Прејди на содржината

Шпанци

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Шпанец)
Национално знаме на Шпанија и на сите Шпанци.

Шпанците (на шпански: Españoles) се европска нација и етничка група, која потекнува од Шпанија, држава сместена на Пиринејскиот Полуостров, во југозападна Европа. Шпанската националност во суштина се состои и од регионални националности, поради комплексната историја на Шпанија. Шпанија, во нејзините сегашни граници, била формирана од голем број на претходнички кралства во доцниот 15 век, како резултат на реосвојувањето и војната на Кастилијанците.

Службениот јазик на Шпанија е шпанскиот јазик (español или castellano), со тоа што книжевниот шпански е заснован на средновековните дијалекти на Кастилијанците од централна Шпанија. Со исклучок на баскискиот, јазици кои се домородни на Шпанија спаѓаат во категоријата на романски јазици.

Според пописот од 2010, денеска во Шпанија има околу 41,242,592 Шпанци.[1] Население со шпанско потекло денеска постои скоро насекаде низ светот, поради многувековните окупации и колонии кои Шпанија ги имала во текот на владеењето низ историјата. Денеска во Америка (јужна и северна) околу 60.1% од населението има шпанско потекло.[2] Во останатиот дел од светот процентот на шпанско население е околу 3%.

Шпанците како тема во уметноста и во популарната култура

[уреди | уреди извор]

Во делото „Богатството на царот Радован“, српскиот поет Јован Дучиќ ги опишува Шпанците како повеќе семејни луѓе отколку како друштвени, т.е. повеќе ги сакаат своите рондини отколку пријателите.[3] Исто така, според Дучиќ, Шпанците се многу љубоморни и најсвирепи луѓе во љубовта.[4] Тој Шпанките ги опишува како добри мајки,[5] но жените од Андалусија ги опишува како „само телесност и ништо друго“, додека жените од Кастиља се „мистици“.[6]

Една песна на американскиот музичар Том Вејтс (Tom Waits) од 1985 година се вика „Шпанец кој пешачи“ (Walking Spanish).[7]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. www.diariocritico.com Spanish population 2010
  2. „Spanish residents in the world“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2015-09-24. Посетено на 2010-09-21.
  3. Јован Дучић, Благо Цара Радована (друго издање). Београд: Laguna, 2018, стр. 194.
  4. Јован Дучић, Благо Цара Радована (друго издање). Београд: Laguna, 2018, стр. 111.
  5. Јован Дучић, Благо Цара Радована (друго издање). Београд: Laguna, 2018, стр. 157.
  6. Јован Дучић, Благо Цара Радована (друго издање). Београд: Laguna, 2018, стр. 148.
  7. DISCOGS, Tom Waits ‎– Rain Dogs (пристапено на 20.7.2019)