Менхетен (филм)
„Менхетен“ (англиски: Manhattan) — американски филм, во режија на Вуди Ален (Woody Allen), кој е автор и на сценариото. Главните улоги ги толкуваат: Вуди Ален, Дајан Китон (Diane Keaton), Мериел Хемингвеј (Mariel Hemingway), Мерил Стрип (Meryl Streep) и Мајкл Марфи (Michael Murphy). Директор на фотографијата е Гордон Вилис (Gordon Willis). Според некои критичари, ова е најуспешниот филм на Ален, кој претставува приказ на сексуалните неврози и на кризата на идентитетот на жителите на современите велеградови. Филмот бил номиниран за наградите „Оскар“ за сценарио (Ален) и за споредна женска улога (Хемингвеј).[1] [2]
Содржина
[уреди | уреди извор]Ајзак (го глуми Ален), е 42-годишен писател на телевизиски сценарија кој живее во Њујорк. Неговата жена Џил (ја игра Стрип), инаку бисексуалка, го оставила поради друга жена, а освен тоа, напишала книга за нивниот бурен брак. Ајзак одржува љубовна врска со убавата 17-годишна девојка Трејси (ја игра Хемингвеј), но ја прекинува врската поради интелектуалката Мери (ја игра Китон) која е поранешна љубовница на неговиот најдобар пријател Јејл (го игра Марфи). Сепак, набргу, Јејл и Мери ја обновуваат врската, така што Ајзак сфаќа дека е најдобро да ѝ се врати на Трејси.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Retrospektiva Woodyja Allena: Manhattan, američki film (пристапено на 21.11.2023)
- ↑ Антена, бр. 803, 15.11.2013, стр. 10.