Тринаесетмината на Оушн (филм)
Изглед
Тринаесетмината на Оушн (англиски: Ocean’s Thrirteen) е американски филм од 2007 година, во режија на Стивен Содерберг. Главните улоги ги толкуваат: Џорџ Клуни, Бред Пит, Мет Дејмон, Ал Пачино и Елен Биркин.
Содржина
[уреди | уреди извор]Дени Оушн (го игра Клуни) и неговата екипа го планираат својот најопасен проект - грабеж на едно познато казино во Лас Вегас, и тоа на денот на отворањето на казиното. Причината за акцијата е тоа што бескрупулозниот сопственик на казиното Вили Банк (го игра Пачино) го измамил менторот и пријателот на Дени, Рубен Тишкоф, кој завршил на болница со сериозни повреди. И покрај тоа што казиното е опремено со најсовремени безбедносни системи, Вили Банк нема никакви изгледи за заштита, имајќи ја предвид беспрекорната акција на групата.[1]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Антена, број 839, 25.7.2014, стр. 21.