Рурик
Рурик | |
---|---|
Принц на Новогород | |
На престол | 864–879 |
Претходник | none |
Наследник | Олег |
Почивалиште | ? |
Деца | Игор I |
Династија | Династија Рурик |
Вероисповед | паганство |
Рурик (старословенски: Рюрикъ; старонордиски: Hrøríkʀ; –879?) бил првиот руски кнез кој се споменува во историските извори.
Живот
[уреди | уреди извор]„Хроника“ известува дека во 862 година на просторот меѓу земјите од Западна Двина и Бело Езеро живееле неколку племиња. Тие племиња го повикале Варангијан Рурик да владее и да воспостави ред, правда и одбрана во нивните земји.
На старословенски јазик тоа изгледа вака:
[6370 (862)] Изъгнаша Варѧги за море и не даша имъ дани. и почаша сами собѣ володѣти. и не бѣ в нихъ правдъı. и въста родъ на родъ . [и] бъıша в них̑ усобицѣ. и воєвати почаша сами на сѧ [и] рѣша сами в себѣ. поищемъ собѣ кнѧзѧ. иже бъı володѣлъ нами. и судилъ по праву. [и] идаша за море къ Варѧгомъ к Русı... рѣша. Русь. Чюдь [и] Словѣни. и Кривичи. всѧ землѧ наша велика и ѡбилна. а нарѧда в неи нѣтъ. да поидѣте кнѧжитъ и володѣти нами.
Според една верзија, Рурик веднаш дошол во Велики Новгород, според друга – прво дошол во градот Ладога, а потоа го изградил Новгород.
„Хроника“ споменува дека Рурик ја зел со себе војската и двајцата браќа Синеус и Трувор.
и изъбращасѧ . г҃ . братьӕ . с родъı своими. [и] поӕша по собѣ всю Русь. и придоша старѣишии Рюрикъ [сѣде Новѣгородѣ]. а другии Синеоусъ на Бѣлѣѡзерѣ. а третии Изборьстѣ. Труворъ.
Рурик умрел во 879 година. Го оставил малиот син Игор.
Рурик е основач на династијата „Руриковичи“. Последен од неа бил Иван IV Грозни.
Некои историчари го поистоветуваат со викингот Рурик Јитланд(ски) кој го напаѓал атлантскиот брег на Европа кон средината на 9 век. Други, пак, со помош на информации на рускиот историчар Василие Татишчев, укажуваат на тоа дека принцот Рурик бил кнез на словенскиот племенски сојуз Бодричи.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- http://ru-mo.ucoz.ru/publ/32
- http://www.hrono.ru/biograf/bio_r/ryurik.php
|