Прејди на содржината

PubMed Central

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од PMC)
PubMed Central
ИздавачНационална медицинска библиотека (САД)
Историја2000 -
Пристап
Ценабесплатно
Опфат
Полињамедицина
Записна продорностиндекс, извадок и полн текст
Опфатени форматистручни написи
Бр. на записи9.700.000 Уреди на Википодатоците
Врски
Мреж. местоhttps://www.ncbi.nlm.nih.gov/pmc/
Список на насловиhttps://www.ncbi.nlm.nih.gov/pmc/journals/

PubMed Central (PMC) — бесплатно складиште на стручни написи од полето на медицината и биотехнологијата. Како една од главните бази на истражувачки податоци на Националниот центар за биотехнолошки информации (NCBI), PubMed Central не е само складиште на документи. Информациите поднесени на PMC се заведуваат (ндексираат) и срочуваат со дополнети метаподатоци, медицинска онтологија и единствени назнаки кои ги зборатуваат структурираните XML-податоци за секој напис.[1] Содржините на PMC can можат да се поврзат со други бази на NCBI, и да бидат достапни преку пребарувачкиот систем Entrez, што ѝ овозможува на јавноста подобрен начин на откривање, читање и надградување на биомедицинските сознанија.[2]

PubMed Central е одделен проект од PubMed.[3] PubMed Central е бесплатна дигитална архива ан целосни написи, достапни секому во секое време преку прелистувач (со различни уредби за понатамошна употреба). За разлика од тоа, иако PubMed е пребарлива база на одредници за биомедицински наслови и извадоци, полнотекстните написи се сместени на други места (печатени или семрежно, бесплатно или со претплата).

Во декември 2018 г. архивата на PMC содржела преку 5,2 милиони написи,[4] со учество од издавачи и автори кои ги поднесуваат нивните ракописи во сладиштето согласно правилата на NIH. Од јануари 2013 до јануари 2014 г. поднесоците на авторска иницијатива броеле над 103.000 трудови во текот на тие дванаесет месеци.[5] PMC опфаќа околу 4.000 стручни списанија кои придонесуваат кон складиштето со нивните објавени содржини.[6] Некои издавачи ги поднесуваат содржините на PubMed Central извесно време по нивното издавање („период на ембарго“), и тоа од неколку месеци до неколку години (најчесто 6-12 месеци). PubMed Central е клучен пример за „систематска надворешно распространување од трето лице“[7] кое сè уште е недозволено според договорите на многубројни издавачи со нивните автори.

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. Beck, Jeff (2010). „Report from the Field: PubMed Central, an XML-based Archive of Life Sciences Journal Articles“. Proceedings of the International Symposium on XML for the Long Haul: Issues in the Long-term Preservation of XML. 6. doi:10.4242/BalisageVol6.Beck01. ISBN 978-1-935958-02-4. Занемарен непознатиот параметар |name-list-style= (help)
  2. Maloney, Chris; Sequeira, Ed; Kelly, Christopher; Orris, Rebecca; Beck, Jeffrey (5 December 2013). PubMed Central. National Center for Biotechnology Information (US). Занемарен непознатиот параметар |name-list-style= (help)
  3. „MEDLINE, PubMed, and PMC (PubMed Central): How are they different?“. www.nlm.nih.gov. 9 September 2019.
  4. "Openness by Default", Inside Higher Ed, 16 јануари 2017.
  5. „NIHMS Statistics“. nihms.nih.gov.
  6. „Home - PMC - NCBI“. www.ncbi.nlm.nih.gov.
  7. Ouerfelli, Noureddine. „Author rights: what's it all about“ (PDF). Занемарен непознатиот параметар |name-list-style= (help)

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]