Нешто лично
Нешто лично (јапонски: 個人的な体験) — роман на јапонскиот писател Кензабуро Ое.
Содржина
[уреди | уреди извор]Во својот најважен роман, Ое го разработува односот кон едно ментално хендикепирано дете. Од почетокот до крајот на оваа интимна и потресна приказна, главниот лик Птица се соочува со „агонијата од страдања“. Тој сонува да избега од „кафезот на семејството“ и копнее да замине во Африка чии карти ги носи насекаде со себе.[1]
Осврт кон романот
[уреди | уреди извор]Во романот, под лупата на нарацијата се ставени токму тегобните расположенија на Птица кој истовремено го чувствува товарот на срамот, стравот, сомнежот, себезалажувањето, себеизмачувањето и себеобвинувањето. Но, наспроти сè, романот не завршува со нихилизам или ескапизам, туку со стоичко соочување со страдањето и со верба во смислата на егзистенцијата.[2]