Прејди на содржината

Рио Фердинанд

Од Википедија — слободната енциклопедија
Рио Фердинанд
Лични податоци
Полно име Рио Гејвин Фердинанд[1]
Роден на 7 ноември 1978(1978-11-07)(46 г.)
Роден во Денмарк Хил, Лондон, Англија
Држава Англија Англија
Висина 1,95 м[2]
Играчки податоци
Позиција одбрана
Повлекување 30 мај 2015
Младинска кариера
1992–1996 Вест Хем Јунајтед Вест Хем Јунајтед
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
1996–2000 Вест Хем Јунајтед Вест Хем Јунајтед 127 (2)
1996–1997Борнмут Борнмут 10 (0)
2000–2002 Лидс Јунајтед Лидс Јунајтед 54 (2)
2002–2014 Манчестер Јунајтед Манчестер Јунајтед 312 (7)
2014–2015 КПР КПР 11 (0)
Репрезентација
1996–1997 Англија Англија „U18“ 7 (0)
1997–2000 Англија Англија 21 5 (0)
1997–2011  Англија 81 (3)
* Ажурирано на: 18:14, 2 септември 2012 (UTC)
** Ажурирано на: 12:17, 18 ноември 2010 (UTC)

Рио Гејвин Фердинанд (роден на 7 ноември 1978) — англиски фудбалер. Тој игра на позицијата централен одбранбен играч и во моментов настапува за Манчестер Јунјатед во Премиер лигата. Тој има одиграно вкупно 81 натпревар за Англија а воедно бил и учесник на три Светски првенства.

Федринанд ја започнал својата фудбалска кариера играјќи за различни младински фубалски екипи, за конечно да заигра за Вест Хем Јунајтед каде што напредувал преку младинските редови за во 1996 година да го забележи своето професионално деби во Премиер лигата. Тој набргу станал омилен меѓу навивачите на клубот, и ја добил таканаречената награда Чекан на годината (Hammer of the Year) веќе наредната сезона. Потоа, тој го направил своето деби и во сениорската репрезентацијата во 1997 година во натпревар против Камерун, поставувајќи рекорд за најмлад одбранбен играч кој играл за репрезентацијата на Англија дотогаш. Неговите достигнувања и потенцијалот кој го поседувал биле интересни за тимот на Лидс Јунајтед, па тој преминал во редовите на белите за рекордна сума од 18 милиони фунти. По изминати две сезони како играч на Лидс во 2001 година тој станал капитен на клубот од Западен Јоркшир.

Во јули 2002 година, Фердинанд потпишал за Манчестер Јунајтед за сума од околу 30 милиони фунти, со што уште еднаш го надминал рекордот за најскап трансфер. Во неговата прва сезона во клубот тој ја освоил Премиер лигата што бил негов прв поголем клупски успех. Во септември 2003 година тој пропуштил да се појави на допинг тест поради што бил казнет со отсуство од натпреварувањето од осум месеци од јануари па сè до септември 2004 година. Тој пропуштил половина сезона во Премиер лигата, триумфот на Манчестер Јунајтед во ФА Купот како и квалификациите за Европското првенство во 2004 година. По неговото враќање, тој се промовирал во првиот тим на Јунајтед и добивал честитки за неговите игри, влегувајќи во Тимот на годината во Премиер лигата трипати во четири години. Друг позабележителен клупски успех имал во сезоната 2006-2007 освојувајќи ја Премиер лигата и во годината што следела после таа кога со клубот освоил двојна титула (уште еден наслов во Премиер лигата и неговиот прв во Лигата на шампионите).

Фердинанд заедно со неговата сопруга Ребека Елисон имаат три деца, Лоренц, Тејт и Тиа. Тој е роден во фудбалска фамилија: неговиот брат Антон Фердинанд е исто така центарален одбранбен играч и во моментов настапува за Бурсаспор, а поранешниот англиски репрезентативец, напаѓачот Лес Фердинанд е негов братучед како и играчот од средината на теренот на Питерборо Кејн Фердинанд. Надвор од теренот тој е вклучен во младински добротворни организации, филмови, музика и теливизија вклучувајќи ја и комичната серија „Rio’s World Cup Wind-Ups“.

Рани години

[уреди | уреди извор]

Почетни години и образование

[уреди | уреди извор]

Фердинанд е роден во Денмарк Хил, Лондон, но израснал во Пекам. Тој е син на Џанис Лавендер и Џулиан Фердинанд (по потекло од Света Луција). Фердинанд пораснал во дел од машки манастир во Пекам како дел од голема фамилија. И двата негови родители работеле за да го издржат семејството, неговата мајка како негувателка на деца, додека неговиот татко како кројач. Неговите родители никогаш не се венчале и се разделиле кога тој имал 14 години. Неговиот татко останал блиску, се преселил во близина на имотот, и бил подготвен да остане вклучен во животот на неговите деца, носејќи ги да тренираат фудбал и во локалните паркови. Учел во основното училиште Камелот и бил енергично дете кое покрај други како херои ги имал Мајк Тајсон и Диего Марадона.

Фердинанд бил добро воспитан и бил среќно дете но исто така требало да учи да живее без луксузи во сиромашниот Пекам, област во Лондон каде што скоро половина од населението е категоризирано како сиромашно или на граница на сиромаштија. Насилството и криминалот биле вообичаена појава во областа каде што тој живеел. Како и да е, тој воглавно ја одбегнал темната страна на сосетството. На училиште, се фокусирал на математика и имал можност да настапи пред публика за време на школската изведба на Багзи Малоун. Тој исто така ги импресионираше неговите соученици со вештината која ја поседувал на игралиштето, редовно играјќи фудбал, сонувајќи да стане професионалец и да посети нови места.

Секогаш како дете сакав да направам нешто поинаку, се досадував многу лесно, дури и кога играв фудбал или се дружев со другарите. Па во патувањето далеку од дома и запознавањето нови луѓе.... Уживав.

Тој одлучил да му се приклучи на училиштето Blackheath Bluecoat, училиште нешто поодалечено од неговата куќа, со цел да запознае нови пријатели и се вклопил добро, чувствувајќи како да му расте самодовербата. Неговата втора година ја одбележала смртта на неговиот другар, Стивен Лоренс, а тој настан го демонстрира присуството на насилство. Фердинанд имал физичка енергија која ја користел не само во фудбалот и гимнастичките спортови туку и во драмата, театарот и балетот исто така. Тој бил дете со можности: тој го претставуваше Саутварк во гимнастика на младинските игри во Лондон, до својата 10 година бил поканет да тренира во академијата на Квинс Парк Ренџерс, a на 11 годишна возраст тој добил стипендија да присуствува во Централното училиште за балет во Лондон. Тој присуствувал на часовите за балет, патувајќи во центарот на градот четири дена неделно цели четири години. Како и да е, додека часовите сигурно му го подобрувале балансот, неговата желба била професионалниот фудбал.

Младинска кариера

[уреди | уреди извор]

Супериорните фудбслски способности на Фердинанд биле евидентни уште од дете, кога тој имал 11 години младинскиот тренер, Дејвид Гудвин, му рекол: ,,Ќе те викам Пеле сине, бидејќи го сакам начинот на кој играш.” Фердинанд редовно играл за младинските тимови а во Елтам Таун играл како офанзивен играч за врска но тимските скаути, наместо тоа, во него виделе физички потенцијал потребен за ценрален одбранбен играч. Тимовите се натпреварувале за услугите на младиот фудбалер па за време на млдоста тој тренирал со голем број клубови: Чарлтон Атлетик, Челзи, Милвол и Квинс Парк Ренџерс. Фердинанд бил љубопитен за различни места па патувал дури до север, каде присуствувал во тренинг кампот на Мидлзборо, поминувајќи добар дел од училишните распусти таму.

Лондонскиот тим Вест Хем Јунајтед требало да биде неговиот прв фудбалски дом, но како и да е, тој му се прилучил на младинскиот систем на клубот во 1992 година. Тој го потпишал првиот младински договор во јануари 1994 година и играл заедно со фудбалери како Френк Лампард во академијата. Во очекување на успеси на клупско ниво, исто така започнала неговата репрезентативна карирера кога на 16 години тој и се приклучил на англиската младинска репрезентација во групите за Европското првенство, добивајќи го првото искуство во интернационалните натпреварувања.

Сениорска кариера

[уреди | уреди извор]

Вест Хем Јунајтед

[уреди | уреди извор]

Првично забележан од скаутот Френк Лампард Сениор, Фердинанд се пробивал низ младинските тимови, заработувајќи професионален договор и место во првиот тим. На 5 мај 1996 година, Фердинанд го забележал неговото деби за првиот тим, откако влегол како измена за Тони Коти во последниот натпревар на чеканите во сезоната, во ремито 1-1 на домашен терен со Шефилд Венздеј. Во сезоната 1997-98, Фердинанд ја добил наградата ,,Чекан на годината” на возраст од само 19 години.

Лидс Јунајтед

[уреди | уреди извор]

Фердинанд му се приклучил на премиерлигашот Лидс Јунајтед во ноември 2000 година за 18 милиони £, дотогаш рекорден трансфер во Британија како и најскап одбранбен играч во светот. И покрај непријатниот старт на неговата кариера на Еланд Роуд, започнувајќи со пораз од Лестер Сити од 3-1 на неговото деби, Фердинанд добро се вклопил добро и станал клучен дел од тимот на Лидс кој стигна до полуфиналето на Лигата на шампионите, постигнувајќи гол со глава во четвртфиналето против шпанската Депортиво Ла Коруња. Други достигнувања за време на неговиот престој во Западен Јоркшир се головите против Ливерпул на Енфилд и голот кој го постигна на неговото враќање на Аптон Парк. Наредната сезона, во август 2001 година, тој станал капитен на клубот откако го заменил во оваа должност Лукас Радебе и забележал импресивни настапи во вториот дел на кампањата, и покрај тоа што Лидс не успеал да се избори за место во првопласираните четири тима и да избори квалификации за натпреварувањето во кое фигурираа толку забележително претходната сезона. За време на Светското првенство 2002-та, почнале да се слушаат гласини дека клубот бил во голема финансиска криза и дека нивниот нов менаџер Тери Венеиблс ќе биде принуден да се раздели со неговиот главен одбранбен играч за одредена сума пари. Подоцна истото лето после импресивните настапи на Светското првенство за Англија, Лидс ја прифатил понудата од 29,1 милиони фунти кој ја испратил Манчестер Јунајтед за Фердинанд, како резултат пред сè на нивната финансиска состојба.

Манчестер Јунајтед 2002- 2007 година

[уреди | уреди извор]
Фердинанд во Манчестер Јунајтед

На 22 јули 2002 година, Фердинанд му се приклучил на еден од најуспешните тимови во Премиер лигата, Манчестер Јунајтед, потпишувајќи петгодишен договор. Со овој договор тој станал најскапиот британски фудбалер во историјата, а воедно и наскапиот одбранбен играч во светот по вторпат, титлула која ја имал загубено само во 2001 година од Лилијан Тирам. Цената вклучувала основен елемент од 20 милиони фунти, и некои последователни елементи кои дозволувале на Лидс да му соопшти на навивачите дека го продале за повеќе од 30 милиони фунти. Подоцна Лидс Јунајтед добиле еднократно плаќање вклучувајќи ги сите елементи кога биле очајни за пари за време на финансиската криза. Конечната вредност на договорот на Фердинанд со Манчестер Јунајтед достигнала до 34 милиони фунти. Оваа сума вклучувала и такси за агенти, со што Лидс доби нешто под 30 милиони фунти. Фердинанд ја освои Премиер лигата со Манчестер Јунајтед во неговата прва сезона во клубот. Тој исто така добил медал наменет за победникот во Лига купот во 2006 година, а бил и вицешампион во Лига купот во 2003 година и во ФА Купот во 2005 година. Во септември 2003 година тој не се појавил на допинг тест, истакнувајќи дека заборавил бидејќи бил презафатен со селењето на куќата и наместо тоа бил да купува. Дисциплинскиот комитет на ФА на чело со Бари Брајт му доделила осум месечна суспензија од јануари 2004 година за клупски и интернационални настапи и казна од 50.000 фунти, што значеше дека ќе го пропушти остатокот од сезоната и почетокот на наредната заедно со Европското првенство во 2004 година. Манчестер Јунајтед поднел жалба против пресудата и се обидел да повлече паралели со случајот и пресудата на играчот на Манчестер Сити Кристијан Негуаи кој бил казнет со 2.000 фунти за пропуштање на тест. Како и да е, претседателот на ФИФА Сеп Блатер изјавил дека таква споредба е неприфатлива поради различностите во двата случаи. Негуаи бил заглавен во сообраќаен метеж и бил подготвен да полага тест, додека Фердинанд бил обвинет со ,,неуспех или одбивање” да присуствува на тестот. Двете и ФА и ФИФА барале суспензијата да се зголеми на 12 месеци. На крајот била усвоена првичната пресуда.

На 14 декември 2005 година Фердинанд го постигнал првиот гол за Манчестер Јунајтед во натпревар против Виган Атлетик, во победата од 4-0. Ова беше негов прв гол после повеќе од три години на Олд Трафорд. После ова следел гол со глава против Вест Бромвич Албион. Потоа тој постигнал гол во последната минута за победа против Ливерпул на Олд Трафорд, веројатно најважниот гол за Манчестер Јунајтед кој го има постигнато досега. Во друг натпревар во сезоната кој следел на 22 октомври 2006 година Фердинанд повторно потигна погодок за победа од 2-0.

После импресивните и постојани перфонманси во лигата, Рио бил избран во Тимот на годината во Премиер лигата за сезоната 2006-2007, заедно со седум од неговите соиграчи од Манчестер Јунајтед.

Фердинанд во двобој со Олоф Мелберг во натпревар против Јувентус

Фердинанд ја започна сезоната 2007-2008 година многу добро и беше дел од одбраната на Јунајтед која успеа во шест натпревари по рет да ја сочува својата мрежа во Премиер лигата, пред да примат гол во раната фаза од Астон Вила на Вила Парк на 20 октомври 2007 година. Исто така за време на овој натпревар Фердинанд го постигна својот прв гол во сезоната, што беше трет гол за Јунајтед на натпреварот, со удар со левата нога кој силно се одби од еден од одбраната на Астон Вила. Само три дена подоцна, Фердинанд го постигна својот прв гол за Јунајтед во Европа со отворање на резултатот против Динамо Киев , со одличен удар со глава. Јунајтед доминираше во натпреварот и победи со 4-2. На 12 ти јануари 2008 година Фердинанд заби редок гол во Премиер лигата во уништувањето од 6-0 на Њукасл Јунајтед на Олд Трафорд. На натпреварот од четврт финалето од Фа купот против Портсмунт на 8 март 2008 година кога Манчестер Јунајтед доминираше, Фердинанд забележа редок настап како голман откако Едвин ван дер Сар до напушти теренот поради повреда а неговата замена Томас Кусчак беше исклучен откако направи пенал. И покрај тоа што ја ибра точната страна не можеше да го одбрани ударот на Сали Мунтари од белата точка и Манчестер Јунајтед беа елиминирани од ФА купот. На 6 април 2008 година против Миделсброу, Фердинанд го напушти теренот поради повреда на стапалото. Беше нејасно дали ќе настапи на натпреварот против А.С. Рома во четвртфиналето на УЕФА Лигата на шампиони во реванш натпреварот на 9 април 2008 година. Тој ќе игра цели 90 минути иако ќе добие три конци на полувремето.

После поразот на Јунајтед од Челзи во Премиер лигата во април 2008 година Фердинанд лут на поразот, викаше на стујардите на Челзи и се обиде да удри во ѕидот во тунелот но наместо тоа ја удри Трејси Врај која беше стујарт на Челзи. Фердинанд тврдеше дека едвај ја допрел со ногата. Фердинанд кажа дека се извинал и и пратил цвеќе на стјујрадтката. Како и да е, Врај ја покажа модринката на нејзината нога во весниците и нејзиниот сопруг истакна дека Фердинад не се извинил и не испратил цвеќе.

Фердинанд како капитен за време на полуфиналето од Лигата на шампионите 2008-09

На 16 април 2008 беше соопштено дека заедно со Мајкл Керик и Вес Браун, Фердинанд се согласил да потпише нов петгодишен договор, вреден околу 130 000 илјади фунти неделно, кој ќе го обврзува со Јунајтед до 2013 година. Договорот беше официјално потпишан на 15 ти мај 2008 година. На 21 мај 2008 година, Фердинанд беше капитен на Јунајтед во триумфот во финалето на Лигата на шампиони против Челзи. Тој го прифати трофејот заедно со Рајан Гигс, откако Гигс беше капитен на теренот во повеќето натпревари во текот на сезоната поради оттсуството на Гери Невил поради повреда.

Во интервју со ББС Радио 5 во живо тој го критикуваше пристапот на ФИФА за отстранување на расизмот од фудбалот, тврдејчи дека недоволно се прави за казнување на виновниците за расистички навреди за време на натпреварите. Забележувајќи ги многуте на сметка на Емил Хески во победата на Англија на Хрватска во Загреб, Фердинанд забележа:

Хрватска беше казнета со неколку илјади. Што ќе направи тоа? Тоа нема да ги спречи луѓето да расистички и хомофобично да малтретираат... Ако работи како оваа продолжат да се случуваат ќе треба да им одземате бодови. Тогаш ќе сфатат дека тимот ќе биде казнет.

Фердинанд имаше повреда која го вознемируваше во сезоната 2009-2010, бројни повреди на грбот и коленото го држеа надвор од терените со месеци. Се врати во акција на 28 јануари 2010 година, но беше казнет со четири натпревари откако беше прогласен за виновен насилно однесување со играчот на Хул Сити Крег Фаган. Поради повредата на коленото која ја имаше летото во 2010 година, не настапуваше на Светското првенство за Англија, ги пропушти подготовките пред сезоната, натпреварот во Комјунити Шилд и првите четири натпревари во Премиер лигата во сезоната 2010-2011. Се врати во првиот тим на првиот натрпревар од Лигата на шампиони во фазата на групи против Ренџерс на 14 септември. Беше капитен на екипата и ги изигра сите 90 минути во ремито без голови.

Фердинанд ја започна сезоната на отворањето во август 2011 година, во Комјунити Шилд , каде што Јубајтед се најде во негатива од 2-0 на полувремето со градските соперници Манчестер Сити. Фердинанд беше изваден после 45 минути заедно со партнерот од одбраната Немања Видиќ и заменети со Џони Еванс и Фил Џонс. Јунајтед потоа го доби натпреварот со 3-2 и Фердинад го доби неговиот четврти медал во Комјунити Шилд во кариерата. Фердинанд беше стартер на отвоањето на Премиер лигата против Вест Бромвич Албион, натпревар кој Јунајтед го доби со 2-1, но го напушти теренот поради повреда на тетивата после 75 минути игра. После натпреварот Алекс Фергусон потврди дека Фердинанд ќе биде надвор од теренот шест недели. Како и да е Фердинанд се опорави многу побрзо од првичната дијагноза и зазеде место на клупата две недели подоцна на Олд Трафорд во рушењето на Јунајтед над Арсенал од 8-2, иако не играше во мечот. Фердинад се врати во акција во ремито од 1-1 против Стоук Сити на стадионот Британиа.

Репрезентативна кариера

[уреди | уреди извор]
Фердинанд со англиската репрезентација.

На возраст од 19 години и 8 дена Фердинанд го забележа својот прв настап за Англија како замена во пријателски натпревар против Камерун на 15 ти ноември 1997 година, со што стана најмладиот одбранбен играч кој играл за Англија во тоа време (рекордот е срушен во 2006 година од Мика Ричардс). Фердинанд требало да настапи дури и порано да не бил казнет за возење во пијана состојба. Во натрпреварот од квалификациите за Светското првенство во 1998 година против Молдавија, Фердинанд бил повикан за натпреварот и бил номиниран како стартер но поради возењето во пијана состојба талентираниот тинејџер боч исфрлен од составот. После импресивната сезона 1997-1998 беше повикан за Светското првенство во 1998 година како резервен играч од одбраната. Но не бил повикан во составот на Кевин Киген за Европското првенство во 2000 година.

После неговото преминување во Лидс Јунајтед за 18 милиони фунти, Фердинанд беше избран за стартер од привремениот менаџер Питер Тејлор во пријателски натпревар против Италија и набрзо со промовираше како прв избор под вотство на Свен-Горан Ериксон. Тој беше избран како еден од двајцата првотимци во централниот дел од одбраната во Светските првенства во 2002 година и 2006 година, носејќи го бројот 5 на дресот. Џон Тери (кој ќе му биде партнер повеќе години во одбраната) го замени Фердинанд во Англија за време на суспензијата од осум месеци до неговото враќање на 9 октомври 2004 година во квалификациите за Светско првенство против Велс. Фердинанд има одиграно десет мечеви за Англија на Светските првенства и беше заменет пред Хенрик Ларсон да постигне гол за Шведска на Светското првенство во 2006 година.

Песната на Дуран Дуран ,,Рио” беше употребувана за скандирања за и против Фердинанд, всушност, во 2002 година, навивачот Симон Ле Бон (главниот пејач на Дуран Дуран) вети дека ќе сними некоја од навивачките песни ако тимот победи. Како и да е, тимот неуспеа да победи и ветувањето никогаш немаше шанса да се оствари.

Фердинанд постигна три гола за Англија, првиот во втората рунда од Светското првенство во 2002 година против Данска(иако некои го впишуваат голот како автогол на Томас Соренсен). Вториот беше удар од непосредна близина кој го совлада Рускиот голман Вјачислав Малафеев во квалификациите за Европскот првенство во 2008 година против Русијана 12 ти септември 2007 година на Вембли. А третиот го постигна на 11ти октомври 2008 година во квалификациитеза ФИФА Светското првенство во меч на домашен терен против Казахстан. Англија победи 5-1. На 25 март 2008 година беше соопштено дека Рио ќе ја носи капитенската трака во вториот меч на Англија под вотство на Фабио Капело, наместо Џон Тери, Стивен Џерард или Дејвид Бекам, кој некои веруваа дека ќе биде назначен за капитен за да го одбележи стотиот настап за неговата земја. Изјавата на ФА сугерираше дека одлуката Фаердинанд да биде капитен била дел од планот на Капело да ја ротира капитенската лента пред некој да назначи за официјален капитен за квалификациите за Светското првенство во септември. На 19 август Фердинанд му ја препушти капитенската лента на Тери но беше назначен како заменик капитен од страна на Капело.

На 11 октомври 2008 годинаРио го постигна првиот гол во победата на Англија од 5-1 над Казахстан, со удар со глава во 52рата минута. Исто така беше и капитен на овој натпревар.

Една грешка во натпреварот помеѓу Англија и Украина во Днипро на 10 октомври 2009 година која доведе до исклучување на Роберт Грин ги наведе некои да се прасуваат за придонесот во составот. Недостатокот на натпревари за клубот и серија на грешки какви што правеше во неговите почетни денови како фудбалер водеа до критики за неговиот придонес од неколку корнери.

На 5 февруари 2010 година Фердинанд беше заменет од Џон Тери за капитен на Англија.

До јуни 2010 година имаше 78 настапи за репрезентацијата на Англија зад неговото име, на исто ниво со Ешли Кол и еден натпревар помалку од сега пензионираниот Џон Барнс како црн играч со најмогу настапи за Англија. Иако Фердинанд беше повикуван во последните четири состави на Англија за Светските првенства тој никогасш не беше на Европско првенство поради суспензијата за допинг тест и поради неуспехот на Англија да се квалификува на Европското првенство во 2008 година. И покрај проблемите со повредите на грбот и препоните кои го примораа да пропушти голем дел од сезоната 2009-2010 во домашното првенство, Фердинанд беше избран за капитен на Англија на Светското првенство во 2010 година. Како и да е, тој претрпи повреда на лигаментите на коленото за време на првиот тренинг со тимот во Јужна Африка на 4 ти јуни и беше веднаш отстранет од натпреварувањето. На 19 март 2011 годин, за време на квалификациите за ЕУРО 2012 против Велс, менаџерот Фабио Капело соопшти дека Џон Тери е реизбран за постојан капитен на Англија и дека Фердинанд ќе се врати на заменик капитенската функција.

Англија Манчестер Јунајтед

[уреди | уреди извор]

Надвор од фудбалскиот живот

[уреди | уреди извор]

Личен живот

[уреди | уреди извор]
Фердинанд во 2004

Фердинанд израсна во имот на машки манастир во Пекхам. Тој има неколку браќа и сестри, еден брат и три сестри он страната на татко му и брат и сестра од вториот брак на неговата мајка. Неговиот брат Антон Фердинанд е одбранбен играч во Квинс Парк Ренџерс, додека поранешниот Англиски напаѓач Лес Фердинанд и играчот за врска на Соутенд Јунајтед Кејн Фердинанд се негови братучеди. На 15 ти март 2008 година беше излезена информација дека полубратот на Рио, Џеремаја тренира со првиот тим на Јунјатед под надзор на Алекс Фергусон. Во 2006 година во Манчестер, девојката на Фердинанд Ребека Елисон се породи со нивниот син Лоренц. Додека Фердинанд беше на одмор во пријателите и фамилијата во Лас Вегас, во јули 2007 година, ја запроси Елисон и таа прифати. Парот го доби нивното второ дете, со име Тејт, во август 2008 година. Имињата на нивните деца се земени од имињата на едни од омилените глумечки двојки Лоренц Тејт. Нивното трето дете, девојче со име Тиа се роди во април 2011 година. Во 2010 година Фердинанд неуспешно го тужеше Дејли Мирор кој објавија приказна за афера со Карли Стори. За време на случајот беше објавено дека наводно капитенот на Англија Рио имал афери со десет различни жени.

Фердинанд го прецизираше неговото воспитување и изглед во книга која ја издаде во 2007 година, Рио: Мојата приказна. Фердинанд е еден од малкумината спортисти кои заработиле преку 1 милион фунти за нивната автобиографија.

Телевизија, филм и музика

[уреди | уреди извор]

Во 2005 година, Фердинанд, заедно со стар школски другар создаде издвачка куќа Вајт Чалк Мјузик. До денес, има три артисти потпошани: Мелоди Џонстон и Наи Џаи. Вториот објави албум на 6 октомври 2010 година, во кој рапува и Фердинанд.

Во јуни 2006 година на денот кога Англиската репрезентација го отвораше Светското првенство со меч притв Парагвај, Фердинанд дебитираше како телевизиски презентер. Во неговото шоу заедно со неговиот бизнис партнер Крис Натаниел, англискиот одбранбен играч се пронајде во стил на Џереми Бидл, изведувајќи трикови на сметка на колегите од репрезентацијата вклучувајќи ги Вејн Руни, Дејвид Бекам и Гери Невил.

Тој го направи своето прво деби во светот на кината во 2008 година, финансирајќи и станувајќи ексклузивен продуцент на филмот на Алекс де Ракоф, Мртвиот човек трча. Во филмот глумеа Дени Даер и Фифти Сент и беше со ганкстерска софржина. Фердинанд ги дели заслугите за продукцијата со неговиот соиграч од Англија Ешли Кол. Во 2008 година Фердинанд сними документарен филм за Пекхам, со цел да ги тргне младите подалеку од криминалот. На 16 јануари 2009 година беше објавено дека ќе работи со издавачка компанија Мејд Уп Медиа и издаде дигитален магазин.

Контроверзи

[уреди | уреди извор]

Во септември 1997 година, Фердинад беше обвинет за возење во пијана состојба и беше казнет со едногодишна забрана за возење. Беше фатен откако возеше во утрото после ноќ помината во ноќен клуб. Ова обвинение предизвика Англискиот менаџер Глен Ходл да го изостави Фердинанд од составот кој се соочуваше со Молдавија во квалификациите за Светското првенство на 10 септември, што значеше дека ја пропушти шансата да стане најмлад Англиски фудбалер со настап во репрезентацијата на со 18 години и 10 месеци од Данкан Едвардс. Во 2000 година Фердинанд се појави во сексуално видео снимено на ресортот Аја Напа на Кипар заедно со неговите соиграчи од репрезентацијата Кирон Даер и Френк Лампард. Канал 4 емитуваа клип како дел од нивната документарна програма Секс, Фудбалери и Видеоленти во 2004 година.

Во мај 2005 година Фердинанд беше беше критикуван откако ја доби четвртата казна за возење и казна од 1500 фунти, откако беше фатен од полицијата за брзо возење на магистралата М6.

Во пресрет на судскиот процес во кој беа вклучени Џон Тери и братот на Рио Антон Фердинанд, во кој Тери беше прогласен за невин за расистичко вознемирување, Рио ја разбранува јавноста со објавувањето на коментар на твитер кој беше наменет за Ешли Кол, кој сведочеше во корист на Тери декае Црнец само однадвор сленг кој се значи црн по кожа бел по душа. Фердинанд ја избриша изјавата накусо од што ја објави и негираше дека е расистички израз, додавајќи: ,,И ако сакам да се изнасмеам на нешто или некој .... Ќе направам! Хахахахахах! А сега престанете да гаѓате по моите твитови! ” Адвокатот на Ешли Кол се огради од дискусија за статусот и што се појави на твитер и посака да го разјаснат тоа Рио Фердинанд и Ешли Кол бидејќи се добри пријатели и нема никава намера да се жали за тоа. Зборовите на Фердинанд беа оценети како ,, нечуствителни и ненавремени” од страна на Кларк Карсли.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]
  1. „Тимови од Премиер лигата ги доставуваат списоците на играчи“ (PDF). PremierLeague.com. „Premier League“. 2 февруари 2012. стр. 23. Архивирано од изворникот (PDF) на 2012-02-27. Посетено на 2 февруари 2012.
  2. [Профил на играч], „The Premier League“. Проверено на 7 август 2011.