Прејди на содржината

Љубов (филм од 2012)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Преработка од 21:50, 30 август 2023; направена од Chnitke (разговор | придонеси) (#WPWPMK, #WPWP)
(разл) ← Претходна преработка | Последна преработка (разл) | Следна преработка → (разл)

Љубов“ (француски: Amour) — француско-германско-австриски филм од 2012 година, во режија на Михаел Ханеке, кој е автор и на сценариото. Главните улоги ги толкуваат: Жан-Луј Трентињан, Емануел Рива и Изабел Ипер. Филмот е добитник на 84 награди, а имал уште 74 номинации. Од поважните награди што ги освоил филмот, треба да се издвојат: „Златна палма“ на Канскиот филмски фестивал во 2012 година; четирите „Европски филмски награди“ во 2012 година (за најдобар филм, режисер, машка и женска главна улога); „Златен глобус“ и „Оскар“ во 2013 година, во категоријата „најдобар странски филм“ и наградите на БАФТА за најдобар странски филм и за најдобра женска главна улога.[1]

Михаел Ханеке
Жан-Луј Тринтињант
Емануел Рива

Содржина

[уреди | уреди извор]

Филмот е приказна за стар брачен пар, Жорж (го игра Трентињан) и Ана (ја игра Рива), кои се поранешни професори по музика. Еднаш, додека појадуваат, Ана доживува краткотраен мозочен удар. По некое време, нејзината состојба се влошува драматично и таа останува неподвижна. Тоа го усложнува секојдневниот живот на Жорж, кој мора да се грижи не само за својата жена, туку и за вообичаените секојдневни практични работи. По веста за болеста на Ана, нив ги посетува ќерката Ева (ја игра Ипер), која живее во странство и поради долгогодишната оддалеченост не е блиска со својот татко. На крајот, кога Ана станува еден вид жив мртовец и кога нејзиниот живот повеќе нема никаква смисла, Жорж одлучува да го преземе решавачкиот чекор и ја задушува сопругата со перницата.[2]

  1. IMDb, Amour (2012) (пристапено на 24.2.2015)
  2. Антена, број 868, 13.2.2015, стр. 15.