Средорек
Изглед
За други значења на поимот, погл. Средорек (појаснување).
Средорек (или речен остров) — мал остров или место помеѓу ракави на река.[1]
Средорекот се формира со таложење (седиментација) на нанос во коритото, која со време се натрупува и расте или пак со таложење врз суво парче земја кое речните ракави го заобиколиле. Средореците се долги и тесни, и можат да станат постојани острови. Меѓутоа средореците можат и да еродираат: одронетиот нанос се таложи на друго место низводно и може да создаде нов средорек. Река со голем број на средореци се нарекува многурасточна река.
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]Оваа статија за топографски поим е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |