3 октомври
Изглед
3 октомври — 276-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (277-и во престапна година). Остануваат 89 денови до крајот на годината. Предлошка:Октомври 2025
Настани:
1873 | Капетан Џек и другарите се обесени за нивното учество во војната Модок. |
1918 | Царот Борис III го презема бугарскиот престол |
1929 | Кралството на Србите, Хрватите и Словенците е преименувано во Кралство Југославија, (Земја на Јужните Словени). |
1932 | Ирак добива независност од Британија. |
1943 | Главниот штаб на НОВ и ПО на Македонија упати Манифест до македонскиот народ во кој се изнесени основните прашања во врска со ослободителната борба на македонскиот народ, одликите на ослободителното движење, потребата за единство на македонскиот народ со сите националности во ослободителната борба. |
1954 | Во Лондон на конференцијата на девет западни земји е одлучено СР Германија да стане член на Северноатланскиот пакт. |
1995 | Врз претседателот на Република Македонија Киро Глигоров е извршен атентат. Глигоров го преживеа атентатот со тешки повреди во пределот на главата. На местото на атентатот загина неговиот шофер Александар Спировски, а е повреден телохранителот на Глигоров, Илчо Теовски. |
1995 | Франција, наспроти меѓународниот притисок против јадрени тестирања, изврши нова јадрена проба во јужниот Тихи Океан. |
Родени:
Починале:
1690 | Роберт Баркли, шкотски писател. |
1701 | Џозеф Вилијамсон — англиски политичар. |
1910 | Жан Анри Дигнан — швајцарски филантроп, основач на Меѓународниот комитет на Црвениот крст и добитник на Нобеловата награда за мир во 1901 година. |
1931 | Карл Ниелсен — дански композитор. |
1994 | Даб Тејлор — американски глумец. |
2004 | Џенет Ли — американска глумица. |
2016 | Љупка Димитровска — македонско-хрватска пејачка. |