Боргеска галерија
![]() | |
![]() | |
Основан | 1903 |
---|---|
Место | Вила Боргезе, Рим |
Директор | Ана Колива |
Мреж. место | www.galleriaborghese.beniculturali.it |
Боргеската Галерија (итал. Galleria Borghese) е уметничка галерија сместена во поранешната палата Вила Боргезе Пинчијана, опкружена со огромен парк во центарот на Рим. Галеријата изложува значаен дел од Колекцијата Боргезе на слики, скулптури и антиквитети, која почнал да ја собира кардиналот Скипионе Боргезе (1576 – 2 октомври 1633), внук на папата Павле V. Вилата била изградена од архитектот Фламинио Понцио врз основа на нацрти од Скипионе како вила за излети и забави на ридот Пинчио, на периферијата на тогашниот град, и целосно била завршена во 1633.
Скипионе бил првиот патрон на Џан Лоренцо Бернини и посветен собирач на дела од Караваџо кој денес е претставен во галеријата со сликите „Момче со кошница овошје“, „Свети Ероним“, „Болниот Бахус“ и други. Други значајни слики се „Света и земна љубов“ од Тицијан, „Погребението Христово“ од Рафаел и дела од Петер Паулус Рубенс и Фредерико Барочи.
Една од погодностите на галеријата е тоа што е компактна и сместена во само 20 простории на два ката, така што може да се разгледа за помалку од 2 часа.
Во 1808 година принцот Камило Филипо Лудовико Боргезе, зет на Наполеон,[1] бил присилен да му ја продаде колекцијата на римски скулптури и антиквитети на императорот. Поради тоа, „Боргескиот гладијатор“, позната и најценета скулптура од колекцијата, денес се наоѓа во Лувр. Самата Паулина пак, позирала полуоблечена за статуата „Венус Виктрикс“ (1805) од Канова, која се наоѓа во приземјето на галеријата.
Колекции
[уреди | уреди извор]Скулптури и мозаици
[уреди | уреди извор]На приземјето се сместени класични антиквитети од 1.-3. век, вклучувајќи го и мозаикот со гладијатори кој бил откриен на друго место во Рим во 1834. Од класичните и неокласичните скулптури се издвојуваат „Венус Виктрикс“ од Канова, и голем број дела од Бернини.
![](http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/0/00/Borghese_villa_gladiator_mosaic.jpg/250px-Borghese_villa_gladiator_mosaic.jpg)
![](http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/b/b2/VenusVictrix.jpg/250px-VenusVictrix.jpg)
Бернини во галеријата Боргезе
[уреди | уреди извор]Многу од скулптурите на Бернини се изложени токму на местата за кои биле планирани. Некои од позначајните се „Јарецот Амалтеа со бебето Јупитер и Фаун“ (1615),[2], „Аполон и Дафне“ (1622–25)[3] и „Давид“ (1623)[4] кои се сметаат за зачетници на барокната скулптура.
Слики
[уреди | уреди извор]На горниот кат се сместени поголемиот дел од вредните дела од Тицијан, Рафаел, Караваџо, и други познати мајстори.
Колекција на музички инструменти
[уреди | уреди извор]Оваа колекција е составена од инструменти од западните и античките култури (Египетска, Грчка и Римска, како и инструменти од Америка, Африка и Океанија. Колекцијата на музејот му ја подарил оперскиот пејач Еван Горга и е најголемата колекција подарена на музејот.[5][6]
Музеи во близина на галеријата
[уреди | уреди извор]Во паркот на Вилата Боргезе се сместени Националната галерија на модерна уметност со дела од италијанската уметност од 19. и 20. век, и Националниот музеј на Етрурска уметност кои содржи дела од пред-римско време пронајдени во околината на Рим.
![]() |
„Боргеска галерија“ на Ризницата ? |
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Официјална страница на англиски Архивирано на 25 февруари 2021 г.
- Архитектурата и градините на Вила Боргезе (англиски)
- Критики за Галеријата Боргезе Архивирано на 20 август 2008 г.
- Сателитска фотографија на галеријата и околните паркови
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Принцот Камило Филипо Лудовико Боргезе се оженил со Паулина, сестрата на Наполеон.
- ↑ Web Gallery of Art, image collection, virtual museum, searchable database of European fine arts (1100-1850)
- ↑ „Apollo and Daphne by BERNINI, Gian Lorenzo“. Архивирано од изворникот на 2005-11-15. Посетено на 2008-12-07.
- ↑ Web Gallery of Art, image collection, virtual museum, searchable database of European fine arts (1100-1850)
- ↑ http://davidson.weizmann.ac.il/upload/(FILE)1167921594.pdf[мртва врска]
- ↑ „National Museum of Musical Instruments“. Архивирано од изворникот на 2005-10-25. Посетено на 2008-12-07.