Ропство
Ропство — краен облик на искористување на луѓето од други луѓе. Робот е правно изедначен со предмет. Ропство има уште во првобитното општество, постои во стариот и средниот век, но и во новиот век (на пример, плантажно ропство во САД).
Човекот кој се наоѓа во ропство се нарекува роб, а женската варијанта е робинка.
Видови ропство
[уреди | уреди извор]Традиционалното ропство подразбира луѓето да се третираат како предмет за купопродажба, односно како личен имот на оној што ги поседува. Иако овој вид бил доминантен во многу општества во минатото, ваквата форма на ропство е денес забранета од правните системи на било која меѓународно призната влада.[1]
Должничко ропство е една форма на неслободна работа, при што човекот самиот се става како залог поради отплата на заем или кредит.[2] Услугите потребни за отплаќање на долгот и нивното траење може да се недефинирани,[2] а ваквиот тип на ропство може да се пренесе од генерација на генерација. Ова е најраспространета форма на ропство во денешно време, а најзастапено е во Јужна Азија.[3]
Принудна работа или неслободна работа е форма на ропство каде лицето е принудено да работи против своја волја, под закана или поради друг вид на казна. Со ваквата дефиниција се опфатени и оние институции кои се уредени со закон, како што се регрутирање на војници и казнена работа.
Трговијата со луѓе најчесто ги опфаќа жените и децата кои се приморани на проституција, а ова е најбрзорастечка форма на присилна работа денес. Земјите како Тајланд, Камбоџа, Индија, Бразил и Мексико се идентификувани како жаришта на комерцијална сексуална експлоатација на деца и жени.[4]
Принудниот брак може да се смета за форма на ропство.[5][6][7][8] Брак склучен со девојка која е киднапирана и против нејзина волја постои денес во некои земји. Во Етиопија националниот просек на бракови со киднапирани девојки е 69%.[9] Брак со малолетници се смета за форма на современо ропство.[10]
Историја на ропството
[уреди | уреди извор]Најраниот извор во кој се споменува ропството е Хамурабиевиот законик (Месопотамија, око 1760 г. п.н.е.) од кој се гледа дека во тоа време ропството било широко распространето и прифатено. Во Законикот се вели дека ќе биде казнет со смрт секој што ќе помогне на роб да избега или ќе му даде засолниште на избеган роб.[11] Библијата го споменува ропството како воспоставена институција.[12]
Историјата на земјите Месопотамија, Египет, Израел, Стара Грција, Стар Рим, Персија, Кина, како и цивилизациите на Маите, Ацтеките, на Сумер и на Индија изобилуваат со робови поврзани со војните. Воените заробеници најчесто завршувале како робови на имотите на победниците. Кон робовите секаде се постапувало свирепо но не претерано, бидејќи бробовите биле „скапоцени“.
Во Стар Египет немало многу робови, земјата ја обработувале слободните селани, а пирамидите ги граделе слободни работници. Сите робови биле сопственост на фараоните и не биле продавани на останатите граѓани.
Во Стар Рим околу 15% до 20% од населението биле робови, а до 2 век кога биле донесени закони за заштита на робовите, робовласникот можел неказнето да убие свој роб. Поради високата цена на робовите, сепак ова ретко се случувало. Позицијата на робот зависела од работата за која бил наменет, па робовите кои служеле во домовите на своите господари биле во подобра позиција од оние кои работеле како земјоделци.
Во древна Кина поимотните семејства имале робови, а на дворот на кинеските цареви имало и повеќе од илјада робови.
Робовите во Византија често биле кастрирани.[13] Во Цариград речиси една петтина од жителите биле робови, а градот во 15 век бил голем центар за продажба на робови.[14]
Арапите собирале робови по пристаништата на Источна Африка. Проценетиот број на Африканци кои биле одведени како робови на овој начин се проценува на 11 до 17 милиони од 650 до 1900 година, додека бројот на робови кои Европејците ги однеле во Америка е околу 11-12 милиони од 1500 до 1860-те години.[15]
Во Отоманското Царство, постоеле машки робови кои биле кастрирани, евнуси, кои служеле како чувари на харемот. Робинките пак, биле носени во харемот, и служеле како средство за забава на султанот. Елитните трупи на турската војска биле јаничари и речиси сите биле однесени како деца и по потекло биле од Балканот.
Укинување на ропството
[уреди | уреди извор]Во текот на историјата, правени се низа обиди да се ослободат од ропство цели народи или некои групи. Во САД увозот на робови бил забранет во 1808 година, а нетрпеливоста меѓу робовладетелскиот југ и слободниот север е една од причините за Американската граѓанска војна во 1861 година. Конвенцијата за ропството што ја организирала Лигата на народите во 1926 година, донела пресврт. Членот 4 од Општата декларација на човекови права усвоена во ООН во 1948 година, строго и експлицитно го забранува ропството. Францускиот закон од 2001 година го прогласил ропството за злосторство против човештвото.[16].
Современи случаи на ропство
[уреди | уреди извор]Здружението за борба против ропството (англиски: Anti-Slavery Society) тврди дека: „Иако повеќе не постои ниедна држава која правно го признава ропството, сепак укинувањето на ропството не значи дека го нема.“ Постојат милиони луѓе ширум светот кои живеат и работат во услови слични на ропство. Според проценките на меѓународните организации, во 2005 година имало околу 12,3 милиони случаи на принудна работа во светот.
Фондацијата „Чекори слободно“ објавила извештај во 2018 година дека ропството во богатите западни земји го има многу повеќе отколку што било познато, а посебно во САД и Велика Британија, кои имаат 403.000 или еден на 800 луѓе во САД и 136.000 робови во ВБ.[17] Оваа Фондација го дефинира современото ропство како „ситуација на експлоатирање која човекот не може да ја одбие или да ја прекине поради закана, насилство, принуда, злоупотреба на моќ или измама.“[18]
Трговија со луѓе е вид на современо ропство,[19] при што жртвите се регрутираат преку нудење на лажно работно место, лажен брак и слично, или се продадени од семејството. Некои од жртвите се со измама доведени до долг, или пак се контролирани со употреба на дрога.[20] Во извештај од 2006 година, се вели дека годишно околу 800.000 луѓе се пренесени преку границите со измама. Околу 80 проценти од нив се жени и девојки, а 50 проценти се малолетни, се вели во извештајот на американскиот Стејт Департмент од 2008 година.[21] Иако голем дел од нив се принудени на проституција, сепак некои од жртвите се приморани да работат физичка работа.[22]
Ропството како тема во уметноста и во популарната култура
[уреди | уреди извор]- „Неда и три синџири робје“ - македонска епска народна песна.[23]
- „Приказната на робинката“ - книга на канадската писателка Маргарет Атвуд.[24]
- „Роб на една убавица“ - песна на арапскиот поет Ибн Кузман.[25]
- „Бродот со робови“ - песна на германскиот поет Хајнрих Хајне.[26]
- „Ослободеник“ — песна на ирскиот поет Шејмас Хини.[27]
- „Светлината на робовите“ - песна на македонскиот поет Ацо Шопов.[28]
- „Дванаесет години роб“ (англиски: 12 years a slave) - британско-американски филм од 2013 година.[29]
- „Јас сум роб“ (англиски: I am a slave) - британски филм од 2010 година.[30]
- „Денови на ропството“ (англиски: Slavery Days) - песна на реге-групата Burning Spear од 1975 година.[31]
- „Нови робови“ (англиски: New Slaves) - песна на американскиот рапер Kanye West од 2013 година.[32]
- „Неделен роб“ (англиски: Sunday's Slave) - песна на рок-групата Nick Cave and the Bad Seeds од 1988 година.[33]
- „Робови“ (англиски: Slaves) - песна на американската панк-рок група Bad Religion.[34]
- „Роб“ (англиски: The slave) - песна на американската панк-рок група The Germs.[35]
- „Брод со робови“ (англиски: Slave Ship) - песна на американската рок-група The Jesus Lizard од 1992 година.[36]
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Ропство“ на Ризницата ? |
- СоциоВеб Архивирано на 12 мај 2008 г.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Traditional or Chattel Slavery“. FSE Project. The Feminist Sexual Ethics Projec. Посетено на 31 август 2014.
- ↑ 2,0 2,1 Bales 2004, стр. 15-18
- ↑ Bales, Kevin (2004). „New Slavery: A Reference Handbook“. ISBN 9781851098156. Наводот journal бара
|journal=
(help) - ↑ „RIGHTS-MEXICO: 16,000 Victims of Child Sexual Exploitation“. ipsnews.net. Посетено на 11 февруари 2016.
- ↑ „Two-year-old 'at risk' of forced marriage“. BBC News. 5 март 2013.
- ↑ „Honor Diaries : Child/Forced Marriage : Factsheet“ (PDF). Honordiaries.com. Архивирано од изворникот (PDF) на 2015-09-24. Посетено на 29 септември 2015.
- ↑ „Forced marriages rampant in Ontario“. thespec.com. Архивирано од изворникот на 2017-03-26. Посетено на 2019-01-29.
- ↑ „WITHOUT CONSENT: FORCED MARRIAGE IN AUSTRALIA“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 13 јуни 2015.
- ↑ „UNICEF supports fight to end marriage by abduction in Ethiopia“. reliefweb.int. 9 ноември 2004. Посетено на 29 август 2013.
- ↑ „Nigeria's child brides: 'I thought being in labour would never end'“. The Guardian]]. 9 септември 2013. Не се допушта закосување или задебелување во:
|publisher=
(help) - ↑ „Mesopotamia: The Code of Hammurabi“. Архивирано од изворникот на May 14, 2011.
e.g. Prologue, "the shepherd of the oppressed and of the slaves". Code of Laws #7, "If any one buy from the son or the slave of another man"
- ↑ „Historical survey: Slave-owning societies“. Encyclopædia Britannica. Архивирано од изворникот на February 23, 2007.
- ↑ "A History of Private Life: From Pagan Rome to Byzantium." | Ed. Paul Veyne, trans. Arthur Goldhammer. | Harvard College Press, 1987. |From Byzantium in the Tenth and Eleventh Centuries, by Evelyne Patlagean.
- ↑ Hellie, Richard. „Slavery“. Encyclopædia Britannica.
- ↑ Mintz, S. Digital History Slavery, Facts & Myths
- ↑ (француски) „Loi n° 2001-434 du 21 mai 2001 tendant à la reconnaissance de la traite et de l'esclavage en tant que crime contre l'humanité“. French National Assembly. 21 мај 2001. Посетено на 26 април 2006.
- ↑ Helmore, Edward (July 19, 2018). „Over 400,000 people living in 'modern slavery' in US, report finds“. The Guardian. Посетено на July 21, 2018.
- ↑ Tutton, Mark (July 19, 2018). „Modern slavery in developed countries more common than thought“. CNN. Посетено на July 21, 2018.
- ↑ Skinner, E. Benjamin (January 18, 2010). „sex trafficking in South Africa: World Cup slavery fear“. Time. Архивирано од изворникот на 2013-08-17. Посетено на August 29, 2010.
- ↑ „Trafficking FAQs – Amnesty International USA“. Amnestyusa.org. 30 март 2007. Архивирано од изворникот на 8 јули 2009. Посетено на 29 август 2010.
- ↑ Lost Daughters – An Ongoing Tragedy in Nepal Архивирано на 1 јули 2014 г. Women News Network – WNN, Dec 5, 2008
- ↑ „US State Department Trafficking report“. State.gov. Посетено на August 29, 2010.
- ↑ Томе Саздов, Грива тресе, бисер рони (епска народна поезија). Скопје: Заштита, 1970, стр. 28-29.
- ↑ Хорхе Луис Борхес, Сеќавањето на Шекспир. Скопје: Бегемот, 2016.
- ↑ Arapska poezija. Beograd: Rad, 1977, стр. 75-76.
- ↑ Hajnrih Hajne, Pesme. Beograd: Rad, 1964, стр. 89-93.
- ↑ Шејмас Хини, Песме. Београд: Цицеро, Земун: Писмо, Нови Сад: Матица српска, 1993, стр. 64.
- ↑ Ацо Шопов, Песни. Скопје: Македонска книга, Мисла и Култура, 1988, стр. 122-126.
- ↑ IMBd, 12 Years a Slave (2013) (пристапено на 3 април 2016)
- ↑ IMBd, I am a Slave (2010) (пристапено на 3 април 2016)
- ↑ YouTube, Burning Spear ♬ Slavery Days (1976) (пристапено на 17 април 2018)
- ↑ Discogs, Kanye West – Yeezus (пристапено на 15.4.2021)
- ↑ YouTube, Nick Cave and the Bad Seeds - Sunday's Slave (пристапено на 1 ноември 2017)
- ↑ YouTube, Bad Religion - Slaves (пристапено на 13 јануари 2017)
- ↑ YouTube, The Germs-The Slave (пристапено на 18 март 2017)
- ↑ Discogs, The Jesus Lizard – Liar (пристапено на 17.12.2020)
|