Хали Бејли
Хали Лин Бејли (родена е на 27 март 2000 година), позната и само како Хали, е американска пејачка и глумица. Таа е најпозната по тоа што е едната половина од музичкото дуо Клои и Хали, со својата сестра Клои Бејли, со која добиле пет номинации за Греми од 2018 година.
Биографија
[уреди | уреди извор]Хали Лин Бејли е родена на 27 март 2000 година и израснала во Меблтон, Џорџија, со нејзината постара сестра Клои Бејли, а подоцна се преселиле заедно во Лос Анџелес во средината на 2012 година.[1][2][3][4] Сестрите почнале да пејат и да пишуваат свои песни, учејќи да свират на инструменти преку гледање упатства на Јутјуб.[5] Нивниот татко и ко-менаџер, Даг Бејли,[6] кој „ги научил да прават сè самостојно“,[7] почнал да ги учи како да пишуваат песни на возраст од 8 и 10 години.[8]
Кариера
[уреди | уреди извор]2006–2016: Прв договор за снимање
[уреди | уреди извор]Дуото отворило канал на Јутјуб на возраст од 11, односно 13 години, со насловна на песната „Најдоброто нешто што никогаш не сум го имала“ на Бијонсе. Нивното прво видео кое станало „вирално“ било уште една песна на Бијонсе. Тие за првпат настапиле како Клои и Хали на својот канал. Дуото го имало своето деби во ток-шоу кога се појавиле на Елен Шоу во април 2012 година.
Во мај 2015 година, двете сестри биле во разговори да потпишат договори, а бидејќи двете сестри тогаш биле малолетни, договорот сдржел детали дека тие „[би] добиле најмалку 60.000 долари и аванси што може да изнесуваат речиси еден милион долари ако направат најмалку шест албуми“.[9] Во 2016 година потпишале петгодишен договор со продуцентската куќа на Бијонсе,[10] станувајќи „[нејзини] први вистински музички наследници“,[11] а биле нарекувани и „чудото на Бијонсе“.[12]
2016-2019: Клои и Хали
[уреди | уреди извор]Клои и Хали го направиле своето професионално деби на 29 април 2016 година.[13]
Речиси една година подоцна, дуото го објавило својот микс, „Ние двајца“ на 16 март 2017 година.[14] На 29 декември 2017 година, дуото ја објавило насловната нумера за ТВ серијата „Пораснато“, каде Хали имала улога во неколку сезони.[13] Таа ја напуштила серијата на крајот на четвртата сезона, кога нејзиниот лик дипломирал на колеџ.[15]
На 12 јуни 2020 година, дуото го издало својот втор албум, „Безбожен час“.[16][17] Албумот дебитирал на 16-тото место на табелата на Билборд 200 со 24.000 продадени носачи на звук.
2019-сега: Соло потфати
[уреди | уреди извор]На 3 јули 2019 година, Дизни објавиле дека Хали Бејли ја добила улогата на принцезата Ариел во претстојниот римејк на „Малата сирена“ во живо.[18] Режисерот Роб Маршал изјавил: „По опсежна потрага, беше сосема јасно дека Хали ја поседува таа ретка комбинација на дух, срце, младост, невиност и супстанција - плус славен глас за пеење - сите суштински квалитети неопходни за да ја игра оваа улога.“[19] Кастингот на Бејли како Ариел предизвикал контроверзии, при што некои тврделе дека давање на Афроамериканка да ја игра улогата на Ариел било неверно на оригиналниот лик.[20][21][22] Дизни ѝ одговорил на јавноста со отворено писмо во кое го бранеле нивниот кастинг.[23] Џоди Бенсон, оригиналната глумица на Ариел, исто така го бранела кастингот на Бејли, велејќи: „Најважно е да се раскаже приказната“ и дека „духот на ликот е она што навистина е важно“.[24]
Уметност
[уреди | уреди извор]Влијанија
[уреди | уреди извор]Музичките влијанија на Бејли дојдоа од џезот и слушањето на Били Холидеј уште од мали нозе.[25] Таа ја наведе пејачката како едно од главните влијанија врз нејзиниот вокал.[8] Покрај нејзиното пеење, таа свири на гитара.[26]
Личен живот
[уреди | уреди извор]Забавите на Бејли вклучуваат пливање, трчање и возење велосипед [26] како и изработка на обетки и ѓердани од мониста, кои почнала да ги продава. Хали има мачка по име Посејдон.[27] Бејли живее во Северен Холивуд, Лос Анџелес со нејзината сестра.[9] Кон крајот на 2021 година, таа започнала да се забавува со раперот и Јутјубер ДДГ.[28]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Wood, Mikael (June 23, 2016). „Destiny's next children? How Beyoncé helped propel Chloe x Halle to the BET Experience“. Los Angeles Times. ISSN 0458-3035. Посетено на August 5, 2020.
- ↑ Dennis, Ryan; Amiker, Francesca (August 27, 2018). „Georgia's own Chloe x Halle's epic homecoming visit“. WXIA-TV. Посетено на December 4, 2020.
- ↑ Vultaggio, Maria (June 29, 2020). „Chloe x Halle Bailey Praise Their Parents on Instagram“. Heavy. Посетено на August 6, 2020.
- ↑ Bruner, Raisa (March 23, 2018). „Beyoncé Protégés Chloe x Halle Are Here to Prove That The Kids Are Alright“. Time. ISSN 0040-781X. Посетено на August 5, 2020.
- ↑ Fox, Killian; Morris, Damien; Cragg, Michael; Bromwich, Kathryn; Snapes, Laura; Rogers, Jude (September 4, 2016). „20 under 20: music's teenage talent“. The Guardian. ISSN 1756-3224. Архивирано од изворникот на January 31, 2021. Посетено на October 11, 2021.
- ↑ Fonseca, Selma (August 25, 2016). „Beyonce Proteges Chloe x Halle Ready Debut LP, Brandi Glanville Denied at GNR Show & More Inside Scoop“. Billboard. ISSN 0006-2510. Архивирано од изворникот на August 25, 2016. Посетено на March 25, 2022.
- ↑ Grow, Kory; Hughes, Hilary; Levy, Joe; Newman, Jason; Brittany, Spanos; Syme, Rachel (May 25, 2016). „10 New Artists Defining the Sound of Now“. Rolling Stone. ISSN 0035-791X. Архивирано од изворникот на May 9, 2019. Посетено на October 11, 2021.
- ↑ 8,0 8,1 Празен навод (help)
- ↑ 9,0 9,1 Ross, Barbara; Slattery, Denis (May 2, 2015). „Beyoncé's management company offers 3 teens contracts that could make them millionaires“. New York Daily News. OCLC 9541172. Архивирано од изворникот на June 3, 2021. Посетено на August 26, 2021.
- ↑ Heil, Emily (March 28, 2016). „The Carters are here: Beyonce, Jay Z and Blue Ivy are at the White House egg roll“. The Washington Post. ISSN 0190-8286. Архивирано од изворникот на March 28, 2016. Посетено на August 26, 2021.
- ↑ Young, Cate (June 23, 2020). „Chloe x Halle Have Taken Beyoncé's Most Important Lesson To Heart“. NPR. Архивирано од изворникот на June 21, 2021. Посетено на August 26, 2021.
- ↑ Kennedy, Kalee (April 28, 2016). „Beyoncé's "Lemonade": A Celebration of Black Womanhood and Its Complexities“. The Wesleyan Argus. Архивирано од изворникот на April 30, 2016. Посетено на October 11, 2021.
- ↑ 13,0 13,1 Празен навод (help)
- ↑ Feeney, Nolan (March 17, 2017). „Beyoncé Proteges Chloe x Halle Drop 'The Two of Us' Mixtape“. PEOPLE.com. Посетено на October 30, 2021.
- ↑ Ausiello, Michael (March 24, 2022). „grown-ish Shake-Up: 6 Original Cast Members Exiting Ahead of Season 5“. TVLine. Посетено на March 24, 2022.
- ↑ Ungodly Hour by Chloe x Halle, Посетено на October 30, 2021
- ↑ „Chloe x Halle Release New Album 'Ungodly Hour' f/ Swae Lee and Mike Will Made-It“. Complex. Архивирано од изворникот на 2021-01-21. Посетено на October 30, 2021.
- ↑ Galuppo, Mia; Kit, Borys (July 3, 2019). „Disney Finds 'Little Mermaid' Star in Singer Halle Bailey“. The Hollywood Reporter. Архивирано од изворникот на July 3, 2019. Посетено на July 3, 2019.
- ↑ „Halle Bailey Cast As Ariel In Disney's Live-Action 'The Little Mermaid'“ (англиски). July 3, 2019. Архивирано од изворникот на September 7, 2020. Посетено на August 14, 2019.
- ↑ Yasharoff, Hannah (August 7, 2019). „Halle Bailey breaks her silence on 'Little Mermaid' casting backlash: 'I don't pay attention to the negativity'“. USA Today. ISSN 0734-7456. Архивирано од изворникот на February 15, 2020. Посетено на February 9, 2020.
- ↑ Fernandez, Alexia (June 11, 2020). „Halle Bailey On Overcoming Racism After The Little Mermaid Casting: 'Just Keep Pushing'“. People. ISSN 0093-7673. Посетено на August 5, 2020.
- ↑ „Halle Bailey responds to Little Mermaid criticism“. BBC News (англиски). August 8, 2019. Посетено на August 5, 2020.
- ↑ Chiuclose, Allyson (July 9, 2019). „'Ariel...is a mermaid': Disney network defends casting black actress in live-action remake of classic film“. The Washington Post. ISSN 0190-8286. Посетено на August 5, 2020.
- ↑ „Jodi Benson (original Ariel) defends Halle Bailey's casting in The Little Mermaid“. Inside the Magic. July 8, 2019. Архивирано од изворникот на September 7, 2020. Посетено на September 18, 2019.
- ↑ Yuan, Jada (May 3, 2016). „Meet the First Superstars of the Beyoncé Generation“. Vulture. ISSN 1696-652X. Посетено на August 5, 2020.
- ↑ 26,0 26,1 „Meet the Bailey Sisters“. Citrus County Chronicle. January 30, 2013. стр. C3. Посетено на August 26, 2021.
- ↑ Alter, Rebecca (May 8, 2021). „Professional Mermaid Halle Bailey Adopted a Cat Named Poseidon“. Vulture. Vox Media. Архивирано од изворникот на May 9, 2021. Посетено на August 26, 2021.
- ↑ Blanchet, Brenton (March 28, 2022). „DDG Confirms Relationship With Halle Bailey in Sweet Birthday Post:'Love You Forever'“. Complex. Архивирано од изворникот на 2022-06-24. Посетено на July 3, 2022.