Постојат три знамиња на Хамбург, Германија. Landesflagge (Граѓанско знаме), покраинското знаме на Хамбург (Staatsflagge) и адмиралското знаме (Admiralitätsflagge) се состојат од грбот на Хамбург на црвена заднина.
Граѓанското знаме покажува бел дворец со три кули на црвена заднина, кое се користено како покраинско знаме во покраината за повеќето намени. (Историско, било користено и како граѓанско знаме.) Најстариот печат со дворецот се смета дека потекнува од средината на 16-от век, иако тоа најверојатно било црвено поле со бел штит и црвен замок. Околу 1623, штитот започнал да биде изоставуван, оставајќи го црвениот замок на бела или бел замок на црвена заднина. Дури во 1751, со декрет било кажано дека белиот замок на црвена заднина е сметано како знаме на Хамбург.[1]
Граѓанското знаме е слободно за употреба на сите. Покраинското знаме на Хамбург единствено е користено од сенатот на Хамбург како главно во покраината. Ова знаме било создадено во 1897 по повод отворањето на новото градско собрание. Адмиралското знаме на Хамбург единствено е користена на покраинските згради поврзани со поморството, откако нема повеќе воени бродови од 2008. Тоа вклучува адмиралски грб, кој постои од 1642.[2][3]
↑Устав на ХамбургАрхивирано на 10 јуни 2007 г. (Член 5) (германски) Член 5 (1) Покраинските бои се бела и црвена. (2) Покраинскиот грб прикажува на црвен штит бел замок со три кули и затворена порта. (3) Покраинското знаме прикажува бел замок на покраинскиот грб на црвено поле. (4) Законот ги одредува деталите околу знамето и грбот.