Ема Стоун
Ема Стоун | |
---|---|
Стоун во 2014 | |
Роден(а) | 6 ноември 1988 Скотсдејл, Аризона, САД |
Живеалиште | Лос Анџелес, Калифорнија |
Занимање | Глумица |
Емили Џин „Ема“ Стоун (родена на 6 ноември 1988 г.)[1] — американска глумица. Својата прва улога, таа ја играла во филмот Кул Момци (2007). Во 2010, Стоун ја добила главната улога во комедијата Лесна девојка, за која добила номинација за Златен глобус за најдобра глумица во мјузикл или комедија. Таа исто така играла во романтичната комедија Таа луда љубов (2011), драмата Слугинки (2011), анимираниот филм Крудс (2013) како и во филмскиот серијал Неверојатниот Спајдермен (2012, 2014) како Гвен Стејси.
Во 2014, Стоун играла главна улога во романтичната комедија Магија на месечината режирана од Вуди Ален и споредна улога во филмот Човекот-птица режиран од Алехандро Гонсалес Ињариту. Нејзината изведба во Човекот-птица и ги донела номинациите за наградите Оскар, Златен Глобус и БАФТА за најдобра глумица во споредна улога. На 11 ноември 2014, таа за првпат настапила на Бродвеј во мјузиклот Кабаре и за својата изведба добила позитивни критики.[2]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Emma Stone“. People (magazine). Архивирано од изворникот на 2012-08-08. Посетено на 2015-09-03. Retrieved July 30, 2012.
- ↑ Marilyn Stasio. „Broadway Review: Emma Stone in 'Cabaret'“. Variety.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Ема Стоун на Семрежната филмска база на податоци (англиски)