ву и Б.Н. Чианг кои го тврдеа спротивното.[77][78]

Кока-кола како политички и корпоративен симбол

[уреди | уреди извор]

Кока-кола во голем дел се идентификува со самите САД, и се смета за „американски бренд” или во помал степен како нешто што ја претставува Америка. Идентификацијата заедно со ширењето на американската култура довело до појава на фразата “Кола-колонизација”.[79] Пијалакот често е метоним за компанијата “Кока-кола”.

Некои потрошувачи од Арапските држави ја бојкотирале Кока-Кола поради поранешните инвестирања на Кока во Израел за време на бојкотот од Арапската лига врз Израел (ова значајно се разликува за Пепси која остана надвор од Израел). Мека кола и Пепси беа успешни како алтернативи на Средниот Исток. Уметничката група монохром, како дел од нивната тура “Искуси го искуството” во 2005, создадало „Тула од Кока”. За оваа цел, тие експериментирале со неколку галони Кока-Кола, кои биле горени сè додека од остатоците не можело да се направи тула.

Кока-кола во Македонија

[уреди | уреди извор]

Безалкохолниот пијалак кока-кола е еден од најпотрошуваните напитоци во Македонија. Скопската пивара е дел од Кока Кола Хеленик групација која е присутна во 28 земји. Во текот на 2009 година, кока-кола од Македонија победила на изборот на најдобра кока произведена во целиот свет за 2008 година,[80] во конкуренција на околу 800 фабрики во 178 земји во светот каде се произведува истата.

Видови Кока-кола

[уреди | уреди извор]
  1. "Brand Fact Sheet". Coca-Cola official website. 2008-12-01. http://www.virtualvender.coca-cola.com/ft/index.jsp Архивирано на 30 август 2009 г..
  2. Macedonia makes the best Coca-Cola
  3. ^ "DNA Damage Fear". The Daily Mail. 2008-05-24. http://www.dailymail.co.uk/news/article-1021820/Diet-Coke-drop-additive-DNA-damage-fear.html.
  4. "Coca-Cola — Our Brands". http://www.coca-cola.co.uk/ourbrands/default.aspx?id=9 Архивирано на 6 февруари 2007 г.. Посетено на 2007-02-11.
  5. 5,0 5,1 Hayes, Jack. "Coca-Cola Television Advertisements: Dr. John S. Pemberton". Nation's Restaurant News. http://memory.loc.gov/ammem/ccmphtml/colainvnt.html. Посетено на 2007-01-21.
  6. "The Chronicle Of Coca-Cola". http://www.thecoca-colacompany.com/heritage/chronicle_birth_refreshing_idea.html Архивирано на 25 октомври 2012 г.. Посетено на 2007-11-28.
  7. Harford, Tim (2007-05-11). "The Mystery of the 5-Cent Coca-Cola: Why it's so hard for companies to raise prices". Slate. http://www.slate.com/id/2165787/.
  8. "Themes for Coca-Cola Advertising (1886-1999)". http://memory.loc.gov/ammem/ccmphtml/colatime1.html. Посетено на 2007-02-11.
  9. "Coca-Cola at Home". http://xroads.virginia.edu/~class/coke/coke1.html. Посетено на 2007-01-21.
  10. Mark" Pendergrast (2000). For God, Country and Coca-Cola. Basic Books. ISBN 0-465-05468-4.
  11. Mark Pendergrast (2000). For God, Country and Coca-Cola. Basic Books. pp. 41 – 45. ISBN 0-465-05468-4.
  12. Mark Pendergrast (2000). For God, Country and Coca-Cola. Basic Books. pp. 45 – 47. ISBN 0-465-05468-4.
  13. "Beyond Seltzer Water: The Kashering of Coca-Cola". American Jewish Historical Society. http://www.ajhs.org/publications/chapters/chapter.cfm?documentID=270 Архивирано на 20 декември 2008 г.. Посетено на 2007-02-26.
  14. First painted wall sign to advertise Coca-Cola : Cartersville, GA - Waymarking
  15. "Coke Can History". http://home.comcast.net/~collectiblesodacans/Cokepg1.htm Архивирано на 12 ноември 2012 г.. Посетено на 2007-01-21.
  16. "Chattanooga Coca-Cola History". http://www.chattanoogacocacola.com/history.asp Архивирано на 28 јули 2011 г.. Посетено на 2008-08-24.
  17. "History Of Bottling". http://www.thecoca-colacompany.com/ourcompany/historybottling.html Архивирано на 11 септември 2010 г.. Посетено на 2007-02-23.
  18. "Diet Coke Sweetened with Splenda". http://www2.coca-cola.com/presscenter/newproducts_dietcoke_splenda.html Архивирано на 16 јануари 2007 г.. Посетено на 2007-01-06.
  19. "Pepsi Brands — Pepsi One". http://www.pepsi.com/help/faqs/faq.php?category=pepsi_brands&page=pepsi_one. Посетено на 2007-01-06.
  20. "Coke to launch new no-calorie soda". http://www.msnbc.msn.com/id/7257920/ Архивирано на 19 февруари 2009 г.. Посетено на 2007-11-28.
  21. Cola wars as Coke moves on Baghdad - The Guardian
  22. According to a Coca-Cola customer-service representative
  23. McKay, Betsy (30 јануари 2009). "Coke to Omit 'Classic'". The Wall Street Journal. http://online.wsj.com/article/SB123332768434033495.html?mod=googlenews_wsj.
  24. Coca-cola
  25. "The History of Coca Cola". http://inventors.about.com/od/cstartinventions/a/coca_cola.htm. Посетено на 2007-01-23.
  26. Liebowitz, Michael, R. (1983). The Chemistry of Love. Boston: Little, Brown, & Co.
  27. "Is it true Coca Cola once contained cocaine?". http://www.straightdope.com/classics/a2_033.html Архивирано на 7 февруари 2012 г.. Посетено на 2007-02-27.
  28. May, Clifford D. "How Coca-Cola Obtains Its Coca", The New York Times, 1 јули 1998. Accessed 4 декември 2007
  29. Benson, Drew. "Coca kick in drinks spurs export fears". http://www.mindfully.org/Food/2004/Kdrink-Coca-Drink19apr04.htm Архивирано на 30 мај 2012 г..
  30. "The Legal Importation of Coca Leaf". http://www.uic.edu/classes/osci/osci590/9_3%20The%20Legal%20Importation%20of%20Coca%20Leaf.htm. Посетено на 2007-02-11.
  31. Coca-Cola Your Health - You and Your Family's GDA Questions Answered
  32. "Caffeine Content of Some Cola Beverages". Google Books. http://books.google.co.uk/books?id=WxmBmvhsoZ8C&pg=PA363&lpg=PA363&dq=caffeine+coca+cola&source=web&ots=W6fAOUX04Z&sig=qz-hOHFVuOBx94EcFpvPF6x_sAc&hl=en&sa=X&oi=book_result&resnum=9&ct=result.
  33. Gene A. Spiller, "Caffeine" CRC Press, 1997, pg.234 and 363
  34. "Urban Legends Reference Pages: Cokelore". http://www.snopes.com/cokelore/. Посетено на 2007-02-10.
  35. "Urban Legends Reference Pages: Cokelore (Have a Cloak and a Smile)". http://www.snopes.com/cokelore/formula.asp. Посетено на 2007-02-22.
  36. "Coca-Cola — Our Company — About Bottling". http://www.thecoca-colacompany.com/ourcompany/aboutbottling.html Архивирано на 16 февруари 2007 г.. Посетено на 2007-02-22.
  37. "What Is the Difference Between Coca-Cola Enterprises and the Coca-Cola Company". http://www.cokecce.com/pages/allContent.asp?page_id=84#q1 Архивирано на 21 октомври 2012 г.. Посетено на 2007-02-22.
  38. "Coca Cola Company — Red Spencerian Script". http://inventors.about.com/od/advertisingmedia/ss/Coca_Cola_Comp_2.htm. Посетено на 2007-01-11.
  39. "Frank Robinson, creator of the Coca-Cola logo". http://coca-cola-art.com/2008/06/05/frank-robinson/. Посетено на 2008-December-15.
  40. "Inventory: Earl R. Dean Collection". Vigo County Public Library. http://www.vigo.lib.in.us/vcplarchive/inventories/business/dean.asp Архивирано на 24 декември 2012 г.. Посетено на 2008-12-14.
  41. "1916 ... Birth of the Contour Bottle". The Coca-Cola Company. http://www.thecoca-colacompany.com/ourcompany/historybottling.html Архивирано на 11 септември 2010 г.. Посетено на 2007-04-19.
  42. Snopes urban legend of the Coca-Cola bottle shape.
  43. See, e.g., Lawrence M. Friedman, American Law in the 20th Century (New Haven: Yale University Press, 2004), 356-357, and Jay M. Feinman, Law 101: Everything You Need to Know About the American Legal System, rev. ed. (New York: Oxford University Press, 2006), 165-168.
  44. "Coke Debuts Contour Can". http://www.beverage-digest.com/editorial/970221.html Архивирано на 11 јануари 2009 г..
  45. Mireles, Ricardo. "In Mexico, Big Cola is the real thing". Logistics Today. http://www.logisticstoday.com/sNO/6366/iID/20876/LT/displayStory.asp. Посетено на 2007-01-15.
  46. "About Kristall Beverage". Retrieved 14 јуни 2006.
  47. Murden, Terry (30 јануари 2005). Coke adds life to health drinks sector. Scotland on Sunday. Retrieved 14 февруари 2006.
  48. Kripalani, Manjeet and Mark L. Clifford (10 февруари 2003) "Finally, Coke Gets It Right in India". BusinessWeek. Retrieved 9 август 2006.
  49. "Fizzical Facts: Coke claims 60% mkt share in India", Times News Network, 5 август 2005
  50. Barbara Mikkelson and David P. Mikkelson, "The Claus That Refreshes," snopes.com, 27 февруари 2001 (accessed 10 јуни 2005).
  51. The White Rock Collectors Association, "Did White Rock or The Coca-Cola Company create the modern Santa Claus Advertisement?," whiterocking.org, 2001 (accessed 19 јануари 2007).
  52. White Rock Beverages, "Coca-Cola's Santa Claus: Not The Real Thing!," BevNET.com, 18 декември 2006 (accessed 19 јануари 2007).
  53. Coca-Cola Conversations: Coke means Coca-Cola
  54. Orozco, Cynthia E. Quintanilla Perez, Selena. The Handbook of Texas online. Посетено на 5 јуни 2006
  55. My Coke Rewards (Official Site)
  56. Nikki Sandison (2007-11-16). "Coca-Cola revives popular 'holidays are coming' ad". Brand Republic. http://brandrepublic.com./News/767575/Coca-Cola-revives-popular-holidays-coming-ad/.
  57. Stephen Armstrong (2001-05-14). "Coke goes for broke". The Guardian (Guardian News and Media Limited). http://guardian.co.uk./media/2001/may/14/mondaymediasection6.
  58. "The Coca-Cola Challenge". Campaign. 2004-10-22. http://www.accessmylibrary.com/coms2/summary_0286-7140327_ITM.
  59. Jane Hardy (2007-12-27). "Do TV campaigns ad up?". The Belfast Telegraph. http://www.belfasttelegraph.co.uk./lifestyle/do-tv-campaigns-ad-up-13505247.html.
  60. "Melanie Thornton: "Ich wollte immer Musik"" (in German). Der Speigel (SPIEGELnet GmbH). 2001-11-25. http://spiegel.de./panorama/0,1518,169615,00.html.
  61. Prentiss Findlay (2001-12-07). "Charleston native Thornton to be buried on Saturday.". The Post and Courier (Charleston, SC). http://www.accessmylibrary.com/coms2/summary_0286-2079594_ITM.
  62. Nicola Clark (2005-11-29). "Coca-Cola restructures in healthy drinks focus". Brand Republic. http://brandrepublic.com./News/530102/Coca-Cola-restructures-healthy-drinks-focus/.
  63. "International Olympic Committee — Organisation — Facts and Figures". http://www.olympic.org/uk/organisation/facts/programme/profiles_uk.asp?sponsor=1. Посетено на 2007-01-13.
  64. "Marketing & TV > FIFA Partners > Coca Cola". http://www.fifa.com/en/marketing/partners/index/0,3517,13,00.html Архивирано на 22 мај 2007 г.. Посетено на 2007-01-13.
  65. http://www.sciencedaily.com
  66. Jacobson, Michael F. (2005). "Liquid Candy: How Soft Drinks are Harming Americans' Health". Retrieved 10 јуни 2005.
  67. Center for Science in the Public Interest (1997). "Label Caffeine Content of Foods, Scientists Tell FDA." Retrieved 10 јуни 2005.
  68. Tucker KL, Morita K, Qiao N, Hannan MT, Cupples LA, and Kiel DP (October 2006). "Colas, but not other carbonated beverages, are associated with low bone mineral density in older women: The Framingham Osteoporosis Study" (PDF). American Journal of Clinical Nutrition 84 (4): 336–342. http://www.ajcn.org/cgi/reprint/84/4/936. Посетено на 2008-04-21.
  69. Belpoggi F, Soffritti M, Tibaldi E, Falcioni L, Bua L, Trabucco F. (2006). "Results of long-term carcinogenicity bioassays on Coca-Cola administered to Sprague-Dawley rats." (pdf). Ann NY Acad Sci 1076: 736-752. http://www.ramazzini.it/fondazione/pdfUpload/Ann%20NY%20Acad%20Sci%201076%20736-752_2006.pdf[мртва врска].
  70. Mikkelson, Barbara & Mikkelson, David P. (2004). "Acid Slip". Retrieved 10 јуни 2005.
  71. Forristal, Linda Joyce (2003). "The Murky World of High Fructose Corn Syrup". Retrieved 16 мај 2006.
  72. "Single food ingredient the cause of obesity ? New study has industry up in arms". (26 април 2004). FoodNavigator.com. Retrieved 27 февруари 2007.
  73. PTF (2003). "Pepsi, Coke contain pesticides: CSE". Retrieved 12 јуни 2006.
  74. Coca-Cola website (2006). "The Coca-Cola Company addresses allegations made about our business in India". Retrieved 12 јуни 2006.
  75. Coca-Cola and Water - An Unsustainable Relationship
  76. Umpierre, Sheree; Hill, Joseph; Anderson, Deborah (21 ноември 1985), "Correspondence: Effect of 'Coke' on sperm motility", NEJM (Massachusetts Medical Society) 313 (21): 1351, http://content.nejm.org/cgi/content/citation/313/21/1351, посетено на 2008-10-03
  77. Hong, C.Y.; Shieh, C.C.; Wu, P.; Chiang, B.N. (September 1987), "The spermicidal potency of Coca-Cola and Pepsi-Cola.", Human Toxicology (Macmillan Publishers, Scientific and Medical Division) 6 (5): 395–6, http://www.ncbi.nlm.nih.gov/pubmed/3679247, посетено на 2008-10-03
  78. Mikkelson, Barbara (16 март 2007), Killer Sperm: Coca-Cola Spermicide, Snopes, http://www.snopes.com/cokelore/sperm.asp, посетено на 2008-10-03
  79. "Word Spy — Coca-Colanization". http://www.wordspy.com/words/Coca-Colanization.asp. Посетено на 2007-01-03.
  80. „Македонија има најдобра Кока Кола во светот“. Посетено на 30 декември 2010.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]
Статијата „Кока-Кола“ е избрана статија. Ве повикуваме и Вас да напишете и предложите избрана статија (останати избрани статии).