20 век п.н.е.
Изглед
20 век п.н.е. — век кој започнал 1 јануари 2000 г. п.н.е. и завршил на 31 декември 1901 г. п.н.е.
Настани
[уреди | уреди извор]- 2000 п.н.е. - Доаѓање на предците на Латините во Италија.
- 2000 п.н.е. - Се претпоставува дека е изграден градот Мантова во Италија.
- 2000 п.н.е. - Се претпоставува дека е комплетиран Стоунхенџ.
- 2000 п.н.е. - Земјоделци и сточари од Етиопија мигрираат на југ, во Кенија.
- 2000 п.н.е. - Припитомени се коњите и се користат за транспорт.
- 2000 п.н.е - 1000 п.н.е. - Цивилизација на Олмеците во Средна Америка.
- 2040 п.н.е. – 1556 п.н.е. - Владеење династијата Сја во Кина.
- ок. 2000 п.н.е. - Почеток на пропаѓањето на Харапаската цивилизација.
- 2064 п.н.е. – 1986 п.н.е. - Војна на династијата близнаци во Египет.
- 1991 п.н.е. – Египет: Умира фаронот Ментухотеп IV. Крај на Единасетата династија. Започнува да владее Амененхет I. Почетокот на Дванесетата династија.
- ок. 1985 п.н.е. – 1795 п.н.е. - Направени се гробовите во карпите кај Бени Хасан. Дванесета династија.
- ок. 1985 п.н.е. – 1795 п.н.е. - Направен е "нилскиот коњ" од гробот на гувернерот Сенби (гроб B.3) во Меир. Дванесета династија. Денеска се наоѓа во музејот Метрополитен, Њујорк.
- 1932 п.н.е. - Аморитите го освојуваат Ур.
- ок. 1928 п.н.е. – 1895 п.н.е. - Направена е "Сцената на жетва" во гробот на Кхнумхотеп, во Бени Хасан. Дванесета династија.
- 1913 - 1903 п.н.е. - Египетско - нубијска војна.
Личности
[уреди | уреди извор]- 1973 п.н.е. - Рагав, син на Фалек, според Хебрејскиот календар
- 1941 п.н.е. - Серух, син на Рагав, според Хебрејскиот календар
- 1911 п.н.е. - Нахор, син на Серух, според Хебрејскиот календар
Откритија
[уреди | уреди извор]- 2000 п.н.е. - Први пишани извори за шизофренијата.
- 1950 п.н.е. — Бакарната плоча од Нипур ја дефинира сумерската единица за должина кубит од 51.72 cm