Царевата нова облека
„Царевата нова облека“ (дански: Kejserens nye klæder) — сказна на Ханс Кристијан Андерсен од 1837 година.
Содржина
[уреди | уреди извор]Еден цар имал голема страст кон модерната облека. Еден ден, во градот пристигнале двајца измамници кои се пофалиле дека можат да направат многу убава облека која е невидлива за оние кои се неспособни или глупави. Царот слушнал за необичната облека и ги ангажирал измамниците, давајќи им многу пари. Тие се преправале дека ткаат на разбојот, иако на него немало никакво платно. За да провери како напредува работата, царот го испратил својот министер, кој не гледал ништо, но се плашел да не се открие неговата неспособност, па ја пофалил убавата облека. По некое време, царот испратил друг дворјанин, кој исто така му рекол дека облеката е неверојатно убава. Најпосле, и царот отишол да ја види облеката. Таму, го затекнал празниот рабој, но плашејќи се да не биде прогласен за неспособен, почнал да се воодушевува на облеката. Најпосле, царот ја облекол новата облека на денот кога се одржувала голема свеченост. Всушност, тој излегол надвор сосема гол, но сите граѓани со восхит зборувале за облеката. Тогаш, едно дете извикало дека царот е гол и дури тогаш луѓето се ослободиле и јавно ја искажале вистината - дека царот е гол.[1]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Ханс Кристијан Андерсен, Бајки. Скопје: Македонска книга и Детска радост, 1967, стр. 20-26.