Коне Самарџиев
Коне Самарџиев | ||
Роден | 6 октомври 1854 Прилеп, Македонија | |
---|---|---|
Починал | 12 мај 1912 Солун, Грција |
Константин Георгиев Самарџиев, познат како Коне Самарџиев — македонски просветен деец, книжар, печатар и издавач во Солун [1]. Учествувал во македонското револуционерно движење кон крајот на 19 и почетокот на XX век. Тој бил еден од дејците на егзархиска групација во Македонија [2] и приврзаник на Бугарското тајно револуционерно братство, а по саморастурањето на Братството станал член на Македонската револуционерна организација [3].
Животопис
[уреди | уреди извор]Самарџиев е роден во 1854 година во Прилеп. Учел во тамошното световно училиште и заедно со својот татко се занимавал со самарџиство. Во 1883 година се пресели во Солун и на 1 септември со помош на Насте Стојанов и Димитар Ризов отворил книжарница за печатење на книги за бугарските (егзархиски) училишта и библиотеки во Македонија. Во 1888 година при печатницата на Салваторе Муратори отворил бугарско (словенско) одделение за печатење на учебници за основните училишта и прогимназии. Од 1889 година Самарџиев почнува да го печати и издава литературно-етнографско научно списание Книжици за читање [4] во кое се објавуваат трудовите на Димитар Матов, Васил Иванов К’нчов, Марин Дринов и Андреј Тошев.
Секоја година Самарџиев го печати и издава "Македонски календар - Св Кирил и Методиј ", под редакцијата на Димитар Ризов, кој собира статии, истражувања и песни од истакнати бугарски и македонски научници и општественици во Бугарија, како Иван Вазов, Петко Славејков, Марин Дринов, Трајко Китанчев , Константин Мишајков, Андреј Љапчев, Константин Величков и ги праќа за печатење во Солун. "Македонскиот календар" и "Книжици за читање" се единствените периодични македонски печататени изданија во Отоманското Царство, во тоа време.
Во 1892 година Самарџиев и Насте Стојанов се уапсени и испратени на заточение поради печатена и растурање на литература [5]. Во средината на 90 - те години на 19 век, Коне бил во егзархиската групација во Македонија, а од 1897 година приврзаник на Бугарското тајно револуционерно братство. По растурањето на Братството, бил покрстен од страна на Пере Тошев во Македонската револуционерна организација [6].
Во 1903 година печатницата на Самарџиев била затворена, а повторно почнала да работи по Младотурската револуција во 1908 година. Самарџиев ги печател списанијата "Културно единство", "Татковина " (1909) и "Искра" (1911 - 1912). Во јуни 1911 година Самарџиев ја поддржал иницијативата за основање на легална политичка партија на Бугарите (Македонците-егзархисти) во Отоманското Царство, но проектот пропаднал поради избувнувањето на Балканската војна [7].
Самарџиев починал во Солун, во мај 1912 година. На следната 1913 година, неговата печатницата била опожарена за време на Втората балканска војна [8][9].
Извори
[уреди | уреди извор]- ↑ Автобиография на Коне Г. Самарджиев - 1908 г., во: списание „Развитие“, II, кн. XI-XII, 1919 година, стр. 331 - 335.
- ↑ Христо Силянов, Освободителнитѣ борби на Македония т.1, 123 - 124
- ↑ Ванчо Ѓорѓиев, Слобода или Смрт, Македонското револуционерно националноослободително движење во Солунскиот вилает 1893-19033 година, Институт за Историја, филозофски факултет, Скопје, 2003.
- ↑ Генов, Георги. Беломорска Македония 1908 - 1916, Торонто, 2006, стр. 43
- ↑ Македония. История и политическа съдба., том І, МНИ, София, 1994, стр. 295 - 296.
- ↑ Ванчо Ѓорѓиев, Слобода или Смрт, Македонското револуционерно националноослободително движење во Солунскиот вилает ....
- ↑ Симеонов, Стоян. Из борбите на македонските българи. Два документа за основаването на легална политическа партия в Турция в навечерието на Балканската война, Македонски преглед, година ХІІ (1940), кн. 1, с. 84.
- ↑ Енциклопедия България, том 6, Издателство на БАН, София, 1988.
- ↑ Парижков, Петър. Книжарницата открих на 1 септември 1883. - Во: "Възрожденски книжари", София, 1980, стр.249-254.
„Коне Самарџиев“ на Ризницата ? |