Михаил Шкартов
Михаил Шкартов | ||
Роден | 1 февруари 1884 Кавадарци, Отоманско Царство | |
---|---|---|
Починал | 25 јуни 1936 Софија, Бугарија | (возр. 52)|
Националност | Македонец | |
Занимање | револуционер, војвода, член на МРО |
Михаил Шкартов (познат и како Мишо Шкартов; 1 февруари 1883 во Кавадарци — 25 јуни 1936 во Софија) — македонски револуционер, велешки војвода и член на Македонската револуционерна организација.[1][2]
Животопис
[уреди | уреди извор]Михаил Шкартов е роден во Кавадарци во 1884 година. Завршил VI клас гимназија во Солун. Учителствувал во селото Долно Порој, Демирхисарско и во Кавадарци. Во периодот кога учителствувал во Кавадарци бил избран за член на околинскиот револуционерен комитет на ТМОРО во 1904 година. Истата година станал нелегален и дејствувал како четник под раководство на војводата Добри Даскалов, а подоцна и во четата на Јане Сандански. Учествувал во поход кон Цариград 1908 година предводен од Јане Сандански како поддршка на Младотурската револуција.
По 1910 година повторно дејствувал како војвода во Велешко. Бил еден од главните организатори на Тиквешкото востание во 1913 година. По Првата светска војна во 1920 година бил избран за раководител на Солунскиот револуционерен округ, и бил избран за окружен војвода. Во 1924 година бил назначен за тиквешки околински војвода. Бил еден од делегатите на Шестиот конгрес на Организацијата во 1925 година. По поделбата во Организацијата во 1928 година со својата чета застанал на протогеровистичката ВМРО. Во 1930 година се зачленил во ВМРО (обединета) и бил избран за член на Централниот комитет. Во 1931 година, по наредба на Ванчо Михајлов и ветување дека ќе биде поштеден неговиот живот, се повлекол од револуционерна дејност.
Починал во Софија, Бугарија.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Шкартов“. Македонска енциклопедија. , книга II (М-Ш). Скопје: МАНУ. стр. 1654. Text "series " ignored (help)
- ↑ Енциклопедија ВМРО, Скопје, 2015, стр. 362
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Михаил Шкартов на Ризницата ?