Апостол Сила
Сила | |
---|---|
апостол, ученик, мисионер, епископ и маченик | |
Починал(а) | 65–100, Македонија |
Почитуван(а) во | |
Слава |
|
Обележја | мачеништво |
Сила или Силван (грчки: Σίλας/Σιλουανός) — истакнат член на ранохристијанската заедница во I век и еден од Седумдесетте апостоли. Според Новиот завет го придружувал Апостол Павле на неговото второ мисионерско патување, како што се раскажува во Делата на светите апостоли.[1] Познат е како негов соучесник во неговата мисија во Македонија.
Овој светител е нарекуван по две имиња, веројатно варијанта на истото име. Павле секогаш го нарекува „Силван“, а како таков се споменува и во Првото послание на Петар. На други места се води како „Сила“.
Житие
[уреди | уреди извор]Сила за првпат се споменува во Дела 15,22, каде духовните старешини решаваат дека тој и Јуда Варсава, треба да се врати заедно со Павле и Варнава во Антиохија по одржувањето на Ерусалимскиот собор. Сила и Јуда се споменуваат како водачи меѓу браќата, пророци и делотворни говорници. Павле го бира Сила за сопатник на втората мисија по разделбата со Барнава која произлегла од Марковото учество. Во оваа втора мисија, Сила и Павле за кратко се затворени во Филипи, Македонија, кога се случил земјотрес кој им ги раскинал оковите и им ја отворил вратата од ќелијата (Дела 16,25-37). Во живописот Сила понекогаш е претставен како носи скинати пранги.[2].
Според Дела 17 -18, Сила и Тимотеј заедно со Павле прешле од Филипи во Солун, и таму наишле на непријателски пречек во синагогите од некои традиционални Евреи. Гонителите ги следеле и во Бер, со закани по безбедноста на Павле, поради што тој се разделил од Сила и Тимотеј. Павле отишол во Атина, а Сила и Тимотеј подоцна му се приклучиле во Коринт.[3]
Овие случувања се одвивале некаде околу 50 г. судејќи по Дела 18,12 каде се спомнува проконзулот Галион кој застанал на страната на Павле во Коринт.[4] Во Дела 18,6-7, разочаран од непријателското настроение на Евреите, Павле престанал да ја посетува синагогата во Коринт, а Сила понатаму не се спомнува во Делата.
Се јавува во поздравниот дел на Првото и Второто послание до Солуњаните, и се спомнува во Второто послание до Коринтјаните (1,19). Ова е очекувано со оглед на неговото учество во Павловата мисија кога ги посетувал тие градови. Се спомнува и во заклучниот дел на Првото послание на апостол Петар (5,12), каде можеби имал улога на секретар. Петар вели дека го смета Сила за „верен брат“.
Почитување
[уреди | уреди извор]Во класичното православие Апостол Сила се слави на 30 јули по стар стил (12 август по нов) заедно апостолите Силуан, Крискент, Епенет, и Андроник, а на 4 јануари во рамките на Соборот на Седумдесетте Свети Апостоли.
Се почитува од Евангелската лутеранска црква и Епископалната црква во Америка како мала слава[5] на 26 јануари заедно со св. Тимотеј и Тит. Римокатоличката црква го слави на 13 јули, а Лутеранската црква-Мисурски синод го одбележува на 10 февруари.
Поврзано
[уреди | уреди извор]- Апостол Павле
- Агав
- Апостол Варнава
- Манаин
- Учењата на Силван — апокрифен текст од библиотеката „Наг Хамади“[6] припишан на Силван/Сила.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Notes on 1 Peter“. Архивирано од изворникот на 3 октомври 2015. Посетено на 20 мај 2012.
- ↑ The Holy Disciples from the Seventy
- ↑ Дела 18,5 — Стандардна македонска библија со девтероканонски книги
- ↑ Cross, F. L.; Livingstone, E. A., уред. (2005). The Oxford Dictionary of the Christian Church (3. прераб. изд.). Oxford: Oxford University Press. стр. 1243–5. ISBN 978-0-19-280290-3.
- ↑ „Holy Women, Holy Men Celebrating the Saints“ (PDF).
- ↑ „Nag Hammadi Library“. gnosis.org. Посетено на 25 март 2019.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Апостол Сила на Ризницата ?
- Светите апостоли Сила, Силуан, Крискент, Епенет и Андроник, 30 јули (по стар стил), Денови.мк
|
|