Грешка во Lua во Модул:Location_map, ред 526: Unable to find the specified location map definition: "Module:Location map/data/Суринам" does not existМестоположба на Парамарибо во Суринам
Парамарибо (холандски: Paramaribo, прекар „Парбо“) — главен и најголем град на Суринам, сместен на бреговите на истоимената река во округот Парамарибо. Парамарибо има население од околу четвртина милион луѓе, повеќе отколку половината население на државата. Историски стар дел на градот е светско културно наследство од 2002.