Шафи Голдвасер
Шафи Голдвасер | |
---|---|
Роден(а) | Шафрира Голдвасер Њујорк, САД |
Националност | Израелска Американка |
Полиња | Компјутерска наука, криптографија |
Установи | |
Образование |
|
Теза | „Probabilistic Encryption: Theory and Applications“ (1984) |
Докторски ментор | Мануел Блум[1] |
Докторанди | |
Познат по | |
Поважни награди |
|
Страница | |
Шафрира „Шафи“ Голдвасер (хебрејски: שפרירה גולדווסר) — американско-израелски компјутерски научник и добитничка на Тјуринговата награда во 2012 година. Таа е професор по електротехника и компјутерски науки во МИТ,[4] професор по математички науки на Институтот за наука Вајцман, Израел, соосновач и главен научник на Дуалити Технолоџис[5] и директор на Институтот Симонс за теорија на компјутери на Беркли, Калифорнија.[6][7][8][9]
Животопис
[уреди | уреди извор]Родена во Њујорк сити, Голдвасер добила диплома по математиката и науката на Универзитетот Карнеги Мелон (1979), магистратура (1981) и докторат (1984) по компјутерски науки на Универзитетот во Калифорнија, Беркли, под надзор на Мануел Блум, кој е добро познат по тоа што советувал некои од најистакнатите истражувачи во оваа област. Таа се приклучила на МИТ во 1983 година, а во 1997 година станала прв носител на професор. Таа станала професор на Институтот за наука Вајцман, истовремено додека била професор во МИТ, во 1993 година. Таа е член на групата теорија на пресметки, на лабораторијата за компјутерски науки и вештачка интелигенција на МИТ.[10] Голдвасер заеднички со друго лице (ко-примателка) ја примила Тјуринговата награда,[11] во 2012 година. На 1 Јануари 2018 година, Голдвасер станала директор на Институтот Симонс за теорија на компјутери на Универзитетот во Калифорнија, Беркли.[12]
Од ноември 2016 година, Голдвасер е главен научник и соосновач на Дуалити Технолоџис, израелско-американска старт-ап компанија, која нуди безбедносна анализа на податоци, користејќи напредни криптографски техники.[5] Таа, исто така, е научен советник за неколку нови старт-ап компании во областа на безбедноста, вклучувајќи го и QED-it, специјализирана за Zero Knowledge Blockchain и Algorand, Proof-of-stake Blockchain.
Научна кариера
[уреди | уреди извор]Истражувачки области на Голдвасер вклучуваат теорија за компјутерска комплексност, криптографија и теорија на компјутерски броеви. Таа е заеднички пронаоѓач на веројатносната енкрипција,[13] која го поставила и постигнала златниот стандард за безбедност во енкрипцијата на податоци. Таа е заеднички пронаоѓач на докажувањето со нула-знаење, кое веројатносно и интерактивно ја демонстрира валидноста на тврдењето, без да пренесат дополнителни знаења, и се клучна алатка во дизајнирањето на криптографски протоколи. Нејзината работа во теоријата на комплексност ја вклучува класификацијата на проблемите со приближување, покажувајќи дека некои проблеми во НП остануваат тешки, дури и кога е потребно само приближно решение,[14] и пионерски методи за делегирање на пресметки на недоверливи опслужувачи.[15] Нејзината работа во теоријата на броеви, го вклучува пронајдокот со Џои Килиан, за докажувањето на примитивност со користење на елиптични кривини.[16]
Награди
[уреди | уреди извор]Голдвасер ја добила Тјурингoвата награда во 2012 година, заедно со Силвио Микали, за нивната работа во областа на криптографијата.[17] Голдвасер двапати ја освоила наградата Гедел за теоретска компјутерска наука: прво во 1993 година (за "Комплексноста на знаењето на интерактивните системи за докажување"),[18] и повторно во 2001 година (за "Интерактивни докази и цврстината на приближувањето на кликовите").[19] Во другите награди спаѓаат наградата АЦМ Грејс Мареј Хупер (1996), за извонреден млад компјутерски професионалец на годината и РСА Наградата за Математика (1998), за извонредни математички придонеси во криптографијата. Во 2001 година била избрана во Американска Академија за Уметности и Науки, во 2004 година била избрана во Националната Академија на Науките, а во 2005 година во Националната Академија за Инженерство. Таа била избрана за ИАЦР Соработник во 2007 година. Голдвасер ја примила наградата Атена Предавач за 2008-2009 година на Асоцијацијата за Компјутерски Машини, Комитетот за Жени во Компјутерството.[20] Таа е добитник на медалот Бенџамин Френклин во 2010 година на Институтот Френклин за Компјутери и Когнитивната Наука.[21] Таа ја доби наградата ИЕЕЕ Емануел Р. Пиоре во 2011 година. Таа ја добила наградата Граница на Знаење во 2018 година, заедно со Микали, Ривест и Шамир.[22] Таа била избрана за АЦМ Соработник во 2017 година.[23] Во 2018 година, таа била наградена со почесна диплома од Алма Матер, Универзитет Карнеги Мелон.[24]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 Шафи Голдвасер — Проект „Математичко родословие“ (англиски)
- ↑ Goldwasser, S.; Micali, S.; Rivest, R. L. (1988). „A Digital Signature Scheme Secure Against Adaptive Chosen-Message Attacks“. SIAM Journal on Computing. 17 (2): 281. doi:10.1137/0217017.
- ↑ Savage, N. (2013). „Proofs probable: Shafi Goldwasser and Silvio Micali laid the foundations for modern cryptography, with contributions including interactive and zero-knowledge proofs“. Communications of the ACM. 56 (6): 22. doi:10.1145/2461256.2461265.
- ↑ „Shafi Goldwasser | MIT CSAIL“. www.csail.mit.edu (англиски). Посетено на 2018-11-02.
- ↑ 5,0 5,1 „About - Duality Technologies“. Duality Technologies. Посетено на 10 April 2018.
- ↑ Exponent: Shafi Goldwasser Архивирано на 27 септември 2010 г.
- ↑ Предлошка:ACMPortal
- ↑ Шафи Голдвасер from the Scopus bibliographic database.
- ↑ Goldwasser, S.; Micali, S. (1984). „Probabilistic encryption“. Journal of Computer and System Sciences. 28 (2): 270. doi:10.1016/0022-0000(84)90070-9.
- ↑ „Shafi Goldwasser Biography“. www.BookRags.com.
- ↑ AbAbazorius, CSAIL (13 March 2013). „Goldwasser and Micali win Turing Award“. MIT News.
- ↑ „Shafi Goldwasser appointed director of the Simons Institute for the Theory of Computing“. News.berkeley.edu. 10 October 2017. Посетено на 10 April 2018.
- ↑ „Probabilistic Encryption“ (PDF). Groups.csail.mit.edu. Архивирано од изворникот (PDF) на 2016-03-28. Посетено на 10 April 2018.
- ↑ „Interactive Proofs and the Hardness of Approximating Cliques“ (PDF). Groups.csail.mit.edu. Архивирано од изворникот (PDF) на 2011-06-10. Посетено на 10 April 2018.
- ↑ Goldwasser, Shafi; Kalai, Yael Tauman; Rothblum, Guy (1 January 2008). „Delegating computation: interactive proofs for muggles“. Microsoft Research. Посетено на 10 April 2018.
- ↑ „Primality Testing Using Elliptic Curves - Semantic Scholar“. Semanticscholar.org. Посетено на 10 April 2018.
- ↑ „Goldwasser, Micali Receive ACM Turing Award for Advances in Cryptography“. ACM. Архивирано од изворникот на 16 March 2013. Посетено на 13 March 2013.
- ↑ Goldwasser, S.; Micali, S.; Rackoff, C. (1985). „The knowledge complexity of interactive proof-systems“. Proceedings of the seventeenth annual ACM symposium on Theory of computing - STOC '85. стр. 291. doi:10.1145/22145.22178. ISBN 0897911512.
- ↑ Feige, U.; Goldwasser, S.; Lovász, L.; Safra, S.; Szegedy, M. (1996). „Interactive proofs and the hardness of approximating cliques“. Journal of the ACM. 43 (2): 268–292. doi:10.1145/226643.226652.
- ↑ „Home“. weizmann.ac.il.
- ↑ News Office (21 October 2009). „Goldwasser, Stubbe named Franklin Institute laureates“. MIT News.
- ↑ „homepage - Premios Fronteras“. Premios Fronteras. Посетено на 10 April 2018.
- ↑ ACM Recognizes 2017 Fellows for Making Transformative Contributions and Advancing Technology in the Digital Age, Association for Computing Machinery, December 11, 2017, Посетено на 2017-11-13
- ↑ University, Carnegie Mellon. „Commencement Speakers and Honorary Degree Recipients - Leadership - Carnegie Mellon University“. www.cmu.edu (англиски). Посетено на 2018-09-21.
|
|
- Родени во 1959 година
- Криптографи
- Математичарки
- Израелски научници
- Израелски академици
- Израелски Евреи
- Американски инженери
- Американски математичари
- Американски научници
- Добитници на Тјуринговата награда
- Апсолвенти на Калифорнискиот универзитет (Беркли)
- Професори на Масачусетскиот технолошки институт
- Странски членови на Руската академија на науките
- Членови на Националната академија на науките на САД