Балтоскандија
Балтоскандиска Конфедерација или Балтоскандија — геополитички концепт на балтичко-скандинавски (нордиска) сојуз (составен од Шведска, Данска, Норвешка, Исланд, Финска, Естонија, Латвија и Литванија).[1] Идејата била предложена од шведскиот професор Стен де Гер (1886–1933) во списанието Географски Аналер во 1928 година и понатаму се развила од професорот Казис Пакштас[2] (1893–1960), литвански научник од областа на географијата и геополитиката.
Развој на концептот
[уреди | уреди извор]Пакштас во својата книга Балтоскандинавската конфедерација наведил дека терминот Балтоскандија првпат го употребил Стен де Гер во една статија во „Географски Аналер“ во 1928 година.[3] Во оваа книга Балтоскандија била опишана во неколку различни димензии: како географска и културна, како економска и како политичка и воена единица.[4] Казис Пакштас предложил еден од начините за малите народи да го издржат влијанието што доаѓало од големите е да се обединат и да соработуваат поблиску меѓу себе. Како што напоменува, обединување е можно само меѓу народи кои се слични по големината, географската средина, религијата, а меѓусебно треба да се почитуваат и толерираат.
Како што надворешната политика на Литванија се префрлила кон Северна Европа откако Далија Грибаускајте дошла на функцијата претседател на Литванија[5] гласовите што го доведуваат во прашање враќањето на идејата за Балтоскандиската Конфедерација се во пораст во државата.[6]
Застапување
[уреди | уреди извор]Речиси 20 години, Академијата на Балтоскандија функционирала во Паневежис, Литванија. Основана била на 17 ноември 1991 година како институт за научни истражувања кој редовно организирале аранжмани кои се занимавале со балтичките и скандинавските културни, историски и политички контакти. Нејзините главни цели биле „да се развијат разновидни врски на земјите и нациите во регионот на Балтоскандија и да се интегрира културата на Литванија во културниот простор на Балтоскандија“.[7] Академијата била ликвидирана на крајот на 2009 година поради проблеми поврзани со финансирањето. Финансирањето било обезбедено од градската општина Паневежис, но функциите на академијата не ги задоволуваа критериумите на функциите на споменатата општина.
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „SCAND 344: The Baltic States and Scandinavia, Spring 2002“. Посетено на 16 March 2010.
- ↑ „What is Baltoscandia? | Misija Lietuva 100“ (англиски). Архивирано од изворникот на 2016-10-02. Посетено на 2016-09-28.
- ↑ SCAND 344: The Baltic States and Scandinavia, Spring 2002
- ↑ The Concept of Baltoscandia according to Kazys Pakstas before the war and now Архивирано на 12 јуни 2009 г. (in Lithuanian)
- ↑ Lithuania looks towards Northern Europe
- ↑ Back to Baltoscandia? Архивирано на 17 февруари 2010 г. (in Lithuanian)
- ↑ „Politicians have closed the Academy of Baltoscandia“. Посетено на 26 March 2010.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Балтоскандија на Ризницата ?
|
|