Прејди на содржината

Агитпроп

Од Википедија — слободната енциклопедија

Агитпроп — Скратеница за агитација и пропаганда, најчесто употребувана во политички контекст, преку основање на посебни одделенија кои агитираат и шират пропаганда со одредена цел.[1] Таа води потекло од комунистичкиот период на Русија, но е во употреба во друга форма и до денешен ден во разни земји од светот. Агитпроп, политичката цел знае да ја спроведе и низ литературата, театарот, музиката и уметноста.[2]

Во Македонија

[уреди | уреди извор]

Постоело агитациско-пропагандно одделение на КПМ, во периодот од 1943-1944. Преку посебно формирани комисии при организациите на КПМ во градовите и при воените партизански единици на теренот, се вршела агитација меѓу борците и народот за реализација на поставените политички цели.[3]

Членови на Агитпроп-от кај нас биле: Драган Геров,[4] Асан Керим,[5] Диме Бојановски,[4] Веселинка Малинска,[4] Жамила Колономос, Густав Влахов,[6] Лазар Соколов[7] и други.

Во светот

[уреди | уреди извор]

Покрај Русија[8], забележани се вакви примери во соседна Бугарија, за време на владеењето на Тодор Живков.[9] Меѓу светски познатите личности од современата политичка сцена кои биле дел од Агитпроп, може да се издвои германска политичарка и поранешен научник, канцеларката Ангела Меркел.[10] Вакви примери сè уште се дел и од уметноста, а за тоа сведочат претставата/филмот/операта „Смртта на Клингхофер“,[11] како и филмот „Судскиот процес за Чикаго 7“, во кој главна улога игра Саша Барон Коен.[12]

  1. „Агитпроп (м.)| Дигитален речник на македонскиот јазик“. drmj.eu.
  2. Rossman, Sean. „What is 'agitprop'?“. USA TODAY (англиски).
  3. Македонски историски речник. Скопје: ИНИ. 2000. стр. 12. ISBN 9989-624-46-1. На |first= му недостасува |last= (help)
  4. 4,0 4,1 4,2 Македонска енциклопедија. I (I. изд.). Скопје: МАНУ. ISBN 978-608-203-024-1.
  5. ДАРМ, фонд, 427, ЦК на КПМ–СКМ, партиски досиеја, бр. на досие 5746А/ К, 95/ 9
  6. АСНОМ документи - Том 1 Книга 5. Скопје: Архив на Македонија - Матица Македонска. 1994. стр. 99. На |first= му недостасува |last= (help)
  7. ДАРМ, Фонд Лазар Соколов , К2, Допуна биографије Лазара Соколова, Београд 12 јули 1949 г.,1.
  8. „Рускиот агитпроп за Ковид-19 пустоши во ЕУ и балканските земји“. Media Observatorium. 2020-04-10.
  9. „The Project Gutenberg eBook of Area Handbook for Bulgaria, by Eugene K. Keefe, Violeta D. Baluyut, William Giloane, Anne K. Long, James M. Moore, and Neda A. Walpole“. www.gutenberg.org.
  10. Hudson, Alexandra (2013-05-13). „Merkel says has no secrets about her communist past“. Reuters (англиски).
  11. Kirchick, James (2014-11-04). „See the Met's 'Klinghoffer,' Then Judge It“. The Daily Beast (англиски).
  12. Hornaday, Ann. „Perspective | Movies are rushing to impact the election. Don't ask whether they'll work. Ask whether they'll last“. Washington Post (англиски). ISSN 0190-8286.