Прејди на содржината

Знаме на Шлезвиг-Холштајн

Од Википедија — слободната енциклопедија

Знаме на Шлезвиг-Холштајн
}}
Назив Landesflagge
Употреба граѓанско знаме граѓанско знаме нормална верзија на знамето
Сразмер 3:5 (или 1:2)
Усвоено 1948
Опис Хоризонтално трибојно знаме на сина, бела и црвена боја.
}}
Варијанта на знамето на Шлезвиг-Холштајн
Назив Landesdienstflagge des Landes Schleswig-Holstein
Употреба државно знаме државно знаме нормална верзија на знамето
Сразмер 3:5 (или 1:2)
Усвоено 1948
Опис Граѓанското знаме со грбот.

Знаме на Шлезвиг-Холштајн — хоризонтално трибојно знаме, составено од сина, бела и црвена боја.

Знамето било воведено во 1843 година и забрането во 1845 година. Било повторно воведено во 1867 година по пруската анексија на Шлезвиг-Холштајн. Било повторно укинато во 1935 година.[1]

Откако Британската воена влада донела одлука Шлезвиг-Холштајн да стане германска покраина во 1946 година, ова знаме било првпат спомнато на 29 август 1946 година. Било службено донесено како знаме на 18 јануари 1957 година.[1] Едноставното трибојно знаме е покраинското граѓанско знаме. Владините власти го користат државното знаме (Landesdienstflagge), каде на знамето е додаден грбот.[1]

Трибојното знаме претходно било користено за пруската покраина Шлезвиг-Холштајн (1868-1946).

Тоа е скоро идентично со знамињата на Кралството Југославија, СР Југославија и Србија и Црна Гора, како и знамето на Холандија свртено обратно.

  1. 1,0 1,1 1,2 „Законодавство за знамето (Шлезвиг-Холштајн, Германија)“. Flags of the World. 18 јануари 1957. Посетено на 19 март 2008.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]