Франкфурт на Одра
Франкфурт на Одра | |
Главната пошта | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Бранденбург |
Округ | Урбан округ |
Градоначалник | Мартин Вилке (независен) |
Основни податоци | |
Површина | 147,61 км2 |
Надм. височина | 19−135 м |
Население | 58.230 (31 декември 2022)[1] |
- Густина | 394 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | FF |
Пошт. бр. | 15201–15236 |
Повик. бр. | 0335 |
Портал | frankfurt-oder.de |
Местоположба на градот Франкфурт на Одра во Бранденбург | |
Координати | 52°21′N 14°33′E / 52.350° СГШ; 14.550° ИГД |
Франкфурт на Одра (германски: Frankfurt (Oder), сега службено Франкфурт (Одра)) — град во сојузната покраина Бранденбург, Германија, сместен на реката Одра, на германско-полската граница, веднаш спроти градот Слубице, кој бил дел од Франкфурт до 1945. На крајот на 1980-тите, населението во градот го достигнало својот врв со над 87.000 жители. Бројот се намалил на 70.000 во 2002, а во 2010 на само 60.000.[2]
Официјалното име Франкфурт (Одра) и постарото Франкфурт на Одра се користат за да се направи разлика од поголемиот град Франкфурт на Мајна.
Историја
[уреди | уреди извор]Градот Франкфурт ги добил своите права во 1253 на Брандендам, иако населбата е веројатно постара. Првите доселеници живееле на западните брегови на Одра; подоцна градот се проширил на источниот брег (денешниот Слубице). Кон крајот на средновековниот период, градот управувал со речната трговија помеѓу Бреслау и Штетин. Во 1430 Франкфурт се приклучил на Ханза, но само кратко време бил нејзин член.
Во април 1631, во текот на Триесетгодишната војна, Франкфурт бил место на случувањата на Битката кај Франкфурт на Одра помеѓу Шведското царство и Светото Римско Царство.[3] По дводневната опсада, шведските трупи, поддржани од шкотските помошници,[4] го освоиле градот.[3] Со тоа победиле Швеѓаните.[3][4] Градот бил кратко окупиран од царската руска армија во текот на Седумгодишната војна, во август 1759, како вовед во Битката кај Кунерсдорф.[5]
Со распадот на Маркгрофовијата Бранденбург во текот на Наполеоновите војни, Франкфурт станал дел од покраината Бранденбург во 1815. Во 19 век, Франкфурт имал важна улога во трговијата. Средишно поставен во Кралството Прусија помеѓу Берлин и Познањ, на реката Одра со голема речна трговија, градот бил домаќин на вториот најголем годишен саем (Messe) на Германското Царство, надминат единствено од оној во Лајпциг.
Не се водела битка за градот во 1945 во текот на Втората светска војна, иако градот бил прогласен за тврдина во обид да се блокира движењето на Црвената армија кон Берлин. Испразнетиот град бил запален. Повоената германско-полска граница била повлечена долж Одра, разделувајќи го Дамфорштат (Dammvorstadt) на источниот брег од остатокот на Франкфурт; кој станал полскиот град Слубице. Додека бил дел од комунистичка Источна Германија, Франкфурт бил администриран во рамките на округот Франкфурт на Одра. Станал дел од повторно создадената покраина Бранденбург со повторното обединување на Германија во 1990.
Денес, Франкфурт и Слубице имаат пријателски односи и водат неколку заеднички проекти и објекти. Полска се приклучила во Европската Унија на 1 мај 2004 и го прифатила Шенгенскиот договор на 21 декември 2007 што довело до отстранување на постојаните гранични контроли.
Во времето по паѓањето на комунизмот, Франкфурт страда од висока невработеност и низок економски раст. Неговото население се иселувало и бројот на жители паднал од околу 87.000 во 1990 на нешто под 60.000 денес.
ФК Викторија Франкфурт е локалниот фудбалски клуб.
Европски универзитет
[уреди | уреди извор]Првиот универзитет во Маркгрофовијата Бранденбург бил франкфуртскиот Алма Матер Вјадрина, основан во 1506 од Јоаким Први Нестор. Првиот ректор, бискупот Георг фон Блументал (1490–1550), бил прочуен противник на протестантската реформација, откако останал католик. Исто така, Франкфурт го добил архиепископот Алберт од Бранденбург околу 1510, кој исто така станал гласен противник на реформацијата. Универзитетот бил затворен во 1811 и неговите средства биле поделени помеѓу двата нови универзитети основани од кралот Фридрих Вилхелм Трети: Универзитет Фридрих Вилхелм Берлин, денес Универзитет „Хумболт“ и Шлескиот универзитет „Фридрих Вилхелм“ во Бреслау, денес Вроцлавски универзитет.
Универзитетот бил повторно основан во 1991 со европска акцент, во блиска соработка со Универзитетот Адам Микјевич во Познањ, кои заедно го водат Collegium Polonicum во Слубице.
Меѓународни односи
[уреди | уреди извор]Франкфурт на Одра, сместен на границата со Полска, игра специјална улога во германско-полските односи и европската интеграција. Дел од зградите на Европскиот универзитет Вијадрина се наоѓаат во Полска, во соседниот град Слубице. Исто така, универзитетот има голем број на проекти и иницијативи посветени на зближување на Германија и Полска и им нуди на своите студенти бесплатни полски јазични курсеви. Друг проект кој придонесува на германско-полското зближување во Франкфурт на Одра е куќата „Форст“, германско-полски студентски проект поддржан од градските власти[6] и универзитетот,[7] кој бил опишан од поранешниот претседател на универзитетот како место каде „почнува Европа“.[8]
Збратимени градови
[уреди | уреди извор]Франкфурт на Одра е збратимен со:
Филмови во Франкфурт
[уреди | уреди извор]Во последните години, Франкфурт бил домаќин на неколку познати германски филмови:
- Halbe Treppe (2002)
- Lichter (2003)
- Die Kinder sind tot (2004)
- No Exit (2004)
- Kombat Sechzehn (2005)
Галерија
[уреди | уреди извор]-
Готско градско собрание
-
Европски универзитет Вјадрина, со кулата на Мариенкирхе
-
Градскиот архив и концертната сала Бах
-
Одертурм, највисока зграда во Франкфурт
-
Неоготска пошта
-
Фриденскирхе
-
Мостот на Одра го поврзува Франкфурт со Слубица
-
Поглед на северен Франкфурт
-
Главната железничка станица
-
Große Scharrnstraße, повторно изградена кон крајот на 1980-тите
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Население на Бранденбург по општини и општински заедници] на 31 декември 2022 г.“ (PDF). Статистичка служба за Берлин и Бранденбург. јуни 2023. (германски)
- ↑ „Bevölkerungsprognose (Ergänzungsbericht)“ (PDF) (германски). Kommunalen Statistikstelle der Stadt Frankfurt (Oder). 2006. Архивирано (PDF) од изворникот 2007-06-28. Посетено на 22 јануари 2007.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 Bröckling (1998), p.57
- ↑ 4,0 4,1 Mackillop (2003), p.64
- ↑ Anisimov, Evgeniǐ Viktorovich (1|995) Empress Elizabeth: Her Reign and Her Russia, 1741-1761. Academic International Press, p. 132. ISBN 0875691404
- ↑ „Ad-hoc-news.de“. Архивирано од изворникот на 2011-07-19. Посетено на 2013-09-12.
- ↑ Euv-frankfurt-o.de[мртва врска]
- ↑ Berlinonline.de
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Франкфурт на Одра“ на Ризницата ? |
- Официјална страница (германски) (англиски) (полски)
- Слубице - официјална страница на пограничниот град на Франкфурт
- Трамвај во Франкфурт на Одра
|
|
|