Мали оддалечени острови на САД
Мали оддалечени острови на САД United States Minor Outlying Islands
|
||||||
---|---|---|---|---|---|---|
|
||||||
Гесло: In God We Trust (официјално) (лат. „Веруваме во Бога“) E Pluribus Unum (традиционално) (лат. „Од многуте, едно“) |
||||||
Химна: Star Spangled Banner |
||||||
Главен град | нема - под централна управа на Вашингтон | |||||
Најголем village | островот Вејк | |||||
Службен јазик | англиски | |||||
Демоним | Американец, Островјанин | |||||
Уредување | ||||||
• | Претседател | Барак Обама (Д) | ||||
• | Управник | нема | ||||
• | Намесник | нема | ||||
Површина | ||||||
• | Вкупна | 34,2 км2 (190та) | ||||
• | Вода (%) | 88.6 | ||||
Население | ||||||
• | проценка за 2009 г. | 300 (232ра) | ||||
• | Попис 2000 | 316 | ||||
• | Густина | н/п жит/км2 (н/п) | ||||
БДП (ПКМ) | проценка за 2003 г. | |||||
• | Вкупен | н/п (2005)1 (н/п) | ||||
• | По жител | 46,381 (САД)(2005)1 (6) | ||||
Валута | американски долар (USD ) |
|||||
НДД | .us .um (повлечен во 2008). |
|||||
1. | 2000. |
Мали оддалечени острови на САД (англиски: United States Minor Outlying Islands) — осум островски територии на САД во Тихиот Океан: Бејкеров Остров, островите Хауленд и Џарвис, Џонстоновиот Атол, Кингменовиот Гребен, Мидвејскиот, Палмирскиот Атол и островот Вејк; и една во Карипското Море: Наваса. Управата на САД понекогаш тука ги вбројува и карипските територии Бахо Нуево и Сераниља, но тие се предмет на спорување од страна на други земји.
Од сите овие острови, Палмирскиот Атол е единствената територија во состав на самите САД. Ниеден од нив нема постојано население, туку само привремен научен и воен персонал. Според пописот од 2000, избројани се 315 лица на Џонстоновиот Атол и 1 лице на островот Вејк.[1] Во поновата историја, на островите не е забележано домородно население, освен во пописот од 1940. Во 1936 започнала организирана колонизација на Бејкеровиот Остров, Хауленд и Џарвис Baker, но сите жители биле евакуирани во 1942 поради Втората светска војна.[2][3]
Островите се групираат заедно од статистички причини. Тие не се под една управа, и немаат заедничка културна и политичка историја.
Збирен код за островите во стандардот ISO 3166-1 alpha-2 е UM. Островите поединечно имаат бројчени кодови од ISO 3166-2 (вид. ISO 3166-2:UM). Порано островите го носеле државниот код на главниот интернет домен (ccTLD) „.um“; но истиот е укинат во јануари 2007.[4]
Поимот „Мали оддалечени острови на САД“ е воведен во 1986 од страна на Меѓународната организација за стандардизација (ISO). Од 1974 до 1986, пет острови (Бејкеров, Хауленд, Џарвис, Палмирскиот Атол и Кингменовиот Гребен) имале збирен назив „Различни Тихоокеански Острови на САД“ (United States Miscellaneous Pacific Islands), со ISO 3166-код PU. Мидвејскиот Атол го носел кодот MI, Џонстоновиот Атол имал код JT, а оној на Вејк гласел WK.
Тихоокеанските острови се окружени со големи исклучителни економски зони.
Острови
[уреди | уреди извор]Атол/Остров | Зејишна површина км² |
Лагуна км² |
Местоположба | Основан резерват |
Стекнат | |||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Северен Тихи Океан, расејани изолирани острови | ||||||||
ВејкА | 7,4 | 6 | 19°18′N 166°38′E / 19.300°N 166.633°E | 2009[5][6] | 1899 | |||
Џонстонов АтолБ | 2,52 | 130 | 16°45′N 169°31′W / 16.750°N 169.517°W | 1926[7] | 1859 | |||
Северен Тихи Океан, Северозападни Хавајски Острови | ||||||||
Мидвејски Атол | 5,18 | 40 | 28°13′N 177°22′W / 28.217°N 177.367°W | 1996 [8] | 1867 | |||
Централен Тихи Океан, Северни Линиски Острови | ||||||||
Кингменов Гребен | 0,01 | 76 | 6°24′N 162°24′W / 6.400°N 162.400°W | 2001[9] | 1860 | |||
Палмирски АтолБ | 6,56 | 15 | 5°53′N 162°05′W / 5.883°N 162.083°W | 2001[10] | 1912 | |||
Централен Тихи Океан, Централни Линиски Острови | ||||||||
Џарвис | 4,45 | - | 0°22′S 160°01′W / 0.367°S 160.017°W | 1974[3] | 1856 | |||
Централен Тихи Океан, Северни острови Феникс | ||||||||
Бејкеров Остров | 1,24 | - | 0°12′N 176°29′W / 0.200°N 176.483°W | 1974[2] | 1856 | |||
Хауленд | 1,62 | - | 0°48′N 176°37′W / 0.800°N 176.617°W | 1974[2] | 1856 | |||
НавасаВ | 5,2 | - | 18°24′N 75°01′W / 18.400°N 75.017°W | 1999[11] | 1858 | |||
Бахо НуевоГ | 0,02 | 155 | 15°53′N 78°38′W / 15.883°N 78.633°W | Н/П | 1869 | |||
СераниљаГ | 0,02 | 1200 | 15°50′N 79°50′W / 15.833°N 79.833°W | Н/П | 1879 1880 | |||
Вкупно | 34,2 | 267 | ||||||
А Полагаат право Маршалските Острови Б Полагале право Хаваите кога биле независна држава. Палмира им припаѓала на Хаваите сè до 1959. ВПолага право Хаити Г За овие острови постои спор со Колумбија, Јамајка и Никарагва, и затоа не се вклучени во списокот на територии на ISO; нивните површини не се вброени во вкупниот износ. |
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Попис на САД 2000: Преглед — вид. Табела I (англиски)
- ↑ 2,0 2,1 2,2 „Служба за островски работи: Бејкеров Остров и Хауленд - Историја“. Министерство за внатрешни работи на САД. Архивирано од изворникот на 2012-04-19. Посетено на 10 јуни 2011. (англиски)
- ↑ 3,0 3,1 „Служба за островски работи: Џарвис - Историја“. Министерство за внатрешни работи на САД. Архивирано од изворникот на 2012-02-07. Посетено на 10 јуни 2011. (англиски)
- ↑ Џезданан, Еник (24 јануари 2007). „Укинат неискористениот домен за американските острови“. MSNBC. Посетено на 28 септември 2007. (англиски)
- ↑ „Presidential Proclamation 8336“. Архивирано од изворникот (PDF) на 2018-12-24. Посетено на 10 јуни 2011. (англиски)
- ↑ „Неделен зборник на претседателски документи: понеделник, 12 јануари 2009, Том 45—Број 1, стр. 14“ (PDF). Служба за владино издаваштво на САД. Архивирано од изворникот (PDF) на 2009-03-01. Посетено на 10 јуни 2011. (англиски)
- ↑ „Office of Insular Affairs: Johnston Island - History“. Министерство за внатрешни работи на САД. Архивирано од изворникот на 2012-03-14. Посетено на 10 јуни 2011. (англиски)
- ↑ „Извршна наредба 13022: Управување со Мидвејските Острови“. Служба за заштита на риболовот и дивите животни на САД. Архивирано од изворникот на 2018-12-24. Посетено на 10 јуни 2011. (англиски)
- ↑ „Department of the Interior: Secretary's Order #3223“. Министерство за внатрешни работи на САД. Архивирано од изворникот на 2019-01-07. Посетено на 10 јуни 2011. (англиски)
- ↑ „Department of the Interior: Secretary's Order #3224“. Министерство за внатрешни работи на САД. Архивирано од изворникот на 2019-01-05. Посетено на 10 јуни 2011. (англиски)
- ↑ „Department of the Interior: Secretary's Order #3210“. Министерство за внатрешни работи на САД. Архивирано од изворникот на 2018-12-24. Посетено на 10 јуни 2011. (англиски)
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Мали оддалечени острови на САД - WorldStatesmen (англиски)
- Резервати на дива природа на тихоокеанските острови Архивирано на 30 мај 2020 г. (англиски)
- Резервати на дива природа на американските тихоокеански острови Архивирано на 16 јули 2017 г. - Книга на факти на ЦИА (англиски)
|