30 октомври
Изглед
<< | октомври | >> | ||||
Н | П | В | С | Ч | П | С |
1 | 2 | 3 | 4 | 5 | ||
6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 |
13 | 14 | 15 | 16 | 17 | 18 | 19 |
20 | 21 | 22 | 23 | 24 | 25 | 26 |
27 | 28 | 29 | 30 | 31 | ||
2024 |
30 октомври — 303-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (304-и во престапна година). Остануваат 62 денови до крајот на годината.
Настани:
1890 | Охридското граѓанство испрати молба до Високата порта во Цариград, во која молеше да се дозволи основање на македонски училишта во градот и околината и да се дозволи наставата во училиштата да се изведува на македонски јазик. |
1905 | За време на првата Руска револуција, рускиот цар Николај II воведува устав, кој предвидува законодавно собрание |
1918 | Со капитулацијата на Турција, која во Првата светска војна била на страната на Централните Сили, престанува да постои Отоманското Царство. |
1938 | Младиот режисер Орсон Велс ја објави во Њујоршкото радио Ен-Би-Ес радиодрамата „Војната на световите“, врз основа на текстот на Џ.Велс. Нападот на Марсовците на Земјата, режисерот го прикажа така што повеќе слушатели поверуваа во вистинитоста на настанот, што предизвика неверојатен хаос и тревога во тој дел на Америка. Орсон Велс преку ноќ стана еден вид национален херој. |
1945 | Индија стана член на Организацијата на Обединетите нации. |
1967 | За првпат во историјата на космонаутиката е извршено спојување и раздвојување на вештачки Земјини сателити. Ова го изведоа советските научници со леталата „Космос-186“ и „Космос-188“. |
1973 | Пуштен е во сообраќај мостот на Босфор, во Турција, кој ги поврзува Европа и Азија. |
1974 | Со нокаутот над Џорџ Форман, Мухамед Али се враќа во боксот како светски првак. |
1975 | Принцот Хуан Карлос станува претседател на Шпанија, заменувајќи го болниот генерал Франциско Франко. |
1983 | Во силниот земјотрес со силина од 6 степени според Рихтеровата скала, што ја погоди Анадолија, во Турција, загинаа 1.300 луѓе. |
1993 | Министерството за односи со странство на Република Македонија, официјално е известено од генералниот секретар на Обединетите нации, дека е прифатена нотификацијата на Република Македонија, со која се пристапува кон Виенската конвенција за патниот сообраќај од 1968 година. Според тоа возилата регистрирани во Македонија ја користат ознаката „МК“. |
1994 | Втори повеќепартиски избори во Македонија. СДСМ оствари уверлива победа, а ВМРО ДПМНЕ не ги прифати резултатите и се откажа од учество во работата на Парламентот. |
1995 | Со тесен пораз, пропаѓа референдумот на Квебек за независност од Канада. |
Родени:
1735 | Џон Адамс — вториот претседател на Соединетите Американски Држави. |
1751 | Ричард Шеридан — ирски драматург. |
1871 | Пол Валери — француски поет. |
1873 | Франсиско Мадеро — мексикански политичар. |
1885 | Езра Паунд — американски поет и критичар. |
1906 | Џузепе Фарина — поранешен светски првак во „Формула 1“. |
1930 | Клифорд Браун — американски џез-музичар. |
1931 | Ѓорѓе Марјановиќ — српски и југословенски пејач на забавна музика. |
1936 | Полина Астахова — советска гимнастичарка. |
1937 | Клод Лелуш — француски филмски режисер. |
1939 | Грејс Слик — американска рок-музичарка. |
1946 | Рене Јакобс — белгиски пејач и диригент. |
1958 | Атила Клинче — македонски глумец. |
1960 | Диего Марадона — аргентински фудбалер. |
1962 | Штефан Кунц — германски фудбалер. |
1978 | Гаел Гарсија Бернал — мексикански глумец. |
1981 | Рубен Перес — шпански велосипедист. |
1982 | Един Терзиќ — хрватско-германски фудбалер и тренер. |
Починале:
1757 | Осман III — отомански султан. |
1787 | Фердинандо Галијани — италијански економист и значаен општественик од времето на просветителството. |
1910 | Жан Анри Динан — швајцарски филантроп, основач на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во 1863 година, кој подоцна прерасна во меѓународна организација. |
1914 | Ернст Штадлер — германски поет. |
1950 | Борис Верлински — советски шахист. |
1953 | Имре Калман — унгарски композитор. |
1975 | Густав Лудвиг Херц — германски физичар. |
1977 | Густав Крклец — хрватски писател. |
1987 | Џозеф Кемпбел — американски митолог, писател и говорник. |
1992 | Џоан Мичел — американска сликарка. |
2002 | Хуан Антонио Бардем — шпански режисер. |
2006 | Клифорд Гирц — американски антрополог. |
2009 | Клод Леви-Строс — француски антрополог, познат како „татко на модерната антропологија“. |
2013 | Френк Вес — американски џез-музичар |