Херман Геринг
Херман Геринг Hermann Göring | |
---|---|
12 јануари 1893 – 15 октомври 1946 | |
Портрет на Геринг | |
Роден во: | Розенхајм, Баварија, Германија |
Починал во: | Нирнберг |
Служба во: | Нацистичка Германија |
Период на служба: | 1912-1945 |
Чин: | Рајхсмаршал |
Единици: | Прва светска војна: Јагдштафел 5, Јагдштафел 7, Јагдштафел 26 |
Командува/л со: | Прва светска војна: Јагдштафел 27, Јагдгешвадер 1 Втора светска војна: Луфтвафе (авијација) |
Одличја: | Железен крст, Pour le Mérite |
Херман Вилхелм Геринг (германски: ⓘ) (12 јануари, 1893 - 15 октомври, 1946) бил германски политичар и воен лидер, член на водството на Националсоцијалистичката партија. Тој како воен пилот ветеран од Првата Светска Војна бил носител на орденот Pour le Mérite("The Blue Max"),највисок воен орден на Кралството Прусија. Геринг бил последниот командант на Jagdgeschwader 1,авионската ескадрила на Manfred von Richthofen,"Црвениот Барон". Во 1935 Геринг бил назначен за командант на Luftwaffe (Германски Воздухопловни Сили) позиција на која ќе биде се до последните денови на Втората Светска Војна. Хитлер исто така го назначил за Reichsmarschall со што го издигнал едно скалило погоре од сите останати команданти а исто така тој бил назначен и за негов наследник и заменик. Меѓутоа во 1942 по појавувањето на првите пречки во напредувањето на Германија на двата фронта нивните односи почнале да се заладуваат. По завршувањето на Втората Светска Војна на Нирнбершките Судења Геринг бил обвинет и осуден за воени злосторства и злосторства против човештвото.Бил осуден на смрт со бесење но вечерта пред да биде обесен се самоубил со цијанид.
Видете уште
Надворешни врски
- (англиски) Судењето на Геринг (француски, германски, шпански)
- (англиски, .pdf формат) „Германија преродена“ - автобиографија на Херман Геринг
Претходник Ханс Улрих Клинче |
Водач на СА 1923 |
Наследник нема |
Претходник Франц фон Папен (Рајхкомесар) |
Премиер на Прусија 1933–1945 |
Наследник Прусија престанува да постои |
Оваа статија поврзани со Третиот Рајх е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
|