Лајден
Лајден | |||
---|---|---|---|
Град и општина | |||
Старa Rajna во Лајден се појавува какоканал | |||
Локација во Јужна Холандија | |||
Земја | Холандија | ||
Покраина | Јужна Холандија | ||
Управа[1] | |||
• Орган | Општински совет | ||
• Градоначалник | Хенри Ленферинк (Пвда) | ||
Површина[2] | |||
• Municipality | 23,27 км2 (898 ми2) | ||
• Земјишна | 21,95 км2 (847 ми2) | ||
• Вода | 1,32 км2 (51 ми2) | ||
Надм. вис.[3] | 0 м | ||
Население (Општина, август 2017; Urban and Metro, мај 2014)[4][5] | |||
• Municipality | 123.856 | ||
• Густина | 5.643/км2 (14,620/ми2) | ||
• Градскo | 258.923 | ||
• Метро | 344.299 | ||
Демоним | Leidenaar | ||
Час. појас | CET (UTC+1) | ||
• Лето (ЛСВ) | CEST (UTC+2) | ||
Пошт. бр. | 2300–2334 | ||
Повик. бр. | 071 | ||
Мреж. место | Матична страница |
Лајден [ хол. ˈlɛi̯.də(n)] -) — град и општина во холандската покраина Јужна Холандија во Холандија.
Градот има околу 120.249 жители, или 254.000 се предградијата. Се наоѓа на реката Стара Рајна во близина на Хаг и Харлем.
Во Лајден се наоѓа најстариот универзитет во Холандија, основан 1575 година.
Историја
[уреди | уреди извор]На местото на денешен Лајден постоела римска тврдина од 4 век. На градот Лајден му се припишува римското име -{Lugdunum Batavorum}-, иако тоа припаѓало на денашниот град Катвијк.
Во 860 година, се спомнува населбата Леитон (-{Leithon}-) која е претходник на денешниот град. Градските привилегии Лајден ги добил 1266 година.
Лајден особено просперирал во 16. и 17-от век. Градот бил познат по производството на тканина и печатење.
Годината 1572 година е значајна бидејќи Лајден се приклучил во холандската буна против шпанските власти. Под шпанска опсада бил сè до октомври 1574г. Опсадата била пробиена со уништување на браните и поплавувањето на Земјиното тло, па така бродовите со залихи допловиле до градот. Како награда за херојскиот отпор, Вилем I го основал Универзитетот во Лајден.
Во 1606. во Лајден е роден познатиот сликар Рембрант ван Рајн.
Во текот на 17. век, градот напреднал благодарејќи на доаѓањето на бегалците од Фландрија. Иако изгубил третина од 15.000 жители во текот на опсадата 1574г., 1622. имал околу 45.000 жители, и речиси 70.000 околу 1670г година. Во златното време на Холандија, Лајден бил втор град во Холандија, после Амстердам
Подоцна, Лајден стагнирал со падот и значањето на текстилната индустрија. Број на населението паднал на 30.000 во 1811 година, а во 1904 година. изнесувал околу 56.044 жители.
Холандскиот устав го напишал Јохан Рудолф Торбеке во април 1848. во Лајден.
Денес Лајден е значаен како историски и универзитетски град.
Слики од градот
[уреди | уреди извор]-
Млин Де Валк
-
Стара Рајна
-
Градскиот совет
-
Градскиот канал и старата опсерваторија
Население
[уреди | уреди извор]Спрема проценките од 2014 година, во градот живееле 120.249 жители.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Board of mayor and aldermen“ (холандски). Gemeente Leiden. Архивирано од изворникот на 2018-12-26. Посетено на 8 August 2013.
- ↑ „Клучни бројки за соседствата“. Статистичка линија на ЦБС. Централна статистичка служба. 2 јули 2013. Посетено на 12 март 2014.
- ↑ Actueel Hoogtebestand Nederland (холандски). Het Waterschapshuis https://web.archive.org/web/20130921053543/http://www.ahn.nl/postcodetool. Архивирано од изворникот на 2013-09-21. Посетено на 8 August 2013. Отсутно или празно
|title=
(help) - ↑ „Прираст на населението; региони по месеци“. Статистичка линија на ЦБС. Централна статистичка служба. 27 октомври 2017. Посетено на 27 октомври 2017.
- ↑ „Population growth; regions per month“. CBS Statline (холандски). Централна статистичка служба. 26 јуни 2014. Посетено на 24 јули 2014.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Лајден“ на Ризницата ? |
- Интенет презентација на градот (хол, ен)
- City Of Leiden Архивирано на 1 август 2015 г.
- Култура во Лајден Архивирано на 12 април 2021 г. (хол)
- Природноисторијски музеј (хол, ен)
- Универзитет во Лајдену (хол, ен)
- Слики од градот Архивирано на 11 март 2007 г.
|