Прејди на содржината

Кирхофови закони за струјното коло

Од Википедија — слободната енциклопедија
За други Киријазов закони видете Кирхофови закони - (појаснување)

Кирхофовите закони за струјното коло се два закони кои се засноваат на запазувањето (конзервацијата) на електричниот полнеж во струјнотото коло, и првпат се опишани во 1845. од физичарот Густав Кирхоф. Наоѓаат широка примена во електротехниката, и заедно со Омовите закони ја претставуваат основата за анализа на струјните кола.

И двата закони може да се изведат од Максвеловите равенки, кои се откриени подоцна.

Прв Кирхофов закон - Закон за струјата

[уреди | уреди извор]
Опит на законот.

Првиот Кирхофов закон се однесува на електричните струи низ елементите на разгрането струјно коло што се врзани за иста јазолна, т.е. спојна точка во разгранети струјни кола. Тој гласи:

Алгебарскиот збир на јачините на струите на која било дадена јазолна точка (јазол) на разгрането струјно коло е еднаков на нула.

(Јазoлна точка е точка во која се спојуваат три или повеќе струјни гранки на некое струјно коло.)

Струјата што влегува во некоја точка е еднаква на струјата што излегува од таа точка:i1 + i4 = i2 + i3.

Од аспект на конзервација на полнежот, истиот закон може да се изрази и вака:

Во секоја точка на струјното коло каде што густината на полнежот не се менува со времето, сумата на струите кои течат кон и од таа точка е нула.

Математички, законот може да се изрази вака:

(во даден јазол)

Втор Кирхофов закон - Закон за напонот

[уреди | уреди извор]

Вториот Кирхофов закон е последица на принципот на конзервација на енергијата. Во случајот на струјното коло, тоа значи дека:

Насочениот збир на електричните потенцијални разлики во затворено струјно коло мора да е нула.

(Во спротивно би било можно да се направи перпетум-мобиле машина.)

Збирот на сите напони во колото е нула. v1 + v2 + v3 + v4 = 0

Ако се земе предвид дека електричниот потенцијал е дефиниран како линиски интеграл врз електричното поле, Кирхофовиот закон за напонот може да се изрази со следнава равенка:

која вели дека линискиот интеграл на електричното поле околу затворена контура C е нула.

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  • Paul, Clayton R. (2001). Fundamentals of Electric Circuit Analysis. John Wiley & Sons. ISBN 0-471-37195-5.
  • Serway, Raymond A.; Jewett, John W. (2004). Physics for Scientists and Engineers (6th ed.). Brooks/Cole. ISBN 0-534-40842-7.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  • Tipler, Paul (2004). Physics for Scientists and Engineers: Electricity, Magnetism, Light, and Elementary Modern Physics (5th ed.). W. H. Freeman. ISBN 0-7167-0810-8.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]