Светни светлина (филм)
„Светни светлина“ | |
---|---|
Режисер | Мартин Скорсезе |
Продуцент | Стив Бинг Мајкл Кол |
Главни улоги | Мик Џегер Кит Ричардс Чарли Вотс Рони Вуд Кристина Агилера Бади Гај Џек Вајт |
Музика | Ролинг Стоунс |
Кинематографија | Елен Курас Мичел Амундсен Стјуарт Драјбург Роберт Елсвит Ендрју Лесни Имануел Лубецки Џон Тол Роберт Ричардсон |
Монтажа | Дејвид Тедески |
Дистрибутер | - САД - Paramount Vantage - ВБ/Аус/НЗ - 20th Century Fox |
Премиера | 4 април 2008 |
Времетраење | 122 минути |
Земја | САД |
Јазик | англиски |
Буџет | $1,000,000 |
„Светни светлина“ е филм од 2008 режиран од Мартин Скорсезе кој документира два настапа во 2006 година на рокенрол бендот Ролинг Стоунс како дел од нивната „A Bigger Bang" турнеја. Истовремено филмот вклучува и архивски снимки од кариерата на бендот. Филмот е насловен според истоимената песна која е дел од нивниот албум „Бегство од главната улица“ (анг. Exile on Main St.) од 1972 година. Албум од звучната лента на филмот е издаден во април 2008 година од Јуниверсал.
Скорсезе ги снимил Ролинг Стоунс за време на нивните концерти во Њујорк на 29 октомври и 1 ноември 2006 во театарот „Beacon“. На концертните снимки им претходи краток полудраматизиран вовед за подготовките за настапот, вкрстен со историски исечоци од вести и интервјуа со членовите на бендот. Настапите, кои биле додадени на турнејата поради снимањето на филмот, вклучиле поинаква список на песни од типичната листа изведувана на другите концерти од турнејата, а во публиката се појавуваат познати личности како Бил Клинтон и Александар Кважњевски. Филмот исто прикажува заеднички настап на бендот со Бади Гај, Џек Вајт и Кристина Агилера.
Позади сцената, за време на настапот на 29 октомври, Ахмет Ертегун се здобил со повреди на главата од кои подоцна починал. Поради тоа, филмот му е посветен на Ертегун.
Оваа статија филм е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
|