Прејди на содржината

Опсада на Будим (1541)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Опсада на Будим
Дел од Османлиско-хабсбуршки војни

Опсадата на Будим во 1541 година
Датум 1541
Место Будим, денес Будимпешта, Унгарија
Исход Османлиска победа
Завојувани страни
Хабсбуршка Австрија Османлиско Царство

Опсадата на Буда во 1541 година резултирала со заземање на градот Будим од страна на Османлиите на чело со султанот Сулејман I. По оваа победа, Османлиското Царство воспоставила контрола над централна Унгарија. Битката е дел од т.н. Мала војна во Унгарија. Победата претставува една од најзначајните на Османлиите против Фердинанд I, најмногу поради тоа што градот во следните 150 години бил под нивна контрола[1]. Победата на Османлиите се споредува и со победата во Мохачката битка во 1526 година[1]. Хабсбуршките сили имале загуби од околу 16.000 војници.

Откако Карло V разбрал за поразот на неговиот брат, тој тргнал да се одмазди во Алжир, но и таму доживеал пораз[2]. Фердинанд се обидел градот да го врати во 1542 година, но истиот обид бил неуспешен.

  1. 1,0 1,1 Garnier, p.200
  2. Garnier, p.201