Прејди на содржината

Лужичка азбука

Од Википедија — слободната енциклопедија

Лужичката азбука, или лужичкосрпска, горнолужичка или долнолужичка азбука, е латинична азбука која се користи за запишување на горнолужичкиот и долнолужичкиот јазик. Азбуката има два вида, со многу мали разлики, од кои едната верзија се користи за горнолужичкиот, а другата за долнолужичкиот јазик. Азбуката е слична со чешката и полската азбука

Во прилог е дадена целосната лужичка азбука и има белешки кои букви се користат исклучиво во едниот или другиот јазик. Останатите букви се заеднички за двата вида.

големи букви HTML
код
мали букви HTML
код
име МФА варијации на изговор белешки
A   a   a [a]    
B   b   bej [b] [p]  
C   c   cej [ts]    
Č Č č č čej [tʃ]    
Ć Ć ć ć ćet [tɕ]    
D   d   dej [d] [t]  
E   e   ej [ɛ]    
Ě Ě ě ě jět/ět (горнолужички), ět (долнолужики) [iɪ]    
F   f   ef [f]    
G   g   gej [ɡ]    
H   h   ha горнолужички [h]
долнолужички [h] или без глас
   
I   i   i [i]    
J   j   jot/jót (горнолужички), jot (долнолужички) [j]    
K   k   ka [k]    
Ł Ł ł ł [w]    
L   l   el [l]    
M   m   em [m]    
N   n   en [n]    
Ń Ń ń ń eń (горнолужички), ejn (долнолужички) [ɲ]    
O   o   o [ɔ]    
Ó Ó ó ó ót горнолужички [uʊ]
долнолужички [ɛ] или [ɨ]
   
P   p   pej [p]    
R   r   er [r]    
Ř Ř ř ř [ʃ]   само во горнолужички
Ŕ Ŕ ŕ ŕ ejŕ [rʲ]   само во долнолужички
S   s   es [s] [z], [ɕ]  
Š Š š š [ʃ]    
Ś Ś ś ś śej [ɕ] [ʑ] само во долнолужички
T   t   tej [t] [d]  
U   u   u [u]    
W   w   wej горнолужички [v]
долнолужички [w] или без глас
горнолужички [f]  
Y   y   y [ɨ]    
Z   z   zet [z] [s], [ʑ]  
Ž Ž ž ž žet [ʒ]    
Ź Ź ź ź źej [ʑ]   само во долнолужички
(освен кај диграфот во двата јазика)

Порана верзија на долнолужичката азбука имала b́, ṕ, ḿ, и кои се користеле за палатизација. Овие биле заменети со bj, mj, pj и wj.

Во јазиците ги има следните диграфи:

голема буква HTML
код
мала буква HTML
код
име МФА варијации на изговор
Ch   ch   cha горнолужички [kʰ]
долнолужички [x]
 
Dź dź dźej/dźet [dʑ] [tɕ]

Диграфот ch следи по h во азбуката.

Поврзано

[уреди | уреди извор]