Кристофер Нкунку
Кристофер Нкунку | |||
---|---|---|---|
Нкунку во дресот на РБ Лајпциг во 2020 г. | |||
Лични податоци | |||
Роден на | 14 ноември 1997 | ||
Роден во | Лањи на Марна, Франција | ||
Држава | Франција | ||
Висина | 1.78 м[1] | ||
Позиција | Среден ред, Напад | ||
Клупски податоци | |||
Сегашен клуб | Челси | ||
Број | 18 | ||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст. | (Гол.) |
2015–2016 | Париз Сен Жермен 2 | 27 | (5) |
2015–2019 | Париз Сен Жермен | 55 | (8) |
2019–2023 | РБ Лајпциг | 119 | (47) |
2023– | Челси | 0 | (0) |
Репрезентација ‡ | |||
2012 | Франција под 16 г. | 3 | (0) |
2016 | Франција под 19 г. | 3 | (0) |
2016–2017 | Франција под 20 г. | 12 | (0) |
2018 | Франција под 21 г. | 6 | (0) |
2022– | Франција | 10 | (0) |
Кристофер Алан Нкунку (роден на 14 ноември 1997 г.) — француски професионален фудбалер кој игра во средниот ред или нападот[2] во Челси и за француската репрезентација.
Нкунку потекнува од академијата на Париз Сен Жермен и своето професионално деби за клубот го забележал во декември 2015 година. Тој одиграл 78 натпревари за францускиот клуб и со него освоил три титули во Лига 1, две титули во купот на Франција и две титули во лига купот на Франција. Нкунку се приклучил на бундеслигашот РБ Лајпциг во јули 2019 година, во чиј дрес го добил признанието за најдобар играч во Бундеслигата во сезоната 2021–22 како и титулата во германскиот куп истата сезона.
Нкунку ја претставувал Франција во повеќето возрасни категори, а деби за сениорската репрезентација забележал во март 2022 година.
Почетоци
[уреди | уреди извор]Нкунку е роден на 14 ноември 1997 година во Лањи на Марна.[3] Тој започнал да игра фудбал на шестгодишна возраст.[4] Во 2009 година, тој се приклучил на клубот Фонтенбло, каде бил забележан од скаути од неколку професионални клубови.[4] И покрај раната возраст и детска фигура, тој бил забележлив по „неговата брзина, техника и визија за играта“, зборови искажани од поранешниот раководител на фудбалската школа на Фонтенбло, Норберт Бож.[5] Тој се пробал на сите позиции во средниот ред, а според тренер од фудбалскиот клуб, таа разноврсност се должела на „неговата техника, но особено на неговата интелигенција во играта“.[5]
Поради тоа што бил сметан за премногу млад и слаб, Нкунку не потпишал за Ланс, Ле Авр и Монако; клубови во кои бил на проба.[4][5] Тој на крајот се приклучил на академијата на Париз Сен Жермен, каде бил во можност да напредува преку младинските екипи под 15 години во тренинг центарот Клерфонтен.[6] Тренирајќи во текот на неделата во Клерфонтен и играјќи само за викендите со екипата на Париз Сен Жермен, тој трајно се преселил во францускиот гигант на петнаесетгодишна возраст.[4][6]
Клупска кариера
[уреди | уреди извор]Париз Сен Жермен
[уреди | уреди извор]Нкунку се приклучил на академијата на Париз Сен Жермен во 2010 година.[7] Тој бил член на младинскиот тим на францускиот клуб кој бил финалист во младинската лига на УЕФА во сезоната 2015–16.[8] Своето професионално деби, Нкунку го забележал на 18-годишна возраст, на 8 декември 2015 година, во натпревар од Лигата на шампионите против Шахтјор Доњецк, заменувајќи го Лукас Моура во 87. минута од натпреварот.[9] Тој го постигнал својот прв професионален гол во победата од 7–0 против Бастија во францускиот куп на 7 јануари 2017 година.[10] На 10 март 2018 година, тој за прв пат постигнал два гола во еден натпревар, во победата од 5–0 над Мец.[11]
РБ Лајпциг
[уреди | уреди извор]На 18 јули 2019 година, РБ Лајпциг го објавил потпишувањето на петгодишен договор со Нкунку за приближно 13 милиони евра плус бонуси.[12] Својот прв настап за клубот тој го забележал во натпревар од германскиот куп против Оснабрик, што Лајпицг го добил со 3–2.[13] Неговото деби во Бундеслигата следело една недела подоцна, постигнувајќи го својот прв гол во на својот прв натпревар во лигата во победата од 4–0 против регионалниот ривал Унион Берлин.[14]
На 22 февруари 2020 година, Нкунку постигнал четири асистенции во победата од 5–0 над Шалке 04. Правејќи го тоа, тој станал само вториот играч во поновата историја на Бундеслигата кој забележал четири асистенции на еден натпревар, по Саболч Хусти во 2012 година.[15]
На 15 септември 2021 година, Нкунку постигнал хет-трик за Лајпциг во поразот од 6–3 од Манчестер Сити во натпревар од групната фаза од Лигата на шампионите.[16] Тој бил првиот играч во клупската историја кој постигнал хет-трик во натпревар од Лигата на шампионите.[17] На 25 септември 2021 година, Нкунку постигнал два гола во победата од 6–0 над Херта Берлин.[18] Недела подоцна, тој постигнал два гола во победата над Бохум, со што за прв пат во својата кариера постигнал два гола на два натпревари едноподруго.[19] Во мај 2022 година, тој ја добил наградата играч на сезоната во Бундеслигата, откако успеал да постигне 20 гола и 13 асистенции на 34 првенствени натпревари.[20] Во сезоната 2022–23, тој постигнал 16 голови во лигата, поделувајќи ја наградата за најдобар стрелец во Бундеслигата заедно со Никлас Филкруг.[21]
Челси
[уреди | уреди извор]На 20 јуни 2023 година, Нкунку потпишал со премиерлигашот Челси шестгодишен договор со важност од 1 јули 2023 година.[22][23] Било објавено дека трансферот чинел 52 милиони фунти.[24] На 8 август било објавено дека тој бил опериран поради повреда на коленото и дека ќе биде надвор од терените подолг период, со што ќе го пропушти почетокот на сезоната.[25]
Меѓународна кариера
[уреди | уреди извор]Нкунку е роден во Франција и има конгоанско потекло.[26][27] Тој бил француски младински репрезентативец, настапувајќи во дресот на репрезентациите на Франција под 16 години, под 19 години, под 20 години и под 21 година.[28] Тој забележал три настапи за репрезентацијата на Франција под 20 години на Светското првенство за играчи под 20 години одржано во 2017 година во Јужна Кореја.[29]
Нкунку за прв пат добил повик за сениорската репрезентација за пријателските натпревари против Брегот на Слоновата Коска и Јужна Африка на 25 и 29 март 2022 година.[30] Тој го забележал своето деби на натпреварот против Брегот на Слоновата Коска.[31] На 9 ноември 2022 година, тој бил именуван во францускиот состав од 25 играчи за Светското првенство 2022.[32] На 15 ноември, тој добил повреда на коленото по судир со Едуардо Камавинга при подготовките, што го приморало да го пропушти светското првенство.[33]
Успеси
[уреди | уреди извор]- Лига 1: 2015–16, 2017–18,[34] 2018–19
- Куп на Франција: 2016–17, 2017–18
- Лига куп на Франција: 2016–17, 2017–18
- Суперкуп на Франција: 2017, 2018[35]
- Куп на Германија: 2021–22,[36]2022–23[37]
Индивидуални
- Фудбалер на годината во Германија: 2022 [38]
- Најдобар стрелец во Бундеслигата: 2022–23[21]
- Играч на сезоната во Бундеслигата: 2021–22[39]
- Тим на сезоната во Бундеслигата: 2021–22[40]
- Играч на сезоната во Бундеслигата според Сојузот на професионални фудбалери во Германија: 2021–22[41]
- Тим на сезоната во Бундеслигата според Сојузот на професионални фудбалери во Германија: 2021–22[41]
- Играч на месецот во Бундеслигата: октомври 2021, февруари 2022, март 2022, април 2022[42]
- Тим на сезоната во УЕФА Лига Европа: 2021–22[43]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Christopher Nkunku“. RB Leipzig. Архивирано од изворникот 11 март 2023. Посетено на 11 март 2023.
- ↑ „Christopher Nkunku: Former PSG fringe player flourishing under Julian Nagelsmann at RB Leipzig“. Bundesliga.com. Архивирано од изворникот 18 February 2022. Посетено на 14 April 2022.
- ↑ „Christopher Nkunku“. L'Équipe (француски). Paris. Архивирано од изворникот 7 December 2017. Посетено на 27 June 2022.
- ↑ 4,0 4,1 4,2 4,3 Folgoas, Ronan (27 March 2017). „PSG. Christopher Nkunku: Je ne suis pas un surdoué“. Le Parisien (француски). Архивирано од изворникот на 22 December 2021. Посетено на 18 April 2022.
- ↑ 5,0 5,1 5,2 Butel, Simon; Baron, Jérémie (18 август 2020). „Nkunku, un Titi sur la route du PSG“. SOFOOT (француски). Архивирано од изворникот на 22 декември 2021. Посетено на 18 април 2022.
- ↑ 6,0 6,1 Raynal, Thierry (4 септември 2015). „PSG : ce jeune qui a tapé dans l'œil de Laurent Blanc“. Le Parisien (француски). Архивирано од изворникот на 22 December 2021. Посетено на 18 април 2022.
- ↑ „Christopher Nkunku reminiscent of Blaise Matuidi as his star rises at PSG“. ESPN.co.uk. 19 јануари 2017. Архивирано од изворникот 24 ноември 2021. Посетено на 14 април 2022.
- ↑ „UEFA Youth League report: Chelsea 2 Paris Saint-Germain 1“. Chelsea FC. 18 април 2016. Архивирано од изворникот 29 јуни 2022. Посетено на 14 April 2022.
- ↑ „PSG - Christopher Nkunku fête ses débuts professionnels en C1“ [PSG – Christopher Nkunku celebrates his professional debut in C1]. madeinfoot.ouest-france.fr (француски). 8 декември 2015. Архивирано од изворникот 16 ноември 2022. Посетено на 14 април 2022.
- ↑ „PSG vs. Bastia“. soccerway.com. 7 January 2017. Архивирано од изворникот 9 January 2017. Посетено на 9 јануари 2017.
- ↑ „Nkunku 8/10 as PSG thrash Metz“. ESPN.com (англиски). 10 март 2018. Архивирано од изворникот 4 April 2022. Посетено на 3 април 2022.
- ↑ „Transferts : Christopher Nkunku (PSG) au RB Leipzig (officiel)“ [Transfers: Christopher Nkunku (PSG) to RB Leipzig (official)]. lequipe.fr (француски). 18 јули 2019. Архивирано од изворникот 14 April 2022. Посетено на 14 април 2022.
- ↑ „Osnabrück vs. RB Leipzig – 11 August 2019“. Soccerway. Perform Group. Архивирано од изворникот 18 април 2022. Посетено на 18 April 2022.
- ↑ „Union Berlin lose on Bundesliga debut“. BBC Sport. 18 август 2019. Архивирано од изворникот на 6 December 2021. Посетено на 18 април 2022.
- ↑ „Christopher Nkunku: MD23's Man of the Matchday and RB Leipzig's quadruple-assist hero“. bundesliga.com - the official Bundesliga website. Архивирано од изворникот на 20 март 2022. Посетено на 18 април 2022.
- ↑ „Manchester City 6 RB Leipzig 3“. BBC. 15 September 2021. Архивирано од изворникот 16 септември 2021. Посетено на 16 September 2021.
- ↑ „Nkunku announces himself with hat-trick against Manchester City“. marca.com. 16 септември 2021. Архивирано од изворникот 14 април 2022. Посетено на 14 април 2022.
- ↑ „RB Leipzig vs. Hertha Berlin - 25 September 2021“. Soccerway.com. Архивирано од изворникот 4 април 2022. Посетено на 4 април 2022.
- ↑ „RB Leipzig vs. Bochum“. Soccerway.com. 2 октомври 2021. Архивирано од изворникот 4 април 2022. Посетено на 4 април 2022.
- ↑ „RB Leipzig's Christopher Nkunku named 2021/22 Bundesliga Player of the Season“. bundesliga.com. мај 2022. Архивирано од изворникот 16 мај 2022. Посетено на 27 мај 2022.
- ↑ 21,0 21,1 „Christopher Nkunku and Niclas Füllkrug share 2022/23 Bundesliga top goalscorer trophy“. Bundesliga. 27 мај 2023. Посетено на 27 мај 2023.
- ↑ „Nkunku to join Chelsea“. www.chelseafc.com (англиски). Посетено на 2023-06-20.
- ↑ „Chelsea confirm Christopher Nkunku signing“. soccerbrief.co.uk (англиски). 2023-06-20. Архивирано од изворникот на 2023-06-20. Посетено на 2023-06-20.
- ↑ „Chelsea sign France striker Nkunku for £52m“. BBC Sport (англиски). Посетено на 2023-06-21.
- ↑ „Christopher Nkunku injury: Chelsea striker out for 'extended period' after undergoing knee surgery“. BBC Sports. 8 август 2023. Посетено на 8 август 2023.
- ↑ „Sélection - Ces jeunes pousses du PSG qui ont snobé la RD Congo“. madeinfoot.com (француски). Made In Foot. 26 март 2015. Архивирано од изворникот 28 март 2015. Посетено на 16 March 2020.
- ↑ „Christo Nkunku: " Jouer pour la R.D. Congo? Pourquoi pas "“. actualitesdesleopards.com (француски). Actualites des leopards. 9 November 2015. Архивирано од изворникот 30 октомври 2016. Посетено на 16 март 2020.
- ↑ „Christopher Nkunku“. fff.fr. Архивирано од изворникот 17 април 2022. Посетено на 14 април 2022.
- ↑ „Christopher Nkunku“. EU-Football.info. Архивирано од изворникот 29 септември 2022. Посетено на 1 октомври 2022.
- ↑ „RB Leipzig star Christopher Nkunku earns first France call-up“. bundesliga.com. 17 March 2022. Архивирано од изворникот 13 април 2022. Посетено на 14 април 2022.
- ↑ „France 2–1 Ivory Coast: Aurelien Tchouameni grabs late winner for Didier Deschamps' side in Marseille“. eurosport.com. 25 March 2022. Архивирано од изворникот 4 април 2023. Посетено на 14 април 2022.
- ↑ „France World Cup squad: William Saliba and Ibrahima Konate picked by Didier Deschamps in 25-man squad“. Sky Sports. 9 ноември 2022. Архивирано од изворникот 10 November 2022. Посетено на 15 ноември 2022.
- ↑ „Touché au genou gauche, Christopher Nkunku est forfait pour la Coupe du monde“. L'Équipe (француски). 15 ноември 2022. Архивирано од изворникот 15 ноември 2022. Посетено на 15 ноември 2022.
- ↑ „PSG wrap up Ligue 1 title with Monaco win | Goal.com“. www.goal.com. Архивирано од изворникот 25 април 2019. Посетено на 10 декември 2020.
- ↑ „PSG thrash Monaco to win French Super Cup as Neymar plays 15 minutes“. ESPN. Архивирано од изворникот 4 август 2018. Посетено на 4 August 2018.
- ↑ „RB Leipzig win first DFB Cup following shootout win against Freiburg“. Bundesliga (англиски). 21 мај 2022. Архивирано од изворникот 15 ноември 2022. Посетено на 15 ноември 2022.
- ↑ „Christopher Nkunku-inspired RB Leipzig beat Eintracht Frankfurt to win DFB Cup“. Bundesliga. 3 јуни 2023. Посетено на 3 јуни 2023.
- ↑ „Fußballer, Fußballerin und Trainer des Jahres: kicker-Awards an Nkunku, Schüller und Streich“. kicker.de (германски). 31 јули 2022. Архивирано од изворникот 31 јули 2022. Посетено на 31 јули 2022.
- ↑ „RB Leipzig's Christopher Nkunku named 2021/22 Bundesliga Player of the Season“. Bundesliga. Архивирано од изворникот 16 мај 2022. Посетено на 16 мај 2022.
- ↑ „The EA Sports Bundesliga Team of the Season 2021/22 is here!“. Bundesliga. 13 мај 2022. Архивирано од изворникот 4 November 2022. Посетено на 13 мај 2022.
- ↑ 41,0 41,1 „Christopher Nkunku zum VDV-Spieler der Saison gewählt“ (германски). VDV. 25 May 2022. Архивирано од изворникот 4 февруари 2023. Посетено на 25 мај 2022.
- ↑ „Bundesliga Player of the Month“. Bundesliga. Архивирано од изворникот 17 септември 2021. Посетено на 18 November 2021.
- ↑ „2021/22 UEFA Europa League Team of the Season“. UEFA.com. Union of European Football Associations. 20 мај 2022. Архивирано од изворникот 20 мај 2022. Посетено на 20 мај 2022.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Кристофер Нкунку“ на Ризницата ? |
- Profile Архивирано на 16 декември 2022 г. at the RB Leipzig website
- Кристофер Нкунку на soccerway
- Кристофер Нкунку – Профил на сајтот на УЕФА