Прејди на содржината

Галија

Координати: 46°30′N 2°54′E / 46.5° СГШ; 2.9° ИГД / 46.5; 2.9
Од Википедија — слободната енциклопедија
Галија на почетокот на Галските војни. Римската етнографија ја дели Галија на 5 дела: Белгиска Галија, Келтска Галија (која одговара на подоцнежната покраина Лунгдунумска Галија), Кисалпска Галија, Нарбонска Галија и Аквитанска Галија.

46°30′N 2°54′E / 46.5° СГШ; 2.9° ИГД / 46.5; 2.9

Дел од темата Франција

Историја на Франција

Античка историја

Праисториска Франција
Галија
Римска Галија
Франки
Меровинзи

Среден век

Каролинзи
Капетинска династија
Династија Валоа
Династија Бурбони
Француска револуција

19 век

Прва Француска Република
Национален конвент
Француска директорија
Француско конзулство
Прво Француско Царство
Бурбонска реставрација
Јулска револуција
Јулска монархија
Француска револуција 1848
Второ Француско Царство
Трета Француска Република
Париска комуна

20 век

Вишиевска Франција
Привремена влада на Француската Република
Француска унија
Четврта Француска Република
Француска заедница
Петта Француска Република

Портал:Франција

Галија (латински: Gallia) — назив на регион во Западна Европа, кој ги содржел северните делови од денешна Италија, Франција, Белгија западниот дел од Швајцарија и некои делови од Холандија и Германија на северниот брег на реката Рајна. Покривала површина од 494.000 км2.[1] Според сведочењето на Јулиј Цезар, Галија била поделена на 3 дела: Келтска, Белгиска и Аквитанска Галија. Латинското име за Галија, кое сѐ уште се користи во Грција како актуелно име за Франција, е ‘’Gallia’’. Галите, под водство на водачот Брен го опљачкале Рим во 390 година п.н.е. Во светот на егејската цивилизација, голема миграција на источни Гали се појавила во Тракија, северна Грција, во 281 година п.н.е. Друг галски водач кој исто така се викал Брен, на чело на голема војска, во последен момент бил спречен да го уништи храмот на Аполон во Делфи во Грција[2][3] - се верува дека бил предупреден од боговите со предзнак од грмежи и молњи.[4] Во исто време една миграциона група од Келти, околу 10,000 војници, со нивните жени, деца и робови, поминувале низ Тракија. Три галски племиња преминувале од Тракија кон Мала Азија на итна покана од Никомед I, кралот на Витинија (која била мало место јужно од Босфорот и Црно Море во северниот дел од денешна Турција, југоисточно од денешен Истанбул), кој побарал помош за династиската борба против својот брат. Тие се населиле во источна Фригија и Кападокија во централна Анадолија, регион оттогаш познат како Галација (‘’Galatia’’).

Името Галија (на англиски Gaul, а на француски Gaule) постоело до времето на Каролинзите кога била заменета со етнонимот Франција (« Francia »)[5]. Латинските автори го користеле името Галија и Гали (назив на жителите) за да ги означат Келтите населени во Галија и во Западна Галација, на грчки Γαλατία. Именката Галија за првпат е потврдена кај Порциј Катон околу 168 година п.н.е но нејзината употреба веројатно датира од многу постар период. Постојат тврдења дека именката Галија потекнува од старофранкиското *Walholant (преку латинизираната форма *Walula)[6] која буквално означува "Земја на туѓинци/Римјани", каде претставката *Walho- е рефлекс на старогерманскиот збор *walhaz, "туѓинец, романизиран човек", егзоним кој Германите го употребувале за Келтите и за луѓето кои зборувале латински.[7]

Името служело отпрвин за да се означат келтските народи кои ја колонизирале долината на По подоцна наречена Кисалписка Галија. Сепак, дури со Галските војни на Јулиј Цезар овие концепти нашироко ќе се распространат, со тоа што римскиот проконзул во келтската цивилизација ќе означи една привремена географска целина која одговара на границите на неговото освојување на Галија[8]. Не се знае со сигурност етимологијата на терминот Галија но тој можеби е позајмица од келтскиот јазик. Можеби се работи за некој вид на *galiā, од коренот *gal-, кој би можел да означува сила, термин од староисрското gal „војнички бес“, исто така и од галскиот збор gallu моќ, бретонското galloud, со истото тоа значење[9]. Согласно тоа Гали би требало да се оние „силните“, „моќните“ или „бесните“[10]. Дури во ренесансата латинската именка Gallus е поврзана преку аналогија со нејзиниот латински хомоним gallus „петел“ (латински gallus > старофранцуски jal, jau « петел») Оттука, петелот станува симбол на Франција во периодот на националното будење на Французите кога тие во Галите „ги пронашле“ нивните предци[11].

Историја

[уреди | уреди извор]

Предримска Галија

[уреди | уреди извор]
Разни галски(зелено) и аквитански народи (розово) пред римското освојување

Најраната историја на Галите главно e задача на археологијата – постојат многу малку пишани податоци (зачувани најверојатно од она што можело да се препознае на монетите) за луѓето кои биле населени на овие региони – и врските меѓу нивната археолошка култура, општата поврзаност (науката од која биле потпомогнати, во последниве години, на полето на археогенетиката), а лингвистичките поделби ретко се совпаѓаат. Најголем извор на податоци за Келтите од Галија оставил Посејдон од Апамеа, чии ракописи биле цитирани од Тимаген, Јулиј Цезар, сицилијанскиот Грк Диодор Сицилиски и грчкиот географ Страбон[12]. Многу културни особини на Келтите најверојатно биле однесени северозападно во долината на Дунав, иако ова прашање беше оспорено. Изгледа дека многу нивни вештини (како што е обработката на металот), како и некои аспекти од нивната култура, доаѓаат од балканските народи. Некои стручњаци мислат дека бронзеното време, урнополската култура, го претставува потеклото на келтскиот јазик како различна културна гранка од индоевропската фамилија на јазици (вид. пракелтски јазик). Урнополската култура била доминантна во Средна Европа за време на бронзеното време, од 1200 година п.н.е. до 700 година п.н.е. Раширувањето на железното време довело до развивање на халштатската култура (700 до 500 година п.н.е.) непосредно од урнополската. Пракелтскиот јазик, последиот предок на сите познати келтски јазици, некои стручњаци сметаат дека бил зборуван во времето на доцната урнополска или раната халштатска култура. Халштатската култура била наследена од латенската култура, која се развила од халштатската култура без некој дефинитивен културен прекин, под стимуланс на влијанието од средоземната, грчката, и етрурската цивилизација. Латенската култура се развила и напреднала за време на доцното железно време (од 450 г. п.н.е. сè до освојувањето од страна на Римјаните во 1от век п.н.е) во Франција, Швајцарија, Австрија, југозападна Германија, Бохемија, Моравија, Словачка, и Унгарија. Во истата оваа предримско железно време далеку на север биле поширени културите на северна Германија и Скандинавија. До вториот век п.н.е. Франција била нарекувана Галија (Галија Трансалпина) од Римјаните. За време на Галските војни, Јулиј Цезар издвоил три групи на Гали: Белгијците на север (каде што се наоѓа денешна Белгија), Келтите во централниот дел, и Аквитанците на југозапад[13][14].

Мапата на Римска Галија 1886)

Некои стручњаци веруваат дека Белгијците биле мешавина од келтски и германски елементи, но нивните етнички врски сè уште не се разрешени. Една од причините е политичкото мешање со француското историско толкување во текот на XIX век. Француските историчари потполно го прифатиле објаснувањето на Цезар кој тврдел дека Галија се проширила од Пиринеите сè до Рајна на север. Ова ги задоволило француските експанзионистички аспирации во времето на владеењето на Наполеон III. Во денешна северна Франција, галско-германската јазична граница била поставена некаде после реката Сона. Северно белгиските племиња како Нервијаните, Атребатите или Морините без сомнение зборувале на германските јазици. Покрај Галите, во Галија постоеле и други народи како Грците и Феникијците кои ги откриле населбите како Масилија (лат. Massilia), денешен Марсеј долж средоземниот брег[15]. Лигурите се слејале со Келтите и ја создале келтско-лигуријанската култура исто така долж средоземниот брег. Во вториот век п.н.е. Медитеријанската Галија имала развиени урбани фабрики и била просперитетна, додека пак северна Галија која имала густа шума скоро и немала градови надвор од ѕидините (или опидиум) кои беа употребувани во време кога имало војни. Просперитетот на Средоземната Галија го охрабрил Рим да побара асистенција од населението на Масилија, кое било нападнато од коалицијата на Лигурите и Галите. Римјаните интервенирале во Галија од 125 година п.н.е. и до 121 година п.н.е. тие веќе го имале освоено Средоземниот регион наречен Провинција (подоцна наречен Нарбонска Галија или на латински: Gallia Narbonensis). Ова освојување го вознемирило доминантното галското племе Аверни.

Освојување од Рим

[уреди | уреди извор]

Римскиот проконзул и генерал Јулиј Цезар ја внел својата армија во Галија во 58 година п.н.е. под изговор дека им помагаат на Римско-галските алијанси против Хелветите кои мигрирале. Со помошта од разните галски племиња (на пример, Аедуи) тој успеал да ја освои скоро цела Галија. Но племето Арверни, под водство на Верцингеторикс, сѐ уште не ги почитувале Римските правила. Јулиј Цезар бил пресретнат од Верцингеторикс при опсадата на Гергорвија, град заобиколен со ѕидини во центарот на Галија. Алијансата на Цезар со многу галски племиња се растурила. Дури и Аедуите, нивните најверни поддржувачи, им се придружиле на Арверните. Цезар го заробил Верцингеторикс во Битката кај Алезија, која ставила крај на отпорот на Галија кон Рим. Околу милион луѓе изумреле (најверојатно 1 на 4 Гали), уште еден милион станале робови, 300 племиња биле потчинети а 800 градови биле уништени за време на Галските војни. Целото население од градот Аварикум (Бурж) (40,000 во целост) биле убиени.[16] За време на кампањата на Јулиј Цезар против Хелветите (денешна Швајцарија) околу 60% од племето било уништено, а другите 20 % биле земени како робови[17].

Римска Галија

[уреди | уреди извор]
Војници од Галија, како што нацртал во доцниот 19 век илустраторот на Ларуз, 1898

Културата на Галите тогаш била задушена со новата римска култура, Галите ги прифатиле Латинците а Галија станаласоставен дел на Римското Царство, целата администрација се сменила и Галите на крајот станале римски граѓани[18]. Од 3-от до 5-от век, Галија била изложена на напади од страна на Франките. Галската империја се одвоила од Рим од 260 до 273 година, содржејќи провинции на Галија, Британија и Хиспанија, вклучувајќи ја мирољубивата Баетика на југот. Следејќи ја победата на Франките во Битката кај Суасон во 486 година, Галија (освен Септиманија) потпаднала под власта на Меровинзите, првите кралеви на Франција. Галоримската култура, романизираната култура на Галија под власта на Римското Царство, продолжила особено во областите на Нарбонска Галија која што се развила во Окситанија, Кисалпска Галија и во послаб степен, во Аквитанија. Формално романизираната северна Галија, откако била окупирана од Франките, се развила во културата на Меровинзите. Животот во Рим, концентриран на јавните случувања и културните одговорности на урбаниот живот на ‘’res publica’’ и понекогаш богатиот живот на независниот рурален ‘’villa’’ систем, му требало подолго време за да пропадне во галоримските региони, каде Визиготите широко примиле статус кво во раниот 5 век. Галоримскиот јазик продолжил да опстојува на североисток во Силва Карбонарија која оформила делотворна културна бариера со Франките на север и исток, и на југозапад во ниската долина на Лоара, каде галоримската култура се поврзала со културата на Франките во градови како Тур.

Социјална структура и племиња

[уреди | уреди извор]
Експанзија на келтската култура во 3 век п.н.е.
Мапа на Галија од 1 век п.н.е која ги покажува териториите на 3 племиња: Келти, Белгијци и Германи

Друидите не биле единстваната политичка сила кај Галите. Раниот политички систем бил сложен, дури крајно фатален за општеството како целина. Основната единица на галската политика било племето, кое содржело едно или повеќе од оние кои Цезар ги нарекувал „паги”. Сакое племе имало совет на старешини и крал на чело. Подоцна, надредениот бил годишно избран магистрат. Кај Аедуите, галско племе, надредениот ја имал титулата “Вергобрет”, позиција слична на кралската, но неговата моќ била проверувана според правилата донесени од советот. Племенските групи или паги како што ги нарекувале Римјаните (еднина: ‘’pagus’’; францускиот збор ‘’pays’’, „регион", доаѓа од овој термин) биле организирани во поголеми племенски групи кои Римјаните ги викале ‘’цивитати’’ (латински: civitates). Овие административни групирања биле направени од Римјаните при нивниот систем на локална контрола, а овие ‘’цивитати’’ исто така биле основа на евентуалната поделеност на Франција на свештенички бископии и епархии, кои останале такви - со мали промени – до Француската револуција. Иако племињата биле умерено политички стабилни единки, Галите како целина се стремеле да станат политички – одделени, скоро и немало никакво заедништво помеѓу различните племиња. Само за време на одделните тешки времиња, како што била инвазијата од Цезар, Галите можеле да се соединат предводени од еден водач како Верцингеторикс. Дури тогаш, сепак, соперничките линии биле чисти. Римјаните ја поделиле Галија на Провинција (лат. ‘’Provincia’’ - освоената територија околу Средоземното Море), и на север Галија Комата (лат. ‘’Gallia Comata’’ „слободна Галија”). Цезар ги поделил луѓето на Галија Комата на три големи групи: Аквитани (‘’Aquitani’’) Гали (‘’Galli’’ - кои на нивен јазик се нарекувале Келти – ‘’Celtae’’); и Белгијци (‘’Belgae’’). Денес тоа би се нарекло, галските племиња биле лингвистички поделени, како говорници на дијалект од галскиот јазик. Додека Аквитанците најверојтно биле Васкони, Белгијците би се сметале како галско племе, можеби со германски елементи.

Јулиј Цезар, во својата книга, Белешки за Галската војна, вели:

Сите Гали се поделени на три дела, од кои еден дел се населените Белгијци, друг дел се Аквитанците, трет дел се оние кои на својот јазик се нарекуваат Келти, по наше Гали. Сите овие се разликуваат едни од други по јазикот, обичаите и законите. Реката Гарона ги одделува Галите од Аквитанците; реките Марна и Сена ги одделуваат од Белгијците. Од сите овие, Белгијците се најхрабри бидејќи тие се најдалеку од цивилизацијата и од суптилноста на (нашата) Провинцијата, трговците кај нив најретко опстојуваат и увезуваат од оние работи кои го феминизираат умот; најблиски сè до Германите, кои живеат покрај Рајна, со кои постојано започнуваат војни; од таа причина Хелветите исто така храбро го надминаа остатокот од Галија, како што се бореа со Германите во скоро секојдневните битки, при што тие дури и ги одвратија од нивните територии, или самите започнаа војна во своите граници. Еден од оние делови од Галија, за кои беше речено дека го окупирале Галите, започнува на реката Рона; заграден со реката Гарона, Атлантскиот Океан и териториите на Белгијците; исто така се граничи странично со Секваните и Хелветите, над реката Рајна и се шири накај север. Територијата на Белгијците продолжува од крајната граница на Галија, се шири кон понискиот дел на реката Рајна; и гледа кон север и изгрејсонцето. Акитанија се протега од Гарона до Пиринеите и кон делот од атлантското копно (Бискајскиот Залив) кој е блиску до Шпанија: тој гледа помеѓу зајдисонцето и ѕвездата Северница[19].

Религија

[уреди | уреди извор]

Галите практикувале една форма на анимизам, припишувајќи им човечки одлики на езерата, потоците, планините и другите природни обележја и давајќи им божествен статус. Исто така, обожувањето на животните не било необично; најсветото животно за Галите била дивата свиња[20], која може да се најде на многу галски воени знамиња, како и римскиот орел. Нивниот систем на богови и божества бил слободен, имало некои божества кои виртуелно секој Гал ги почитувал, како и племенските и куќните богови. Многу од нивните најголеми богови биле поврзани со грчките богови; главниот бог кој го почитувале во времето кога Цезар пристигнал бил Теутат (латински Teutates), галскиот еквивален за Меркур. Главниот бог на Галите во книгата на Цезар е идентификуван како Dis Pater[21] - еквивалент на римскиот Плутон и грчкиот Хад. Сепак, тогаш не постоела вистинска теологија, туку традиции на почитување кои се развивале. Можеби најинтригантен аспект од религијата на Галите е практиката на друидите. Не постои сигурност за нивното потекло, но јасно е дека тие жестоко ги чувале тајните на нивнот поредок и влијаеле врз луѓето од Галија. Тие навистина го тврдеа правото на одредувањето на прашањата за војна и мир. Згора на тоа друидите ја набљудувале религијата на обичните Гали и биле задолжени да ги подучуваат водачите. Друидите, општо земено, биле важен дел од галското општество[22].

  1. Arrowsmith, Aaron (3 April 2006). A Grammar of Ancient Geography,: Compiled for the Use of King's College School. Hansard London 1832. стр. 50. Посетено на 21 September 2014.
  2. Birkhan 1997:48. 3. ^ Oxford Dictionary of English Etymology (OUP 1966), p. 391. 4. ^ Nouveau dictionnaire étymologique et historique (Larousse 1990), p. 336.
  3. A Classical Dictionary ... A new edition, revised and considerably enlarged, by the Rev. T. Smith (англиски). T. Cadell. 1839. стр. 8.
  4. Pausanias, Description of Greece, Phocis.
  5. Carlrichard Brühl, Naissance de deux peuples, Français et Allemands (Предлошка:IXe-Предлошка:XIe siècles), Paris, Fayard, 1996, Ouvrage utilisé pour la rédaction de l'article.
  6. Ekblom, R. "Die Herkunft des Namens La Gaule" in: Studia Neophilologica, Uppsala, XV, 1942-43, nos. 1-2, p. 291-301.
  7. Sjögren, Albert, Le nom de "Gaule", in Studia Neophilologica, Vol. 11 (1938/39) pp. 210–214.
  8. Laurent Avezou, « Gaulois, l'histoire d'un mythe, Métarécit de l'histoire nationaliste française », conférence à la cité des Sciences et de l'Industrie, 31 janvier 2012
  9. Pierre-Yves Lambert, La langue gauloise, éditions Errance, 1994, Ouvrage utilisé pour la rédaction de l'article194.
  10. Christian Goudineau, Étude philologique et archéologique sur l'emploi des.., Antiquités nationales.
  11. Christian Goudineau, Par Toutatis ! que reste-t-il de la Gaule ?, Seuil, 2002, Ouvrage utilisé pour la rédaction de l'article66 
  12. Berresford., Ellis, Peter (2004). The Celts : a history (Rev. pbk.. изд.). New York: Carroll & Graf. ISBN 0786712112. OCLC 53923160.
  13. Предлошка:StrGéo, la Belgique livre IV, chapitre I, 1.
  14. Предлошка:StrGéo, la Belgique livre IV, chapitre III, 3.
  15. Dietler, Michael (2010). Archaeologies of Colonialism: Consumption, Entanglement, and Violence in Ancient Mediterranean France. University of California Press.
  16. Caesar, Julius. The Conquest of Gaul.
  17. Anastasia., Serghidou (2007). Fear of slaves, fear of enslavement in the ancient Mediterranean = Peur de l'esclave, peur de l'esclavage en Méditerranée ancienne : discours, représentations, pratiques : actes du XXIXe colloque du groupe international de recherche sur l'esclavage dans l'antiquité, GIREA, Rethymnon, 4-7 ноември 2004. Besançon: Presses universitaires de Franche-Comté. ISBN 9782848671697. OCLC 159955109.
  18. Helvetti
  19. Alexander), M'Devitte, W. A. (William (2009). The Gallic wars (1. изд.). Virginia: Wilder Publications. ISBN 9781604597622. OCLC 858838264.
  20. MacCulloch, John Arnott (1911). The Religion of the Ancient Celts. Edinburgh: Clark. стр. 22. ISBN 978-1508518518. Посетено на 8 January 2017.
  21. Warner, Marina; Burn, Lucilla (2003). World of Myths, Vol. 1. London: British Museum. стр. 382. ISBN 978-0714127835. Посетено на 8 January 2017.
  22. Kendrick, Thomas D. (1966). The Druids: A study in Keltic prehistory (1966. изд.). New York: Barnes & Noble, Inc. стр. 78.
  • Birkhan, H. (1997). Die Kelten. Vienna.
  • Drinkwater, John (2014). Roman Gaul (Routledge Revivals): The Three Provinces, 58 BC-AD 260. Routledge. ISBN 978-1317750741.