Прејди на содржината

Право на глас на жените

Од Википедија — слободната енциклопедија
Право на глас на жените

Поимот право на глас на жените се однесува на економското и политичкото движење на реформите, со цел да се достигне правото на глас. Модерното движење започнало во Франција во XVIII век од независни и уште постоечки земји. Нов Зеланд беше првата земја, каде жените го добија правото на глас во 1893 година. Меѓутоа, кога тоа се случи Нов Зеланд не беше „држава“ во смисла на независна национална држава, туку повеќе самоуправна колонија. Место со сличен статус, кои на жените им го дадоа правото на глас пред Нов Зеланд беше територијата на Вајоминг (1869). Други можни земји, кои се сметаат за првични земји, што им дале право на глас на жените се Република Корзика, островот на Ман (1881), Островите на Питкерн, Франсвил и Таволара, но нивното постоење како независни држави беше кратко и некои од нив не се сметаа за вистински независни земји. Првата земја на независни нации, која го овозможи правото на глас на жените е Шведска, каде на некои жени дури им беше дозволено да гласаат и за време во ерата на слободата (1718-1771), иако овие права не се однесуваа на сите жени.

Правата на гласање на жените беа воведени во меѓународното право во 1948г., кога ОН ја усвои Универзална декларација за човековите права.

Правото на глас на жените исто така е наведено во Конвенција за елиминирање на сите форми на дискриминација на жените , која беше усвоена од Обединетите Нации во 1979 г.

Историја

[уреди | уреди извор]

Правото на глас на жените им беше даден и повторно одземен повеќепати во различни држави низ светот. Во многу држави правото на глас на жените им беше дадено дури пред општите права на глас, но на многу жени, кои се од различна раса или социјална класа, не им беше дозволено да гласаат.

Во средновековието, во Франција и неколку други европски држави, гласањето за собрание на општината и градот беше дозволена за сопствениците на домаќинство, независно од полот. Правото на глас им беше овозможено на жените во Република Корзика во 1755 г., чиј Устав барал национален претставнички совет, за кое гласале жителите, со барем наполнети 25 год од својот живот. Тоа важело за жените кои биле немажени или вдовици и за мажите. Жените го загубија своето право на глас кога Франција го присвои островот во 1769 г. Корените на моделот на движењето за правото на глас на женската популација можат да се најдат во Франција во 80-ите и 90-ите год на 18-иот век. Според пишувањата на Маркиз де Кондорсе и Олимпија де Гуж, тие го промовирале тоа како право на националните избори.

Во 1756 г., Лидија Чапин Тафт, исто така позната како Лидија Тафт беше жената која легално гласаше во Америка. Сè на сè таа имаше можност да гласа трипати, на една јавна општинска средба во Њу Енгланд , во Оксбрич, Масачусатс, и тоа со консензусот на избирачите. Тоа се случи меѓу 1759г. и 1768 г. за време на Американскиот колонијален период. Њу Џерси им дозволи на жените да гласаат (кои ги имаат истите вредности на сопственоста како и мажите, иако жените кога ќе се омажат ја губат својата сопственост, значи само немажени жени и вдовици можеа да гласаат) - така е наведено во сојузниот Устав од 1776 г., каде зборот „жители“ беше употребен без подредување на полот и расата. Жените од Њу Џерси заедно со "странците... обоените или црнците," го загубија правотo на глас во 1807 г., кога се ограничи ова право само на белите мажи.

Островот Питкерн на жените им го даде правото на давање на својот глас во 1838 г. Различни колонии и држави им одобрија ограничени права на жените во втората половина на XIX век, започнувајќи со Јужна Австралија во 1861г. Во 1871 г., во општината Париз, жените го добија правото на глас, ама повторно им беше одземено по распаѓањето на општината. Во јуни 1944г. од страна на Шарл де Гол жените пак го добија ова право. Во 1886 г. кралството на еден мал остров на Таволара стана република и го воведе правото на глас за жените. Меѓутоа во 1899г. монархијата повторно беше изградена и кралството по неколку години се соедини со Италија. Тихоокеанската колонија Франсвил, прогласи независност во 1889 г. и беше првата земја со сопствена влада која им даде на сите право на глас независно од полот или бојата. Меѓутоа подоцна падна под управа на француската и англиската колонија. Неограниченото право на глас на жените (на жените не им било дозволено да гласаат) во самоуправна колонија со сопствена влада, беше дадено во Нов Зеланд во раните 1890-те год. Како резултат на движењето, предводено од Кејт Шепарт нацрт- законот за правата на глас на жените беше усвоен неколку недели пред општите избори во 1893 г. Колонијата на самоуправата на Јужна Австралија, на жените, им го даде и универзалното право на глас и им дозволи да се постават како кандидатки за пратенички во 1895 г. За тоа се погрижи комонвелтот на Австралија но федералните избори од 1902 г. (освен жените на Абориџините). Првата европска држава која има даде на жените право на глас беше Финска. Административните реформи кои следеа во 1905 г. им дозволи на жените во Финска да гласаат (универзални и исти права на глас) и да се постават како кандидатки на изборите. И така во 1906 г. првите жени во светот, кои беа членки на парламентот беа од Финска, кога во 1907 г. 19 жени го заземаа своето место во Парламентот на Финска, според постигнатиот успех на парламентарните избори во 1907 г.

Во годините пред Првата светска војна (1913), Норвешка и Данска исто така им дадоа правото на глас на жените, а тоа се прошири и во останатите австралиски држави. Во Канада тие го добија оваа право во 1918 (освен во Квебек, каде тоа беше незамисливо до 1940г.), па следеше Руска СФСР, во Англија жени со над 30 години, а во Германија и Полска сите жени добија право на глас. Во 1919 г. Холандија, во 1920 во Америка жените го добија своето заслужено право да гласаат. Во 1926 г. во Турција жените го добија ова право. Во 1928 г. правото на глас им беше дадено на сите жени во Англија, и нивниот глас вредеше исто колку тој на мажите. Тоа важеше за сите жени кои имаа на 21 години. Последна држава која дозволи жените да гласаат е Бутан. Државата тоа го одлучи во 2008 година.

Движење за правото на глас

[уреди | уреди извор]

Движењето за оваа право на жените беше едно од најраспространетото со многу учесници и настани од повеќе места. Важна разлика, во Англиското движење беше меѓу оние кои се бореа за да добијат право на глас преку промена на уставот, и оние кои беа повеќе воено настроени. Исто се одвивала и дискусија за тоа каде и припаѓа „местото на жената во општеството“. Оние кои ја воделе кампањата на жените за добивање на глас, велеа дека жените се чувствителни, понежни и повеќе се грижат за послабите членови на општеството, пред сè за децата. Беше претпоставено дека жените, кои би гласале би имале граѓански ефект врз политиката и на пример би се залагале за поголема контрола на алкохолните пијалаци. Тие верувале дека вистинското место за жената е во домот, и таа треба да биде способна да влијае врз законите, што би имало влијание и на тој дом. Други луѓе воделе кампањи и го подражавале мислењето дека мажите и жените треба да ги имаат истите права и дека не постоело такво нешто како „природната улога“ на жената. Исто така имало несогласувања во мислењата на другите гласачи. Други, пак, велат дека на секој возрасен човек треба да му биде дозволено да гласа, независно дали е богат или сиромав и независно од бојата на кожата. Некои борбата за правото на глас на жените ја гледаа како можност за започнување на борба за добивање на право на глас за ниската класа и за црнците.

Во моментот најактуелно е движењето за право на глас на жената во Саудиска Арабија. Движењето навлегува во комплицираната улога на модерните жени во Саудиска Арабија.

Временски преглед на тоа кога жените добија право на глас

[уреди | уреди извор]

Датите кои се наведени подолу се годините кога на жените им беше дозволено да учествуваат на избори (со гласање), а не се годините кога на жените им беа овозможени универзалните права на глас без ограничувања.

Држава Година Годишна возраст на гласање
Авганистан 1963 18 години
Австралија 1902 18 години
Австрија 1918 18 години

Азербејџан

1921

18 години

Алжир

1962

18 години

Американска Самоа

1990

18 години

Ангвила

1951

18 години

Ангола

1975

18 години

Андора

1970

18 години

Антигва и Барбуда

1951

18 години

Аргентина

1947

18 години

Аруба

н/а

18 години

Бангладеш

1972

18 години

Барбудос

1950

18 години

Бахамите

1960

18 години

Бахреин

2002

18 години

Белгија

1919

18 години

Белиз

1954

18 години

Белорусија

1919

18 години

Бенин

1956

18 години

Бермуди

1944

18 години

Боливија

1938

18 години

Б и Х

1949

18 години

Боцвана

1965

18 години

Бразил

1932

16 години

Брег на Слоновата Коска

1952

19 години

Брунеј

1959

18 години, само при урбаните избори

Бугарија

1938

18 години

Буркина Фасо

1958

универзално

Бурма

1922

18 години

Бурунџи

1961

НА

Бутан

1953

18 години

Валис и Футуна

а

18 години

Вануату

1975

18 години

Венецуела

1946

18 години

Виетнам

1946

18 години

Габон

1956

21 години

Гамбија

1960

18 години

Гана

1954

18 години

Гвајана

1953

18 години

Гватемала

1946

18 години

Гвинеа

1958

18 години

Гвинеа-Бисао

1977

18 години

Германија

1918

18 години

Гернзи

а

18 години

Гибралтар

н/а

18 години

Гренада

1951

18 години

Гренланд

н/а

18 години

Грузија

1918

18 години

Грција

1952

18 години

Гуам

н/а

18 години

Данска

1915

18 години

Девствени Острови

а

18 години

Демократска Република Конго

1967

18 години

Доминикана

1951

18 години

Доминиканска Република

1942

18 години

Египет

1956

18 години

Еквадор

1929

18 години

Екваторска Гвинеја

1963

18 години

Ел Салвадор

1939

18 години

Еритреја

1955

18 години

Ерменија

1921

18 години

Естонија

1918

18 години

Етиопија

1955

18 години

Замбија

1962

18 години

Зимбабве

1957

18 години

Израел

1948

18 години

Индија

1947

18 години

Индонезија

1945

17 години (за омажени жени нема поставена граница)

Ирак

1980

18 години

Иран

1963

16 години

Ирска

1918

18 години

Исланд

1915

18 години

Италија

1945

18 години (освен за ибори на сенатот каде што минималната старосна граница е 25 години)

Јамајка

1944

18 години

Јапонија

1945

20 години

Јамен

1967

18 години

Јордан

1974

18 години

Јужна Кореја

1948

19 години

Јужно Африканска Република

1930 (бели жени), 1994 (црни жени)

18 години

Казахстан

1924

18 години

Камбоџа

1955

18 години

Камерун

1946

20 години

Канада

1917

18 години

Џузепе Верди

1975

18 години

Катар

1997

18 години

Кења

1963

18 години

Кина

1949

18 години

Кипар

1960

18 години

Киргистан

1918

18 години

Кирибати

1967

18 години

Колумбија

1954

18 години

Стопански Комори

1956

18 години

Косово(Шиптари)

а

18 години

Костарика

1949

18 години

Куба

1934

16 години

Кувајт

2005

НА

Лаос

1958

18 години

Латвија

1918

18 години

Лесното

1965

18 години

Либан

1952

21 години (за жени со основно образованје)

Либерија

1946

18 години

Либија

1964

18 години

Литванија

1918

18 години

Лихтенштајн

1984

18 години

Луксембург

1919

18 години

Малдиви

1932

21 години

Маурициус

1956

18 години

Мозамбик

1975

18 години

Мавританија

1961

18 години

Мадагаскар

1959

18 години

Мајот

Н/А

18 години

Макао

Н/А

18 години

Македонија

1945

18 години

Малави

1961

18 години

Малезија

1957

21 години

Мали

1956

18 години

Малта

1947

18 години

Мароко

1963

18 години

Маршалски острови

1979

18 години

Мексико

1947

18 години

Молдавија

1978

18 години

Монако

1962

18 години

Молголија

1924

18 години

Монтесерат

Н/А

18 години

Намибија

1989

18 години

Науру

1968

20 години

Непал

1951

18 години

Nggah

1948

18 години

Нигерија

1958

18 години

Нијуе

а

18 години

Никарагва

1955

16 години

Нов Зеланд

1893

18 години

Нова Каледонија

a

18 години

Норвешка

1913

18 години

Норфолк Острови

Н/А

18 години

Обединетите Арапски Емирати

2006

Н/П години

Обединети Држави

1920

18 години

Велика Британија

1918

18 години (до 1928 на 30 години)

Оман

2003

21 години

Островите на Британска Вирџинија

н/а

18 години

Туркс и Кајкос

Н/П

18 години

Острови Кариман

н/а

18 години

Острови Кокос (Килине)

н/а

Н/А

Острови Кук

1893

Н/А

Отрови Мен

1881

16 години

Острови Питкерн

1838

18 години

Пакистан

1947

18 години

Палао

1979

18 години

Панама

1941

18 години

Папуа Ноа Гвинеа

1964

18 години

Парагвај

1961

18 години

Перу

1955

18 години

Полска

1918

18 години

Порторико

1929

18 години

Португалија

1931

18 години

Република Конго

1963

18 години

Романија

1929

18 години

Руанда

1961

18 години

Русија

1918

18 години

Самоа

1990

21 години

Сан Марио

1959

18 години

Саун Томе и Принсип

1975

18 години

Саудиска Арабија

Жените немаат право на глас

21 години (само за мажи)

Свазиленд

1868

18 години

Света Луција

1924

18 години

Света Хелена

Н/А

НА

Света Столица (Ватикан)

б

Ограничено на кардинали кои се постари од 80 години

Свети Бартелеми

а

18 години

Свети Винсент и Гренадини

1951

18 години

Свети Китс и Невис

1951

18 години

Свети Мартин

Н/А

18 години

Свети Петар и Микелон

Н/А

18 години

Северна Кореја

1946

17 години

Северни Маријански Острови

Н/А

18 години

Сејшели

1948

17 години

Сенегал

1945

18 години

Сиера Леоне

1961

18 години

Сингапур

1947

21 години

Сирија

1949

18 години

Словачка

1920

18 години

Словенија

1945

18 години (ако е невработена и на 16 години)

Слонови Острови

1974

21 години

Сомалија

1956

18 години

Србија

1945

18 години

Судан

1964

17 години

Урина

1948

18 години

Того

1945

13 години

Токелау

Н/А

21 години

Тајван

1947

20 години

Тајланд

1932

18 години

Танасија

1959

18 години

Танзанија

1959

18 години

Таџикистан

1924

18 години

Тивали

1967

18 години

Тимор- Лестер

а

17 години

Тонго

1960

21 години

Тринидад и Табако

1946

18 години

Туркменистан

1924

18 години

Турција

1930

18 години

Уганда

1962

18 години

Узбекистан

1938

18 години

Украина

1919

18 години

Унгарија

1918

18 години

Уругвај

1927

18 години

Фарски Острови

Н/А

18 години

Федерални Држави на Микронезија

1979

18 години

Филипини

1937

18 години

Финска

1906

18 години

Фиџи

1963

21 години

Фоклендски Острови

Н/А

18 години

Франција

1944

18 години

Француска Полинезија

Н/А

18 години

Хаити

1950

18 години

Холандија

1919

18 години

Холандски Антили

Н/А

18 години

Кинг-Конг

1949

18 години

Кондурас

1955

18 години

Хрватска

1945

18 години (ако е невработена со 16 години)

Централноафриканска Република

1986

21 години

Црна Гора

а

18 години

Чад (Смог)

1958

18 години

Чешка

1920

18 години

Чиле

1931

18 години

Њу Џерси

Н/А

16 години

Џибути

1946

18 години

Швајцарија

1971

18 години

Шведскка

1919

18 години

Шпанија

1931

18 години

Шри Ланка

1931

18 години

забелешка: (a) невалидни податоци (б) гласањето е ограничено за кардинали, жените не смеат да бидат кардинали

Право на глас на жените претставено одделно по држави

[уреди | уреди извор]

Австралија

[уреди | уреди извор]

Првите избори за новиот Парламент на новосоздадениот Комонвелт на Австралија во 1901 г. беше врз основа на слободното гласање во шест држави. На тој начин жените со правото на глас и на државно ниво можеа да ги изберат претставниците на Парламентот (во Јужна Австралија и Западна Австралија). Овие права важеа за федералните избори во 1901 г. Во 1902 г. Парламентот на Комонвелтот го усвои законот за изборите, кои им ги гарантираа истите права на глас на жените како и на мажите, и тоа на ниво на целата држава. Меѓутоа Комонвелтот не им даде право на глас на сите мажи и жени Абориџини. Оваа не се промени до 1962 г., но преку амандманот на законот за гласање во Комонвелтот беше решен проблемот (таквото решение не произлезе од исходот на референдумот од 1967 г.).

Општински избори одржани на 11 февруари 1934 г. беа првите избори на кои учествуваа и жените. Меѓутоа тоа право важеше само за писмените жени и оние кои имаа барем 30 години. Сè до 28 мај 1952 г. ситуацијата во Грција беше ваква. А со изборите на 19 февруари 1956 г. сите возрасни жени го добија правото на глас и учествуваа на парламентарните избори.

Во Данска жените го добија своето право на глас на 20 април 1909 г. Меѓутоа дури на 5 јуни 1915 г. им беше дозволено да учествуваат на изборите наречени Фолкетинг.

Индонезија

[уреди | уреди извор]

Во првата половина на 20 век, Индонезија беше една од земјите во која многу бавно се одвиваше процесот на давење на право на глас на жените. Во 1905 г. ја започнаа својата борба со поставените општински совети, во кои имало некои членови изберени од ограничени избирачки места. Право на глас имаа само мажите кои знаеле да читаат и да пишуваат, при што се исклучувале многу мажи кои не беа по потекло од Европа. Во тоа време стапката на писменост кај мажите беше 11%, а кај жените 2%. Главната група која ја стави индонезиската влада под притисок да им даде на жените право на глас беше Dutch Vereeninging voor Vrouwenkiesrecht (Здружение на ВВВ- право на глас на жените). Здружението било основано во Холандија во 1894 г. Се обидоа да привлечат индонезиски членки, но со само мал успех, бидејќи раководителот на организацијата немал развиено вештина во убедување, па дури и на образованата класа во Индонезија. Кога ќе се поврзеа со жените, не можеа да сочувствуваат со нивната позиција што резултираше со отуѓување на дури и образованите Индонезијки. Во 1918 г. тие го основаа првото претставничко тело познато како Фолксрат (Volksraad), (народен совет), кое исто не им даваше на жените да гласаат. Во 1935 година, колонијалната администрација го искористи своето влијание за да назначи Европејка како претставничка во Фолксратот. Во 1938 г. управата им дозволи на жените да гласаат за градоначалници и за претставници на истата институција, што резултираше со тоа некои Индонезијки и Европејки да се вклучат во општинските совети. Евентуално законот утврди дека само Европејките и општинскиот совет можеле да гласаат, што ги издвојуваше сите жени и локалните совети. Во септември 1941 г. овој закон беше променет и на тој начин сите жени од народниот совет имаа право на глас. Во ноември 1941 г. правото да се учествува на општинските избори им беше даден сите жени со исто значење како на мажите (ама само на оние кои имаа сопственост и кои беа образовани.)

Јапонија

[уреди | уреди извор]

Иако на жените во некои држави им беше дозволено да гласаат во 1880 г., на национално ниво жените во Јапонија со закон им беше дадено правото на глас во 1954 г.

На немажените жени и вдовиците им беше дадено правото на глас за општинските избори во Онтарио во 1884 г. Слични такви ограничени права на глас имаше и во другите провинции до крајот на 19 век. Но законско регулирано решение не беше изгласано во ниедна провинција сè до 1916 г., кога на жените во Мaнитоба им беше дадено правото на глас. Целосно право на глас добија во 1918 г., кога федералниот парламент усвои закон со кој на жените им се дозволи да гласаат на федералните избори. Другите градови истото го правеле, освен Квебек сè до 1940. Агнес Макпаил беше првата жена изберена на парламентарните избори во 1921 г.

Македонија

[уреди | уреди извор]

И во Македонија ситуацијата не била поразлична како и во другите земји. Како во сите европски, но и поранешни југословенски земји, и во Македонија Македонките наидоа на првични проблеми за добивање право на глас. Во 1946 г. Македонките за прав пат гласале. Денес тој сонот стана рутина. Најдобрите позиции можат да се преземат од жени. Во 2008 г. жена се постави како кандидатка за премиерка. Во 2009, на претседателските избори, Мируше Хоџа се постави како кандидатка за претседател на Република Македонија. Иако двете дами не беа изгласани, сепак докажаа дека модерната жена во Македонија не се плаши повеќе. Тие докажаа дека во 21 век Македонките се противнички на мажите и дека нема лесно откажување од водечките позиции.

Нов Зеланд

[уреди | уреди извор]

Жените во Нов Зеланд беа инспирирани да се борат за нивните права на гласање од Џон Стјуард Мил, филозоф за еднакви права, како и од британската феминистичка агресивност. Притоа, мисионерските напори на Унијата на христијански жени од Америка, и ја даде потребната мотивација за оваа борба. Всушност имаше некои политичари- мажи кои ги поддржуваа правата на жените. Такви се Џон Хал, Роберт Стут, Јулиус Фогел и Вилијам Фокс. Напорите од 1879, 1879 и 1887 г. за жените да добијат право на глас беа неуспешни. Крајно, во 1893 г. жените си го добија заслуженото право на глас.

Иако Либералната влада, која го усвои законот ги избегнуваше социјалните и политичките реформи, законот за гласање беше усвоен, поради комбинацијата на личните причини и политичката несреќа. Законот им гарантираше право на глас на секој жена, независно од бојата на кожата. До 1919 г. на жените во Нов Зеланд не им беше дозволено да се постават како кандидатки за парламентот. Во 2005 г. речиси една третина од избраните пратеници беа жени. Во последно време жените заземаа важни, симболични и врвни позиции како на пример премиер, заменик генерал, гласноговорник, на домот на претставници и министер за правда.

Норвешка

[уреди | уреди извор]

Жените од средната класа можеа да го дадат својот глас во 1907 г. (тоа важеше за жените кои доаѓаа од фамилии со одредено ниво на просперитет и благосостојба). Во основа во 1910 г. жените можеа да гласаат во локалните избори, а во 1913 г. во норвешкиот парламент едногласно го изгласа законот со кој сите жени го добија своето право на глас.

Обединето Кралство

[уреди | уреди извор]

Кампањата за правата на жените ги достигна најуспешните моменти во почетокот на 19 век. Во тој момент жените сè повеќе беа вклучени во политиката, пред сè за време на кампањата за добивање на право на глас на жените во Обединетото Кралство. Џон Стјуард Мил, кој во 1865 г. беше избран за пратеник во Парламентот и беше адвокат кој ги застапуваше жените, водеше кампања за воведување на амандман за законот на реформата за да се остварат овие права. Речиси поразени од сите парламентарци од конзервативната влада, прашањето за правото за добивање на глас полека стануваше важно.

За време на втората половина на 19-иот век, беа оформени групи за водење на кампањи со цел лобирање кај парламентарците и добивање на нивната поддршка. Во 1897 г. се соединиле седумнаесет такви групи за да се оформи националната унија на општеството за добивање на глас на жените (НУЊСС), кои одржуваа јавни митинзи, пишуваа писма до политичари и објавиле најразлични текстови. Во март 1907 г. НУВСС го организираше својот прв протест. Протестот стана познат како „Каллив Мај“, кога над 3000 жени одеа по студени и темни улици на Лондон, и тоа од Хајд Парк до Ексетер Хол.

Во 1903 г. некои членови се одделија од НУВСС. Под водство на Емили Панкхурст ја основаа Социјална и политичка унија на жените (СПУЖ), Women’s Social and Political Union (WSPU). Бидејќи националните медиуми го изгубиле интересот за кампањата на правото на глас, СПУЖ одлучи дека ќе користи некои други начини за да го насочи вниманието кон оваа прашање. Тоа започна во 1905 г, на заседанието каде зборуваше г. Едвард Греј, члена на ново избраната либерална власа. Додека зборуваше, две членки на СПУЖ гласно прашаа „Ќе им дозволи ли либералната влада на жените да гласаат?“. Кога одбија да прекинат со тие прашање, беше повикана полицијата за да ги отстранија од просториите и две жени „гласачки“ (како членки на СПУЖ потоа станаа познати) беа ставени во многу незгодна ситуација, што на крајот резултираше со тоа што биле уапсени и ги обвинети за напаѓање. Кога одбиле да ги платат казните, ги одведоа во затвор. Британците беа во шок и не им се верувало каков вид на насилство постои ако се бориш за своето права на глас. По таквиот успех во медиумите, тактиките на СПУЖ станаа се понасилни. Тоа вклучува и обид во 1908 г. за напаѓање на Домот на Пратениците, палењето на домот на Дејвид Лојд Џорџ (кој бил за одобрување на правото за глас на жените). Во 1909 г. г-ѓа Констанс Литон беше затворена во затвор, но веднаш потоа беше пуштена кога се дозна нејзиниот вистински идентитет. Во 1910 г. таа се претставуваше како шивачка од средната класа и се нарекуваше Џејн Вартон. Таа претрпи нечовечко малтретирање. Еден инцидент од 1913 г. во кој Емили Девисон, што се бореше жените да добијат право на глас, беше згазена од коњ на Кралот Џорџ V за време на трката на Епсом Дерби и по четири дена умре. СПУЖ престана со своите милитантни активности за време на Првата светска војна и се трудеше да помогне во воените напори. Слично и НУВСС соопшти дека ќе прекине со политичката активност, но тајно продолжи со лобирањето за време на Првата светска војна. Во 1918 г. со крајот на војната, парламентот се согласи да им даде право на глас на жените кои биле над 30 г. Сè до 1928 г. со законот од 1928 г., жените добиa право на глас со исто значење како на мажите.

Острови Кук (протекторат)

[уреди | уреди извор]

На жените во Раротонга не им беше дозволена гласањето до 1893 г. Таму пресвртот се случи веднаш по тој во Нов Зеланд.

Роза Померанц – Мелтцер од партијата Ционист беше правата жена која во 1919г ја избраа во Сејм (Долниот дом на полскиот Парламент) .

Португалија

[уреди | уреди извор]

Каролина Беатрис Ангело беше правата жена која гласала за Републичкиот Парламент во Португалија. Таа изјавувала дека е челото во својата фамилија, дека ја водела фамилијата. Потоа законот се промени и само мажите членови од фамилијата можеа да гласаат. Во 1931 г., за време на режимот на Естадо Ново, на жените за првпат им беше дозволено да гласаат, ама само ако имаат завршено средно или високо образование. А за мажите било доволно да бидат само писмени. Во 1946 г. беше променет законот за гласање. Во него беа подобрени условите со кои жените би можеле да гласаат, ама и во тој закон мажите уште беа надредени. Со законот од 1968 г. се тврдело дека со него се овозможило „еднакви политички права за мажите и жените“, меѓутоа мажите имаа повеќе права за гласање. По револуцијата на Карнатион во 1974 г. жените добија сите и еднакви права на глас.

Соединетите Американски Држави

[уреди | уреди извор]

Лидиа Чапин Тафт била водечка личност во Колонијална Америка, на која и било дозволено да гласа на три градски собири во Њу Енгланд на почетокот од 1756 година. Во 1848 г. на конвенцијата во Сенека Фалс во Њујорк, активисти вклучувајќи ги и Елизабет Кади Статон и Лукреција Мот започнаа седумдесет годишна борба на добивање на право на глас. Сузан Б. Ентони, родена во Рочестер , Њујорк, и се придружи nа движењето четири години по Конвенцијата во Сиракуза. Активистките потенцираа дека не било почитувано тоа што пишало во 14-иот и 15-иот член (дека луѓето имаат еднаква заштита пред законот и право на гласање без разлика на нивната раса). Според нив оваа не било праведно. Првични победи издвоија во државите Вајоминг (1869) и Јута (1870), иако на жените во Јута им се одзема правото со федералниот закон, познат како Законот на Едмунт- Такер, кој бил отфрлен од Конгресот на САД во 1887 г. Идејата да им се даде право на глас на жените во Јута делумно беше поттикнато од верувањето дека со тоа право жените во Јута ќе ја отфрлат полигамијата. Откако жените во Јута своето право го искористиле во полза на полигамијата Конгресот на САД им го одзема правото на гласање. Ама до крајот на 19-иот век државите Ајдахо, Колорадо, Јута и Вајоминг им го дадоа правото на глас и тоа делумно под влијание на жените кои ја поддржале идејата дека морале да имаат право на глас.

За време на почетокот на 20-иот век, кога случајот на барањето на правото на глас од жените станал се попопуларно, гласачите станаа предмет на апсење, и повеќето беа притворани. Конечно претседателот Вудро Вилсон се залагал кај Конгресот за донесување на одлуката и во 1920 г. беше ратификуван деветнаесеттиот амандман, при што им беше забрането на државите и федералните власт да поддржуваат полово ограничување за правото на глас. Можноста за гласање беше национален тренд, што беше формирано по прогресивните години на претседателот Вилијам Тафт, од Републиканската партија, наследникот на Вилсон. Назначувањето на Тафт како заменик министер за правда во американскиот Врховен суд во 1921 г. се сметаше како моментот на значајна промена за легислативата. Тој придонесе за многу правдини во тоа време.

Франција

[уреди | уреди извор]

Проблемот за правото на глас на жените во Франција беше решен на 5 октомври 1944г. со одлука на француската влада. Првите избори на кои учествуваат жените беа општинските избори на 29 април 1945 г. и парламентарните избори одржани на 21 октомври 1945г. Муслиманските жени во Француски Алжир мораа да чекаат до 3 јули 1958 г. за да го добијат своето право на глас.

Холандија

[уреди | уреди извор]

Групата која работеше на тоа жените да добијат право на глас во Холандија беше данската Vereeniging voor Vrouwenkiesrecht или ВВВ (здружение на ВВВ- права на жените). Тоа беше основана во 1894 г. Во 1917 г. на жените им беше дозволено да гласаат и да бидат гласани на националните избори. Тоа доведе до избирање на Сузана Гроеневег од партијата СДАП на општите избори од 1918 г.. На 15 мај 1919 г. беше изработен нов закон со кој на секоја жена, без ограничувања, и се дава правото на глас. Законот беше усвоен и за првпат се примени на општите избори во 1922. Гласањето стана задолжително од 1918 г., што не беше променето до 1970 г.

Швајцарија

[уреди | уреди извор]

Швајцарскиот референдум за добивање на право на глас на жените беше одржан на февруари 1959 г. Мнозинството на швајцарските мажи гласаше не, меѓутоа во некои кантони жените го добија правото на глас. Швајцарија беше една од последните демократски држави (други се на пример Лихтенштајн), кои многу доцна им дозволи, овозможи на жените да гласаат. Сè до 1973 г. жените не смееја да гласаат на федералните избори.

За време на “ерата на слободата” во Шведска (1718-1771), жените кои плаќале даноци и се членки на некој сојуз (често вдовици), до 1771г. им беше дозволено да гласаат и да се постават како кандидатки на изборите. Помеѓу 1726 и 1742 г. на изборите учествуваа околу 30% жени. Новите регулативи од 1743 до 1758 г. на жените им овозможи поедноставно учество на изборите. Често гласовите беа давани преку машки претставници, што беше и главната причина да им се дозволи целосно право на глас за жените. Во 1758 г. жените не беа вклучени во главните и комуналните избори, ама продолжиле да гласаат на националните избори. Со новиот Устав од 1771 г. оваа беше забрането. Во 1862 г. на жените, кои плаќале данок, повторно им беше дозволено гласањето. Правото на давање на својот глас не им се врти до 1919 г., и повторно беше дозволено нивното учество на гласањата во изборите од 1921 г., и тоа за првпат по 150 години.

Шри Ланка

[уреди | уреди извор]

Шри Ланка (поранешна Цејлон) беше првата азиска држава кој им дозволи на сите жените без ограничување, да гласаат. Тоа важење за оние кои имале 21 година. Од тогаш жените во Шри Ланка уживаа значително влијание во политичката област. Врвот на сето тоа беше достигнато во јуни 1960 г. кога на општите изборите во Цејлон беше изберена правата премиерка во целиот свет. Тоа беше госпоѓата Сиримаво Бандаранаике. А подоцна во 1994 г. и нејзината ќерка, Чандрике Кумаратунге, исто така стана премиерка. А во истата година таа беше изберена како претседателка на извршната власт во Шри Ланка, што ја прави четвртата жена што добила таква позиција.

Во баскиската провинција на Бискаија и Гипускоа им беше дозволено гласањето само на оние жени кои плаќале одреден данок за гласање. Сепак можност за да се биде избран без да може да се гласа постоела со примерот на Марија Изабел де Алаја која била избрана за градоначалник на Икастегиета во 1865 г.Официјално правото на глас на жените беше усвоено во 1933 г. со противење на Маргарита Нелкен и Викторија Кент, две пратенички, кои мислеле дека жените во тоа време биле незрели за да гласаат одговорно. Со ова се ставил во опасност постоењето на Втората Република. За време на режимот на Франко само мажите, глави во домаќинствата, имаа право на глас. Од 1976г., за време на промената кон демократија во Шпанија, и жените добија право на глас и можеа да гласаат и да бидат гласани како службенички.

Одбиено или условено право на глас

[уреди | уреди извор]

Брунеј — до 1962 год правото на глас на жените (и на мажите) им не се овозможи и беше условен. • Либан— одделни права на гласање. Задолжителен доказ за завршено основно училиште. Тоа важеше само за жените, но не и за мажите. Гласањето беше задолжително за мажите, а опционо за жените. • Саудиска Арабија— Жените немаат право на глас. На првите локални избори во 2005 г. на жените не им беше овозможено да си го дадат својот глас. Сепак постои надеж дека тоа ќе се случи во блиска иднина. • Обединети Арапски Емирати — Ограничено, ама целосно ќе се овозможи во 2010 г. • Ватикан— нема право на глас за жените, некои мажи немаат право на гас.

Користена литератуира

[уреди | уреди извор]