Јурта
Јурта е дрвена конструкција обложена и заштитена со покривки и е живеалиште што го користат номадските народи во степите во Монголија и Средна Азија.
Етимологија и синоними
[уреди | уреди извор]Зборот јурта доаѓа од туркиските јазици и значи живеалиште во смисла на татковина. На казашки јазик структурата е позната како kiyiz üy (киіз үй), на киргиски јазик е boz üý (боз үй). На монголски јазик јуртата е позната како гэр.
Конструкција
[уреди | уреди извор]Традиционалната јурта се состои од кружна дрвена рамка покриена со покривка. Покривката е направена од волна од овци. Дрвата за правење на конструкцијата се донесуваат од најблиските долини.
Дрвената конструкција се состои од кружно поставени дрва поврзани со кружно поставени дрвени конструкции. Во одредени стилови на јурти, постојат и столбови што ја зацврстува конструкцијата. Целата дрвена конструкција, скелетот, е покриен со тенка покривка изработена од волна. Покривката е прицврстена со јажиња.
-
Монголска јурта: почнувајќи со ѕид и врата
-
Монголска јурта: поставување на покрив
-
Монголска јурта со покрив
-
Монголска јурта: поставување на внатрешна покривка
-
Монголска јурта: поставување на прва надворешна покривка
-
Монголска јурта: поставување на втора надворешна покривка
-
Монголска јурта: зацврстување на конструкцијата
Симболизам
[уреди | уреди извор]Горниот спој на дрвената конструкција (монголски: тооно, toono; казашки: Шаңырақ, shangyraq; киргиски: түндүк, tunduk) е доста застапена во културите од тој регион. Во казашката култура, горниот дел на јуртата не била менувана низ традицијата на една фамилија иако се менувала целосната конструкција. Шангракот често се сметал за семееен заштитен знак. Шангракот се наоѓа и во грбовите и знамињата на одредени земји од тој регион.
-
шангирак
-
Казашки грб
-
Киргиски грб
Поврзано
[уреди | уреди извор]„Јурта“ на Ризницата ? |
Наводи
[уреди | уреди извор]
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]Додатни информации
[уреди | уреди извор]- ЧПП за јурта Архивирано на 21 март 2012 г.
- Казашка јурта Архивирано на 19 март 2005 г.
- yurtinfo.org - Извор за јурти и останати информации
Јурта
[уреди | уреди извор]- Simply Differently.org: забелешки за јурти, информации за јурти и како да се конструира.
- Како да изградиш јурта Архивирано на 17 јули 2017 г.
- Градење јурта
- Казашко конструирање на јурта Архивирано на 18 ноември 2008 г.