Прејди на содржината

Херман Геринг

Од Википедија — слободната енциклопедија
Верзијата за печатење повеќе не е поддржана и може да дава грешки. Подновете си ги бележнците во прелстувачит и користете ја можноста за печатење од самиот прелистувач.
Херман Геринг
Hermann Göring
12 јануари 189315 октомври 1946

Портрет на Геринг
Роден во:Розенхајм, Баварија, Германија
Починал во:Нирнберг
Служба во: Нацистичка Германија
Период на служба:1912-1945
Чин:Рајхсмаршал
Единици:Прва светска војна: Јагдштафел 5, Јагдштафел 7, Јагдштафел 26
Командува/л со:Прва светска војна: Јагдштафел 27, Јагдгешвадер 1
Втора светска војна: Луфтвафе (авијација)
Одличја:Железен крст, Pour le Mérite

Херман Вилхелм Геринг (германски: Hermann Wilhelm Göring) (12 јануари 1893 - 15 октомври 1946) бил германски политичар и воен водач, член на водството на Националсоцијалистичката партија. Тој како воен пилот ветеран од Првата светска војна бил носител на орденот Pour le Mérite ("The Blue Max"), највисок воен орден на Кралството Прусија. Геринг бил последниот командант на Jagdgeschwader 1, авионската ескадрила на Манфред фон Рихтхофен, наречен „Црвениот Барон“. Во 1935 Геринг бил назначен за командант на Луфтвафе (Германските воздухопловни сили) позиција на која ќе биде сè до последните денови на Втората светска војна. Хитлер исто така го назначил за рајхсмаршал со што го издигнал едно скалило погоре од сите останати команданти а исто така тој бил назначен и за негов наследник и заменик. Меѓутоа во 1942 по појавувањето на првите пречки во напредувањето на Германија на двата фронта нивните односи почнале да се заладуваат. По завршувањето на Втората светска војна на Нирнбершките судења Геринг бил обвинет и осуден за воени злосторства и злосторства против човештвото. Бил осуден на смрт со бесење но вечерта пред да биде обесен се самоубил со цијанид.

Поврзано

Надворешни врски

Претходник
Ханс Улрих Клинче
Водач на СА
1923
Наследник
нема
Претходник
Франц фон Папен
(Рајхкомесар)
Премиер на Прусија
1933–1945
Наследник
Прусија престанува да постои