Замбија
Замбија (англиски: Zambia) или официјално Република Замбија (Republic of Zambia) е независна држава во Јужна Африка. Замбија се граничи со ДР Конго на север, со Танзанија на североисток, со Малави на исток, со Мозамбик, Зимбабве, Боцвана и Намибија на југ и со Ангола на запад. Главен град на Замбија е Лусака, кој се наоѓа во јужниот дел од земјата. Според пописот од 2000 година, Замбија имала население од 9,885,591 жител. Поголем број од населението е сконцентрирано во јужниот дел од земјата, во регионот на главниот град, како и во покраината Копербелт. Замбија има вкупна површина од 752,618 км2 и службен јазик во државата е англискиот.
Територијата на Замбија била првично населена од коисански народи. Во 13 век истиот тој регион бил населен од банту-народите. По првичните посети на европските експедиции во XVIII век, Замбија станала британска колонија позната како Северна Родезија. Северна Родезија прогласила независност од Британија на 24 октомври 1964 година, но, под новото денешно име.
Потекло на поимот
[уреди | уреди извор]Територијата на Замбија од 1911 до 1964 година се нарекувала Северна Родезија, која била британска колонија. Името Родезија потекнува од името на Сесил Родс. По независноста на колонијата, официјално името било сменето во „Замбија“ и името потекнува од името на реката Замбези.
Историја
[уреди | уреди извор]Населена уште пред милион години, територијата во претколонијалното време била користена за формирање на различни племенски заедници. Во 17 и XVIII век биле основани државните формации Бароце и Лунда. Од втората половина на XIX век земјата започнала да потпаѓа под британска колонијална власт, по 1911 година под името Северна Родезија.
Независност
[уреди | уреди извор]Ослободителната борба, под водството на Кенет Каунда, била крунисана во 1964 година со прогласувањето на независна Република Замбија. Во новите услови, Замбија се определила за неврзаната политика, а во економски поглед воспоставила тесни врски со Кина. Национализацијата на странските рударски и петролејски компании (започната во 1969 година) предизвикала бранувања и во политичката сфера со големи притисоци од надворешниот фактор. Во 1970 Лусака била домаќин на Третата конференција на неврзаните земји. Големите долгови и нестабилните економски состојби довеле до изборен пораз на Каунда (1991). Земјата започнала да се ориентира кон имплементирање на повеќепартиски систем (процес почнат и порано) и кон приватизација во стопанството.
Географија
[уреди | уреди извор]Замбија е држава без излез на море и се наоѓа во Јужна Африка. Земјата има тропска клима и е воглавно составена од висорамнини и повисоки планини. Со 752.614 км2, Замбија е 39 најголема земја во светот, по Чиле.
На територијата на Замбија се наоѓаат речните басени Замбези и Конго. Реката Замбези се протега во централниот, западниот и јужниот дел од земјата, додека реката Конго се наоѓа во северниот дел од земјата. Мал дел во североисточниот дел на Замбија е дел од басенот на езерото Руква во Танзанија. Позната географска одлика на Замбија се Викторините водопади.
Хидрографија
[уреди | уреди извор]Реки
[уреди | уреди извор]Некои од поголемите реки во Замбија се:
Езера
[уреди | уреди извор]Позначајни езера во Замбија се:
Клима
[уреди | уреди извор]Замбија има претежно тропска клима, влажна со врнежи од ноември до април (околу 1.500 mm годишно). Средна годишна температура 15-27 °C.
Политика
[уреди | уреди извор]Замбија е претседателска република. На чело на државата, а воедно и на владата е претседателот. Државата има повеќепартиски систем. Извршната власт во Замбија е во рацете на владата, додека законодавната власт е поделена меѓу владата и собранието. Моментален претседател на Замбија е Мајкл Чилуфја Сата.
Административна поделба
[уреди | уреди извор]Замбија е поделена на 10 покраини Секоја од нив се дели на окрузи, вкупно 72. Покраините се:
Стопанство
[уреди | уреди извор]Земјоделска и индустриска земја со значајно рудно богатство (бакар, камен јаглен, олово, цинк, кобалт) и гранки развиени и засновани врз домашните ресурси. Во земјоделството доминираат пченката, оризот, кикиритките, сончогледот и памукот, а во сточарството говедата, козите и свињите. Извонредно значење за стопанскиот развој имаат нафтоводот и железничката линија Тан-Зам (Танзанија – Замбија) кои водат од танзаниското океанско пристаниште Дар ес Салам до Ндола, односно до Лусака. Железницата беше финансирана и изградена од Кина. Постојат три големи (Лусака, Ндола и Марамба) и околу 130 локални аеродроми. Патната мрежа се состои од над 39.000 км патишта (околу 6.000 км асфалтирани).
Демографија
[уреди | уреди извор]- Население
Замбија е една од најурбанизираните држави во суп-сахарска Африка. 44% од населението се наоѓа во неколкуте урбани центри, додека руралните средини се слабо населени. Невработеноста во урбаните средини е голем проблем за државата, но руралното население воглавно се занимава со земјоделство и сточарство. Во државата живеат околу 72 различни народи, од кои најмногу се припадниците на Банту-народите. Според пописот од 2000 година, во државата живеат 9,885,591 жител.
90% од населениет се припадници на една од деветте етно-лингвистички групи: Чеванци, Бембајци, Тонганци (народ во Замбија и Зимбабве)Тонганци, Тумбукуанци, Балунѓани, Баловалејци, Каондејци, Нкојанци и Лозијци. Во Лусака, главниот град на државата, има и бело население, кое воглавно е од британско или јужноафриканско потекло. Според податоците од 1964 година, во Замбија имало 70.000 Европејци. Во државата има и мало азиско население, кои повеќето се Индијци или Кинези. Денес се проценува дека во државата има околу 80.000 Кинези[5] Во скоро време, во државата се доселиле и Зимбабвејци кои работаат како фармери.[6][7]
- Јазик
Службен јазик во Замбија е англискиот, кој се користи во трговијата и образованието. Главен домашен јазик е Њанџа, кој се зборува особено во Лусака. Покрај Њанџа, во државата има поголем број на говорници и на јазикот бемба. Вкупно во државата се зборуваат 73 јазици.
- Религија
Официјално Замбија е христијанста нација според уставот од 1996 година.[8] Сепак, во државата сè уште се практикуваат локалните ритуали и истите се вметнати во христијанските традиции. Околу 87% од насеелнието се Христијани.
- Христијани - 12,775,840
- Муслимани - 65,450
- Без Религија - 65,450
- Хиндуисти - 13,090
- Народна Религија - 39,270
- Други - 117,810
Култура
[уреди | уреди извор]Иако недоволно проучени, за културните и за уметнички дејности со векови наназад сведочат зачуваните предмети од уметничките занаети и традиционалните танци. Врз основа на тие корени, независна Замбија првите чекори на тоа поле ги направила со формирање на танцови групи, подоцна и на театар со забележлива музичка и танцова димензија. Во 1964 година била формирана и литературната асоцијација Група на нови писатели, а биле направени и првите обиди за филмско производство. Првиот замбиски универзитет бил исто така отворен во 1964 година во Лусака.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ United Nations Statistics Division. „Population by sex, rate of population increase, surface area and density“ (PDF). Посетено на 2007-11-09.
- ↑ Central Statistical Office, Government of Zambia. „Population size, growth and composition“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2007-11-24. Посетено на 2007-11-09.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 „Zambia“. International Monetary Fund. Посетено на 2009-04-22.
- ↑ „2014 Human Development Report Summary“ (PDF). United Nations Development Programme. 2014. стр. 21–25. Посетено на 27 јули 2014.
- ↑ Zambians wary of "exploitative" Chinese employers. Irinnews.org. November 23, 2006.
- ↑ „Zim's Loss, Zam's gain: White Zimbabweans making good in Zambia“. The Economist. 2004. Архивирано од изворникот на 2011-02-15. Посетено на 2009-08-28.
- ↑ Thielke, Thilo (2004-12-27). „Settling in Zambia: Zimbabwe's Displaced Farmers Find a New Home“. Der Spiegel. Посетено на 2009-08-28.
- ↑ http://www.scribd.com/doc/3713564/Constitution-of-Zambia-1991Amended-to-1996
Поврзано
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]Повеќе за Замбија на збратимените проекти на Википедија | |
Дефиниции и преводи на Викиречник ? | |
Податотеки на Ризницата ? | |
Образовни ресурси на Викиуниверзитет ? | |
Новинарски известувања на Викивести ? | |
Мисли на Викицитат ? | |
Изворни текстови на Викиизвор ? | |
Прирачници на Викикниги ? | |
? | Информации за патување во Википатување ? ? |
- Матична страница
- „Светска книга на факти“ на ЦИА — запис за „Замбија“ (англиски)
- Замбија на Curlie (англиски)
- Замбија на Викимедииниот атлас
Википатување има туристички водич за Замија. Држави и територии во АфрикаНезависни
државиБенин · Брег на Слоновата Коска · Буркина Фасо · Гамбија · Гана · Гвинеја · Гвинеја-Бисао · Зелен ’Рт · Камерун · Либерија · Нигерија · Сенегал · Сиера Леоне · ТогоЗависни и
други територииНепризнаени државиЗависни територииЗападна Сахара (ООН/Мароко) · Сокотра (Јемен) · Мадејра (Португалија) · Света Елена, Вознесение и Тристан да Куња (В.Б.) · Мајот (Франција) · Расеани Острови (Франција) · Реинион (Франција) · Канарски Острови (Шпанија) · Сеута (Шпанија) · Суверени територии (Шпанија) · Мелиља (Шпанија)
Нормативна контрола