Урал (руски: Урал, башкирски: Яйыҡ, казашки: Жайық) е река која тече низ Русија и Казахстан. Извира од југоисточниот дел на планината Урал, а се влева во Каспиското Море.
Реката е долга 2.428 километри. Дел е на традиционалната граница помеѓу Европа и Азија. Се појавува во источниот дел на планината Урал, тече јужно низ Магнитогорск и околу јужниот крај на планината Урал, потоа низ Орск каде го менува правецот и тече кон запад околу 300 километри, до Оренбург, каде и се придружува реката Сакмара.