Ренесанса
Ренесанса (фр. за „преродба“)[1] е културно движење кое, главно, го опфаќа периодот од XIV до XVII век, започнувајќи во Фиренца во доцниот среден век, а подоцна распространувајќи се низ цела Европа. Поимот многу поретко се користи за опишување на историската ера, но бидејќи промените на ренесансата не биле еднолични низ Европа, ова е општа употреба на поимот. Како културно движење, ренесансата се поврзува со оживувањето на учењето основано врз класични извори, развојот на линеарната перспектива во сликањето и постепената, но распространета образовна реформа. Најчесто, поради оваа интелектуална преобразба ренесансата се смета за мост помеѓу средниот век и новиот век. Иако ренесансата видела многу револуции во многу интелектуални занимања, како и општествени и политички пресврти, најверојатно е најдобро позната по сиот развој во уметноста и по придонесите на учените луѓе како Леонардо да Винчи и Микеланџело.[2][3]
Постои општ, но не и неоспорен, консензус дека ренесансата започнала во Фиренца, Тоскана во XIV век.[4] Различни теории се предложени за да одговараат на нејзиното потекло и нејзините одлики, фокусирајќи се на мноштво фактори вклучувајќи ги социјалните и граѓанските проблеми во Фиренца во тоа време; нејзината политичка структура; покровителството на нејзиното најдоминантно семејство, Медичи;[5] и миграцијата на грчки школари и текстови во Италија проследувајќи го Падот на Цариград од рацете на Османлиите.[6][7][8]
Ренесансата има долга и сложена историографија, а има и многу дебатирање помеѓу историчарите околу користеноста на Ренесанса како поим и како историско претставување.[9] Некои се прашуваат дали ренесансата била воопшто културен „напредок“ од средниот век и ја гледаат како период на песимизам и носталгија за антиката,[10] додека други се фокусираат на наизменичното менување помеѓу двете ери.[11] Навистина, некои бараат крај на употребата на поимот, кои тие го гледаат како производ на презентизмот – употребата на историјата за да се полноважат и глорификуваат модерни идеали.[12] Зборот Ренесанса е користен и за опишување други историски и културни движења, како каролиншката ренесанса и ренесансата на XII век.
Преглед
[уреди | уреди извор]
Теми
|
Архитектура |
Региони
|
Англија |
Ренесансата била културно движење кое длабоко влијаело на европскиот интелектуален живот во раниот нов век. Започнувајќи во Италија, а до XVI век распространувајќи се и низ цела Европа, таа влијаела на книжевноста, филозофијата, уметноста, политиката, науката, религијата и на други аспекти од интелектуалноста. Ренесансните школари употребувале хуманистички метод во учењето и барале реалистичност и емотивност во уметноста.[13]
Ренесансните мислители во европските монашки библиотеки и кај разурнатата Византиско Царство барале литературни, историски и говорнички антички текстови, обично напишани на латински или старогрчки, многу од кои се изгубени. Всушност, овој нов фокус на ренесансните школари е тоа што ги разликува од средновековните школари на ренесансата на XII век кои се фокусирале на изучување грчки и арапски дела за природните науки, филозофијата и математиката, наместо да изучуваат текстови од културно значење. Ренесансните хуманисти не го одбивале христијанството; сосем спротивно, многу од најдобрите ренесансни дела се посветени на христијанството, а црквата има заштитено многу од ренесансната уметност. Сепак, дошло до суптилен пресврт поради начинот на кој интелектуалците и приоѓале на религијата, што се рефлектирало во многу културни полиња.[14] Поради тоа, многу грчко-христијански дела, вклучувајќи го грчкиот Нов завет, биле донесени назад од Византија во Западна Европа, што ги ангажирало западните школари за првпат од доцната антика. Оваа нова ангажираност со грчко-христијанските дела, a особено враќањето на оригиналниот грчки од Новиот завет поткрепено од хуманистите Лоренцо Вала и Еразмо Ротердамски, ќе помогне за проширување на патот за протестантската реформација.
Некои уметници како Мазачо тежнееле да ја прикажуваат човечката форма пореалистично, развивајќи техники со кои поприродно ја прикажувале перспективата и светлото. Политичките филозофи, како добро познатиот Николо Макијавели, се стремеле да го прикажат политичкиот живот каков што навистина бил, за да се разбере рационално. Критички придонес за италијанската ренесанса дал хуманистот Пико дела Мирандола, со пишување на неговиот познат текст De hominis dignitate (Говор за достоинството на човекот, 1486), кој е составен од низа тези за филозофијата, природната мисла, вербата и магијата одбранени од секој противник. Покрај учењето на класичниот латински и грчки јазик, ренесансните писатели во голема мера почнале да ги користат своите народни јазици; комбинирано со воведувањето на печатарството, на многу луѓе им се овозможува достап до книги, особено Библијата.[15]
Сè на сè, ренесансата може да се види како обид на интелектуалците да го учат и подобрат секуларното и световното, двете преку оживувањето на антиката и необичниот начин на размислување. Некои школари, како Родни Старк,[16] ја кочат ренесансата како заслуга на раните иновации на италијанските градови-држави во доцниот среден век, кои се придружени од подготвена влада, христијанството и раѓањето на капитализмот. Оваа анализа расправа дека, додека големите европски држави (Франција и Шпанија) биле апсолутистички монархии, останатите биле под директна контрола на црквата, независните држави-републики на Италија ги презеле начелата на капитализмот изведени на свештенските сталежи и започнале огромна комерцијална револуција која ја наследила и финансирала ренесансата.
Потекло
[уреди | уреди извор]Латински и грчки фрази на ренесансниот хуманизам
[уреди | уреди извор]Општествени и политички структури на Италија
[уреди | уреди извор]Црна Смрт
[уреди | уреди извор]Културна состојба на Фиренца
[уреди | уреди извор]Особености
[уреди | уреди извор]Хуманизам
[уреди | уреди извор]На некој начин хуманизмот не бил филозофија, туку метод на учење. Како контраст на средновековната схоластика, која се фокусира на решавање противречности помеѓу авторите, хуманистите проучуваат антички текстови во оригинална форма и ги оценуваат низ комбинација од образложување и емпириски доказ. Хуманистичкото образование било засновано на програма од 'Studia Humanitatis', учење за петте хуманистички полиња: поезија, граматика, историја, етика и реторика. Иако повеќе историчари повеќепати се обиделе да го дефинираат хуманизмот попрецизно, повеќето се имаат одлучено со една „нецелосна дефиниција... движењето за повраќање, толкување и асимилирање на јазикот, книжевноста, учењето и вредностите на Стара Грција и Рим“.[17] Над сè, хуманистите го нарекуваат „генијалноста на човекот ... единствената и исклучителна способност на човечкиот ум.“[18]
Хуманистичките школари го обликувале интелектуалниот пејзаж низ раниот модерен период. Политички филозофи како Николо Макијавели и Томас Мор (1478 – 1535) ги оживеале идеите на грчките и римските мислители и ги примениле во критики за современата влада. Придонесот на Макијавели, во погледот на Исаија Берлин е всушност судбоносен пробив во западната политичка мисла доделувајќи единствено образложување на политиката и вербата што веројатно го прави татко на општествените науки.
Уметност
[уреди | уреди извор]Наука
[уреди | уреди извор]Јужна Европа
[уреди | уреди извор]Северна Европа
[уреди | уреди извор]Историографија
[уреди | уреди извор]Други ренесанси
[уреди | уреди извор]Поврзано
[уреди | уреди извор]„Ренесанса“ на Ризницата ? |
- Хуманизам
- Протестантска реформација
- Научна револуција
- Висока ренесанса
- Ренесансна уметност
- Ренесансна архитектура
Извори
[уреди | уреди извор]- Burckhardt, Jacob (1878), The Civilization of the Renaissance in Italy, trans S.G.C Middlemore (republished in 1990 under ISBN 0-14-044534-X)
- The Cambridge Modern History. Vol 1: The Renaissance (1902) Архивирано на 3 јануари 2005 г.
- Ergang, Robert (1967), The Renaissance(ISBN 0-442-02319-7)
- Ferguson, Wallace K. (1962), Europe in Transition, 1300-1500 Архивирано на 28 јуни 2011 г. (ISBN 0-04-940008-8)
- Haskins, Charles Homer (1972), The Renaissance of the Twelfth Century (ISBN 0-674-76075-1)
- Huizinga, Johan (1924), The Waning of the Middle Ages (republished in 1990 under ISBN 0-14-013702-5)
- Jensen, De Lamar (1992), Renaissance Europe (ISBN 0-395-88947-2)
- Lopez, Robert S. (1952), Hard Times and Investment in Culture
- Thorndike, Lynn (1943) Renaissance or Prenaissance?
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Фиренца: Виртуелно патување низ градот на ренесансата (англиски) (италијански)
- Идејата на ренесансата Архивирано на 9 октомври 2007 г. (англиски)
- Леонардо да Винчи, галерија на слики и скици Архивирано на 5 октомври 2017 г. (англиски)
- Ранонововековна култура - Он-лајн семинар Архивирано на 20 април 2006 г. (англиски)
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Renaissance, Online Etymology Dictionary“. Etymonline.com. Посетено на 2009-07-31.
- ↑ BBC Science & Nature, Leonardo da Vinci Посетено на 12 мај 2007
- ↑ BBC History, Michelangelo Посетено на 12 мај 2007
- ↑ Burke, P., The European Renaissance: Centre and Peripheries (Blackwell, Oxford 1998)
- ↑ Strathern, Paul The Medici: Godfathers of the Renaissance (2003)
- ↑ Encyclopedia Britannica, Renaissance, 2008, O.Ed.
- ↑ Har, Michael H. History of Libraries in the Western World, Scarecrow Press Incorporate, 1999, ISBN 0-8108-3724-2
- ↑ Norwich, John Julius, A Short History of Byzantium, 1997, Knopf, ISBN 0-679-45088-2
- ↑ Brotton, J., The Renaissance: A Very Short Introduction, Oxford University Press, 2006.
- ↑ Huizanga, Johan, The Waning of the Middle Ages (1919, trans. 1924)
- ↑ Starn, Randolph. "Renaissance Redux" The American Historical Review Vol.103 No.1 p.124 (Subscription required for JSTOR link)
- ↑ The Idea of the Renaissance Архивирано на 28 мај 2010 г., Richard Hooker, Washington State University Website (Посетено на May 2)
- ↑ Perry, M. Humanities in the Western Tradition Архивирано на 29 април 2009 г., Ch. 13
- ↑ Open University, Looking at the Renaissance: Religious Context in the Renaissance (Посетено на 10 мај 2007)
- ↑ Open University, Looking at the Renaissance: Urban economy and government (Retrieved 15 мај 2007)
- ↑ Stark, Rodney, The Victory of Reason, Random House, NY: 2005
- ↑ Burke, P., The spread of Italian humanism, in The impact of humanism on western Europe, ed. A. Goodman and A. MacKay, London, 1990, p. 2.
- ↑ As asserted by Gianozzo Manetti in On the Dignity and Excellence of Man, cited in Clare, J., Italian Renaissance.
|
|
|