Семрежен услужник
Семрежен услужник (ISP, од анг. internet service provider) — фирма која им нуди на своите клиенти пристап до семрежјето.[1]. Семрежниот услужник ги поврзува своите корисници на Интернет, користејќи технологија за пренос на податоци, соодветна за доставување на семрежен протокол пакети или рамки, како што се dial-up, DSL, кабелско семрежје, безжичен или посветен на големобрзински интерврски.
Овие услужници може да обезбедат сметки за е-пошта на корисниците што им овозможува да комуницираат еден со друга со праќање и примање на електронски пораки преку нивните служби за семрежни услужници. Услужните можат да обезбедат услуги како што се далечинско складирање на податотеки со податоци во име на своите клиенти, како и други услуги, единствени за секој поединечен услужник.
Краен корисник на врската
[уреди | уреди извор]Услужниците користат голем број на технологии за да им овозможат на потрошувачите да се поврзат на нивните мрежи.
За корисниците и малите бизниси, во најпопуларни опции спаѓаат dial-up, DSL (или Асиметрична дигитална претплатничка линија, ADSL), широкопојасен безжичен интернет, кабелски интернет, FTTH и интегрирани служби за дигитални мрежи (ISDN) (основна стапка на интерфејс). За клиентите со покомплицирани барања, како што се средни, до големи бизниси или другите услужници, DSL (често SHDSL или ADSL), Етернет, Metro Ethernet, Gigabit Ethernet, Frame Relay, ISDN (BRI или PRI), ATM, Сателитски интернет пристап и синхрони оптички мрежи се најсоодветни за користење.
Типични врски за домашно користење
- Широкопојасен безжичен пристап
- Кабелски
- Тонски (на бирање, наречен и dial-up)
- ISDN
- Модем
- DSL
- FTTH
- Wi-Fi
Типични врски за деловни корисници
- Дигитална претплатничка линија (ДПЛ)
- Етернет технологии
- Изнајмена линија
- SHDSL
Место
[уреди | уреди извор]При користење на ISDN или dial-up метод на поврзување, семрежниот услужник не може да ја утврди физичката локација на повикувачот, освен користење на бројот којшто се пренесува преку соодветна форма на Caller ID; Целосно е возможно да се поврзете на пример со услужникот кој се наоѓа во Мексико и во САД. Другите начини на поврзување, како што се кабел или DSL побаруваат фиксна регистрирана јазол врска која што е поврзана со услужникот преку физичка адреса.
ИСП интерврска
[уреди | уреди извор]Како што клиентите плаќаат на услужникот за пристапот до интернет, така и самиот услужник плаќа на погорните услужници за пристап на интернет. Погорните услужници обично имаат поголема мрежа од договорниот услужник и/или се способни да го снабдат договорниот услужник со пристап до делови од интернетот до кои самиот договорен услужник не може да пристапи.
Во наједноставен случај, една врска е воспоставена со погорниот услужник и се користи за пренос на податоци до или од области на Интернет надвор од домашната мрежа. Овој начин на поврзување е честопати повторуван каскадно сè додека не се постигне пренесување на ниво 1. Во реалноста, оваа ситуација е малку посложена. Услужниците со малку повеќе од една точка на присуство (PoP), може да имаат повеќе оддлени врски со погорните услужници во повеќе точки на присуство (PoP), или може да бидат корисници на повеќе услужници и може да имаат врски преку секој од нив во една или повеќе точки на присуство.
Делење
[уреди | уреди извор]Услужниците може да се вклучат во делење (peering), каде што повеќе услужници се спојуваат во точки за споделување или точки за размена на интернет (IXS) овозможувајќи насочување на податоците помеѓу секоја мрежа без надополнување еден со друг за пренесените податоци-податоци кои инаку би поминале преку трет услужник кој е на повисоко ниво, правејќи му трошоци на погорниот услужник. Услужниците не побаруваат подигање на податоци и имаат само корисници (крајни корисници и/или колегите од ИСП) кои се нарекуваат Ниво 1 ИСП. Мрежниот хардвер, софтвероот и спецификациите, како и стручноста со управувањето со мрежата се важни за да се осигураме дека податоците протекуваат по сигурен пат и нагорните врски работат сигурно. Можно е губење на цената и ефикасноста.
Виртуелен услужник
[уреди | уреди извор]Виртуелен услужник е операција која купува услуги од друг услужник (понекогаш се нарекува „големопродажен услужник“ во овој контекст)[2] што им овозможува на клиентите на виртуелниот услужник пристап на Интернет со користење на услугите и инфраструктурите кои се во сопственост и управувани од големиот услужник.
Бесплатен услужник
[уреди | уреди извор]Бесплатни услужници се оние коишто обезбедуваат услуги бесплатно. Многу слободни услужници прикажуваат реклами додека корисникот е приклучен на интернет, како комерцијална телевизија, во некоја смисла тие го продаваат вниманието на корисникот на рекламаторот. Други бесплатни услужници често се нарекуваат freenets, работат на непрофитна основа, обично со доброволен кадар.
Слични услуги
[уреди | уреди извор]- Широкопојасен пристап
- Фиксен безжичен пристап
- Кабелски пристап
- Triple Play
- Вдомување
- Вдомување на мрежни места
- Вдомување на е-пошта
- Вдомување на DNS
- Динамичен DNS
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Definition on The Free Dictionary
- ↑ „Amazing.com "Hooking up to the Internet"“. Архивирано од изворникот на 2008-12-19. Посетено на 2011-01-15.