Прејди на содржината

Град Брисел

Координати: 50°50′48″N 04°21′09″E / 50.84667° СГШ; 4.35250° ИГД / 50.84667; 4.35250
Од Википедија — слободната енциклопедија
Град Брисел
Ville de Bruxelles / Bruxelles-Ville  (француски)
Stad Brussel / Brussel-Stad  (холандски)
општина
Панорама на средиштето на градот од Мостот на уметностите (Kunstberg)
Панорама на средиштето на градот од Мостот на уметностите (Kunstberg)
Знаме на Град БриселГрб на Град Брисел
ЗемјаБелгија
ЗаедницаФламанска
Француска
ОбластБрисел
ОкругБрисел-Престолнина
Управа
 • ГрадоначалникФилип Клоз (СП)
Површина
 • Вкупна32,61 км2 (1,259 ми2)
Население (2018-01-01)[1]
 • Вкупно179.277
 • Густина55/км2 (140/ми2)
Пошт. бр.1000, 1020, 1120, 1130
Повик. бр.02
Мреж. местоwww.brussels.be

Град Брисел (француски: Bruxelles-ville или Ville de Bruxelles, холандски: Stad Brussel) — најголемата општина во регионот на главниот град на Брисел и официјален главен град на Белгија (член 194 од белгискиот устав).

Иако целото подрачје на бриселскиот регион генерално се смета за главен град на Белгија, тоа е само де факто вистина, додека де јуре само подрачјето на градот Брисел е главен град на Белгија. Регионот Брисел, кој самиот често се нарекува едноставно како „Брисел“, покрај градот Брисел, се состои од 18 други општини.

Поради овие често збунувачки поими, жителите на Брисел често ја додаваат наставката -ville, односно -stad („град“) на името на градот за да ја разликуваат областа на општината од областа на агломерација на градот.

Подрачје на општината

[уреди | уреди извор]

Градот Брисел се состои од:

  • на историското средиште на градот, кој повеќе или помалку се наоѓа во рамките на некогашните градски ѕидини, кои сега се заменети со патишта. Поради својој специфичен облик, ова подрачје на општината се нарекува „пентагон“ или „срцето на Брисел“;
  • подрачје кои биле припоени кон оваа општина во втората половина на 19 и почетокот на 20 век. Овие се:
    • на север, во 1853 година, по финансискиот колапс на општината Сен-Жос-тен-Нод (Sint-Joost-ten-Node), градот Брисел купил половина од територијата на таа општина. Денес тоа е Северниот кварт (Север).
    • на југ, во 1860 година, 123 хектари шума (forêt de Soignes или Zoniënwoud) биле припоени кон градот за да се создаде паркот Bois de la Cambre или Ter Kamerenbos, кој требало да стане шеталиште за аристократијата на градот. Во исто време, била изградена голема престижна авенија за пристап до овој парк. Оваа авенија Луиз (avenue Louise или Louizalaan) денес ја дели општината Иксел (Елсен) на два дела.
    • на исток, во 1880 година, воениот терен и околното подрачје во општината Етербек биле припоени кон градот Брисел со цел да се создаде парк за прославување на јубилејот на независноста (parc du Cinquantenaire или Jubelpark). Во четвртите кои се наоѓаат помеѓу овој парк и центарот на градот, кои исто така биле припоени во тоа време, денес се наоѓаат зградите на Европската Унија .
    • на север, во 1921 година, поранешните општини Лакен, Недер-Овер-Хембек и Харен биле припоени кон градот Брисел.

Администрација

[уреди | уреди извор]

Како и во секоја друга белгиска општина, на нејзино чело се наоѓа началник, т.е. градоначалник (bourgmestre или burgemeester). Оваа функција не е иста како функцијата премиер на регионот на главниот град Брисел или функцијата на гувернер на регионот на главниот град Брисел.

  1. „Wettelijke Bevolking per gemeente op 1 januari 2018“. Посетено на 9 март 2019.