Сладок компир
Сладок компир | |
---|---|
Цвет на сладок компир | |
Слатки компири | |
Научна класификација | |
Царство: | Растенија |
Нерангирано: | Скриеносеменици |
Нерангирано: | Евдикоти |
Нерангирано: | Астериди |
Ред: | Зрновидни |
Семејство: | Повивки |
Род: | Слак |
Вид: | Сладок компир |
Научен назив | |
Ipomoea batatas (L.) Lam. |
Сладок компир или батат (науч. Ipomoea batatas) — дикотиледонско растение од фамилијата повивки (Convolvulaceae). Неговите скробести слатки кртоли се важен коренест зеленчук во исхраната на разни народи.[1][2] Младите листови и фиданки понекогаш се консумираат како зелје. И покрај називот, слаткиот компир не е близок сродник на компирот (Solanum tuberosum).
Родот слак (Ipomoea) што го содржи слаткиот компир опфаќа и други слични растенија што не јадат, туку се одгледуваат како градинарско цвеќе.
Растението е билен повеќегодишен ползавец со наизменични срцевнидни или длаковидно назабени листови и сраснатовенечни цветови со средна големина. Коренот (кртулата) е издолжен и зашилен и има мазна лушпа чија боја може да биде жолта, портокалова, црвена, кафеава, виолетова или драп. Внатрешноста може да биде нијанса од драп до бела, црвена, розова, жолта, портокалова или виолетова. Сортите со бела и светложолта внатрешност се понеутрални по вкус, додека црвените, виолетовитеи портокаловите се послатки.[3]
Хранлива вредност на 100 г | |
---|---|
Енергија | 360 kJ (86 kcal) |
20,1 г | |
Скроб | 12,7 г |
Шеќери | 4,2 г |
Влакна | 3,0 г |
0.1 г | |
1,,6 г | |
Витамини | |
Витамин А (екв.) | (89 %) 709 μг(79 %) 8.509 μг0 μг |
Тиамин (Б1) | (9 %) 0,1 мг |
Рибофлавин (Б2) | (8 %) 0,1 мг |
Ниацин (Б3) | (4 %) 0,61 мг |
Пантот. кис. (Б5) | (16 %) 0,8 мг |
Витамин Б6 | (15 %) 0,2 мг |
Фолна кис. (Б9) | (3 %) 11 μг |
Витамин Ц | (3 %) 2,4 мг |
Витамин Е | (2 %) 0,26 мг |
Минерали | |
Калциум | (3 %) 30,0 мг |
Железо | (5 %) 0,6 мг |
Магнезиум | (7 %) 25,0 мг |
Фосфор | (7 %) 47,0 мг |
Калиум | (7 %) 337 мг |
Натриум | (4 %) 55 мг |
Цинк | (3 %) 0,3 мг |
| |
Постотоците се приближно пресметани според препораките за возрасни лица во САД. Извор: База за хранливост — USDA |
Потекло и распределеност
[уреди | уреди извор]Слаткиот компир потекнува од Средна или Јужна Америка, каде е воедно и одомаќинет,[4] Во а познато е дека во Средна Америка се одгледува веќе 5.000 години.[5] Во Перу (Јужна Америка) постојат наоди од слаткиот компир што датираат од 8000 п.н.е.[6]
Стручната јавност[7] смета дека слаткиот компир поточно потекнува од подрачјето помеѓу полуостровот Јукатан во Мексико и устието на реката Ориноко во Венецуела и дека припитоменото растение веќе било распространето низ Карибите и Јужна Америка во 2500 п.н.е.
Според статистиките на Организацијата за исхрана и земјоделство на ООН (ФАО), вкупното светско производство во 2004 изнесувало 127 милиони тони.[8] Највеќе се произведува во Кина (105 милиони тони од насади со површина од 49.000 км2). Приближно половината од приносот во Кина се користи како сточна храна.[5]
Најголемо произдводство по глава на жител имаат земјите кајшто слаткиот компир е есновна храна: Папуа Нова Гвинеја (500 кг по човек годишно)[9] Соломонските Острови (160 кг), Бурунди и Руанда[10] (130 кг) и Уганда (100 кг).
Во Нов Зеланд годишно се произведуваат над 20.000 тони сладок компир, кој локално се нарекува „кумара“ (маорски: kūmara и се одлгедувал како главна прехранбена култура долго пред доселувањето на европејците.[11]
Одгледување
[уреди | уреди извор]Растението не трпи мраз. Најдобро успева на просечна температура од 24 °C, многу сонце и топли ноќи. Најпогодно количество на врнежи е 750-1000 мм годишно, а најмалку 500 мм во вегетативниот период. Околу 50–60 дена по засадувањето, кртолата ги пушта првите никулци и тогаш е мошне чувствителна на суша, но исто така не трпи премногу вода, што може да ја изгние кртолата. Растот се намалува доколку почвата не е добро проветрена.[12]
Зависно од сортата и условите, кртолата созрева за два до девет месеци. Доколку се посвети внимание, раносозревачките сорти можат да се одлегуваат како едногодишна летна култура во умерени подрачја. Слаткиот компир ретко цвета кога денот е подолг од 11 часа, што е редовна состјба во тропите. Расадувањето се врши со режење на стеблото или корењата or root cuttings или со адвентивни корења што изникнуваат од кртулите кога веќе се складирани. Семето се користи само за размножување.
Слаткиот компир добро успева во најразлични услови и нема природни штетници, па затоа ретко се јавува потребата од пестициди. Виреат во најразлични почви, но треба да бидат добро исцедени, лесни до средни по густина и, по можност, со киселост од 4,5 до 7,0 pH.[2] Успеваат дури и во сиромашни почви со мошне малку ѓубриво. Извесен недостаток е тоа што растението воопшто не трпи алуминиум во почвата и умира во рок од шест недели доколку ваквата почва не се налее со вар.[2] Слаткиот компир е лесен за садење бидејќи се одгледува од изрежани фиданки наместо од семиња. Плевењето е сведено на минимум бидејќи растението се шири мошне бргу и со тоа ги засенува несаканите штети растенија. Во тропите, растението може да се одлегува на земја и да се бере по потреба, но во умерените краишта истото се одлегува на поголеми насади и се бере пред доаѓањето на првиот мраз.
Принос
[уреди | уреди извор]Во 2010, просечниот принос на сладок компир на светско ниво изнесувал 13,2 тони по хектар. Најголем принос по единица површина има во Сенегал, со просек од 33,3 тони по хектар.[13] Во Израел се забележани и проноси од 80 тони по хектар.[14]
Хранливи состојки
[уреди | уреди извор]Покрај скробот, слаткиот компир содржи сложени јаглехидрати, прехранбени влакна, бета-каротин (витамин А, витамин Ц и битамин Б6. Розовите, жолтите и зелените сорти имаат најмногу каротин.
При споредувањето со другите зеленчуци, утврдено е дека слаткиот компир е на прво место по содржината на прехранбени влакна, сложени јаглехидрати, белковини, витамини А и Ц, железо и калциум, далеку над обичниот компир. И покрај зборот „сладок“, покажано е дека слаткиот компир е добар за дијабетичари бидејќи го стабилизира шеќерот во крвта и ја намалува отпорноста на инсулин.[15]
Споредба со други прехранбени култури
[уреди | уреди извор]На табелава е претставена хранливата содржина на слаткиот компир во однос на други основни прехранбени култури. Може да се забележи дека слаткиот компир содржи помалку калории и белковини по единица тежина отколку житарките, но затоа ги надминува во содржината на витамини и минерали.[16]
ПРЕХРАНБЕНА КУЛТУРА: | Пченка[А] | Ориз[Б] | Пченица[В] | Компир[Г] | Маниока[Д] | Соја[Ѓ] | Сладок компир[Е] | Сирак[Ж] | Јам[Џ] | Готварска банана[Ш] |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Состојка (на 100 г) | Количина | Количина | Количина | Количина | Количина | Количина | Количина | Количина | Количина | Количина |
Вода (гр) | 76 | 12 | 11 | 79 | 60 | 68 | 77 | 9 | 70 | 65 |
Енергија (кЏ) | 360 | 1528 | 1419 | 322 | 670 | 615 | 360 | 1419 | 494 | 511 |
Белковини (г) | 3,2 | 7,1 | 13,7 | 2,0 | 1,4 | 13,0 | 1,6 | 11,3 | 1,5 | 1,3 |
Маст (г) | 1,18 | 0,66 | 2,47 | 0,09 | 0,28 | 6,8 | 0,05 | 3,3 | 0,17 | 0,37 |
Јаглехидрати (г) | 19 | 80 | 71 | 17 | 38 | 11 | 20 | 75 | 28 | 32 |
Влакна (г) | 2,7 | 1,3 | 10,7 | 2,2 | 1,8 | 4,2 | 3 | 6,3 | 4,1 | 2,3 |
Шеќер (г) | 3,22 | 0,12 | 0 | 0,78 | 1,7 | 0 | 4,18 | 0 | 0,5 | 15 |
Калциум (мг) | 2 | 28 | 34 | 12 | 16 | 197 | 30 | 28 | 17 | 3 |
Железо (мг) | 0,52 | 4,31 | 3,52 | 0,78 | 0,27 | 3,55 | 0,61 | 4,4 | 0,54 | 0,6 |
Магнезиум (мг) | 37 | 25 | 144 | 23 | 21 | 65 | 25 | 0 | 21 | 37 |
Фосфор (мг) | 89 | 115 | 508 | 57 | 27 | 194 | 47 | 287 | 55 | 34 |
Калиум (мг) | 270 | 115 | 431 | 421 | 271 | 620 | 337 | 350 | 816 | 499 |
Натриум (мг) | 15 | 5 | 2 | 6 | 14 | 15 | 55 | 6 | 9 | 4 |
Цинк (мг) | 0,45 | 1,09 | 4,16 | 0,29 | 0,34 | 0,99 | 0,3 | 0 | 0,24 | 0,14 |
Бакар (мг) | 0,05 | 0,22 | 0,55 | 0,11 | 0,10 | 0,13 | 0,15 | - | 0,18 | 0,08 |
Манган (мг) | 0,16 | 1,09 | 3,01 | 0,15 | 0,38 | 0,55 | 0,26 | - | 0,40 | - |
Селен (µг) | 0,6 | 15,1 | 89,4 | 0,3 | 0,7 | 1,5 | 0,6 | 0 | 0,7 | 1,5 |
Витамин Ц (мг) | 6,8 | 0 | 0 | 19,7 | 20,6 | 29 | 2,4 | 0 | 17,1 | 18,4 |
Тиамин (мг) | 0,20 | 0,58 | 0,42 | 0,08 | 0,09 | 0,44 | 0,08 | 0,24 | 0,11 | 0,05 |
Рибофлавин (мг) | 0,06 | 0,05 | 0,12 | 0,03 | 0,05 | 0,18 | 0,06 | 0,14 | 0,03 | 0,05 |
Ниацин (мг) | 1,70 | 4,19 | 6,74 | 1,05 | 0,85 | 1,65 | 0,56 | 2,93 | 0,55 | 0,69 |
Пантотенска киселина (мг) | 0,76 | 1,01 | 0,94 | 0,30 | 0,11 | 0,15 | 0,80 | - | 0,31 | 0,26 |
Витамин Б6 (мг) | 0,06 | 0,16 | 0,42 | 0,30 | 0,09 | 0,07 | 0,21 | - | 0,29 | 0,30 |
Фолат - вкуп. (µг) | 46 | 231 | 43 | 16 | 27 | 165 | 11 | 0 | 23 | 22 |
Витамин А (МЕ) | 208 | 0 | 0 | 2 | 13 | 180 | 14187 | 0 | 138 | 1127 |
Витамин Е, α-токоферол (мг) | 0,07 | 0,11 | 0 | 0,01 | 0,19 | 0 | 0,26 | 0 | 0,39 | 0,14 |
Витамин К (µг) | 0,3 | 0,1 | 0 | 1,9 | 1,9 | 0 | 1,8 | 0 | 2,6 | 0,7 |
β-каротин (µг) | 52 | 0 | 0 | 1 | 8 | 0 | 8509 | 0 | 83 | 457 |
Лутеин+зеаксантин (µг) | 764 | 0 | 0 | 8 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 30 |
Заситени масни киселини (г) | 0,18 | 0,18 | 0,45 | 0,03 | 0,07 | 0,79 | 0,02 | 0,46 | 0,04 | 0,14 |
Мононезаситени масни киселини (г) | 0,35 | 0,21 | 0,34 | 0,00 | 0,08 | 1,28 | 0,00 | 0,99 | 0,01 | 0,03 |
Полинезаситени масни киселини (г) | 0,56 | 0,18 | 0,98 | 0,04 | 0,05 | 3,20 | 0,01 | 1,37 | 0,08 | 0,07 |
А пченка, слатка, жолта, сирова | Б ориз, бел, долгнавест, обичен, сиров | ||||||||
В пченица, тврда | Г компир, со лупка, сиров | ||||||||
Д маниока, сирова | Ѓ соини зрна, зелени, сирови | ||||||||
Е сладок компир, сиров | Ж сирак, сиров | ||||||||
Џ јам, сиров | Ш готварска банана, сирова |
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Purseglove, 1991
- ↑ 2,0 2,1 2,2 Woolfe, 1992
- ↑ Gad Loebenstein, George Thottappilly (2009). The sweetpotato. стр. 391–425. ISBN 978-1-4020-9475-0.
- ↑ Geneflow 2009 - Bioversity International - Google Книги
- ↑ 5,0 5,1 Sweet Potato Архивирано на 7 февруари 2005 г., Consultative Group on International Agricultural Research
- ↑ Alison Clare Steingold (август/септември 2008). „The Uber Tuber“. Hana Hou!, год. 11, бр. 4 (стр. 2). Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help); Надворешна врска во|work=
(help) - ↑ Austin (1988)
- ↑ Организација за исхрана и земјоделство на ООН (англиски)
- ↑ Bourke, R.M. and Vlassak, V.: Estimates of food crop production in Papua New Guinea, ANU Canberra, 2004
- ↑ http://www.foodnet.cgiar.org/market/Rwanda/reports/swtpotreportATDT.pdf Архивирано на 9 јули 2006 г. |International Institute of Tropical Agriculture: Sweetpotato sub-sector market survey Rwanda, 2002, PDF
- ↑ WARDLE, P. 1991. The Vegetation of New Zealand. Cambridge, England: Cambridge University Press
- ↑ Ahn, 1993.
- ↑ „Crop Production, Worldwide, 2010 data“. FAOSTAT, Food and Agriculture Organization of the United Nations. 2011. Архивирано од изворникот на 2012-06-19. Посетено на 2012-09-26.
- ↑ James Duke (1983). „Ipomoea batatas (L.) Lam“. Purdue University.
- ↑ Слатки компири Архивирано на 7 октомври 2012 г. (англиски)
- ↑ Scott, Best, Rosegrant, and Bokanga (2000). „Roots and tubers in the global food system: A vision statement to the year 2020“ (PDF). International Potato Center, and others. ISBN 92-9060-203-1.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
- ↑ „Nutrient data laboratory“. United States Department of Agriculture. Посетено на August 10, 2016.
Литература
[уреди | уреди извор]- Abidin, P.E. 2004. Sweetpotato breeding for northeastern Uganda: Farmer varieties, farmer-participatory selection, and stability of performance. PhD Thesis, Wageningen University, The Netherlands, 152 стр. ISBN 90-8504-033-7.
- Ahn, P.M., 1993, "Tropical soils and fertilizer use", Intermediate Trop. Agric. Series. Longman Sci. and Tech. Ltd. UK.
- Austin, D.F. 1988. The taxonomy, evolution and genetic diversity of sweetpotatoes and related wild species. In: P. Gregory (ed.). Exploration, maintenance, and utilization of sweetpotato genetic resources, стр. 27–60. CIP, Lima, Peru.
- Hartemink, A.E., S. Poloma, M. Maino, K.S. Powell, J. Egenae & J. N. Sullivan, (2000). Yield decline of sweet potato in the humid lowlands of Papua New Guinea. Agriculture, Ecosystems and Environment 79 (2-3), 259-269.
- Purseglove, J.W. 1991. Tropical crops. Dicotyledons. Longman Scientific and Technical. John Wiley and Sons, Inc. NY. USA.
- Woolfe, J.A., 1992, "Sweetpotato: an untapped food resource", Cambridge Univ. Press and the International Potato Center (CIP). Cambridge, UK.
- Zhang, D.P., M. Ghislain, Z. Huamán, J.C. Cervantes and E.E. Carey 1998. AFLP assessment of sweetpotato genetic diversity in four tropical American regions. CIP Program Report 1997-1998, стр. 303–310.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Сладок компир“ на Ризницата ? |
Енциклопедијата Британика 1911 на Викиизворот има текст поврзан со „Сладок компир“. |
Македонски
[уреди | уреди извор]- Одгледување на сладок компир Архивирано на 13 март 2016 г. од проф. д-р Златко Арсов — ФФРМ
- За слаткиот компир, кулинарска страница Архивирано на 6 мај 2010 г. - „Гурман“ (македонски)
- Тајните на слаткиот компир Архивирано на 14 ноември 2012 г. - за здравствените придобивки на порталот „Доктори“ (македонски)
Странски
[уреди | уреди извор]- Портал на слатките компири Архивирано на 8 февруари 2013 г. (англиски)
- Брошура за слаткиот компир Архивирано на 17 декември 2014 г. - ФАО, 1990 (англиски)
|