Прејди на содржината

Усна празнина

Од Википедија — слободната енциклопедија
Усна празнина
Head and neck
A closed human female mouth
Податоци
Назнаки
Латинскиos, cavitas oralis
MeSHA01.456.505.631
TAA05.1.00.001
FMAFMA:49184

Усната празнина (лат. cavum oris) или уста е почетниот дел од системот за варење. Усната празнина, заедно со органите се во тесна анатомска или физиолошка врска со неа, како што се усните, јазикот, забите, и плунковни жлезди, вршат многу важни физиолошки функции во процесот на дигестијата. Усната празнина е почетен дел на системот за дигестија, во која храната трпи низа битни измени кои ја овозможуваат или ја олеснуваат ресорпцијата на некои материи внесени со храната. Нарушувањето на процесите што се случуваат во усната рпазнина значат промени и во другите делови на дигестивниот тракт.[1]

Функции на усната празнина

[уреди | уреди извор]

Усната празнина има три основни функции во дигестијата на храната:

  • Во процесот на внесување на храната. Иако оваа одлика не е својствена за современиот човек, сепак во одредени услови и при внесување одредени хранливи производи, усните заедно со забите ја прифаќаат, ја дробат храната и ја внесуваат во дигестивниот тракт. Тоа е највидливо кај доенчињата.
  • При механичкото и физичко-хемиското менување на храната. Храната внесена во усната парзнина е подлжна на низа физички, хемиски и физичко-хемиски промени. Под дејство на забите храната се ситни, дроби и меле. Под дејство на сокот од плунковидните жлезди таа се навлажнува, а дел од нејзините неоргански или органски составни делови се раствора по должина на дигестивниот тракт полесно се дигестираат.
  • Биохемиски промени во храната. Под дејство на ензимите, пред сè на амилазата и скробот почнува да се разложува на декстрини и на малтоза, но овде се дигестира само мал дел од скробот.

Ресорпција на хранливи материи

[уреди | уреди извор]

Во усната празнина и во хранопроводот повеќето од составните делови на храната се сѐ уште во неразложена и погодна состојба за ресорпција. Освен тоа, и самата слузница во овој дел од дигестивниот систем е слабо пропустлива, дури и за вода. Но, сепак, докажано е дека во слузницата на усната празнина се ресорбираат некои лекови како нитроглицерин, морфин, стероидни хормони, а и некои отрови од видот цијаниди.

Состав на усна празнина

[уреди | уреди извор]

Во усната празнина се наоѓа јазикот, кој е мускулест орган, а служи за мешање и голтање на храната, а помага и при образувањето на гласовите. Јазикот на својата површина има голем број телца, наречени вкусови пупки, во кои се сместени рецептори за вкус.

Во усната празнина се сместени и забите. Децата меѓу 2 и 6 години имаат 20 заби, наречени млечни заби кои можат да се менуваат. Возрасните имаат вкупно 32 заби, кои се наречени трајни заби.

Устата како тема во уметноста и во популарната култура

[уреди | уреди извор]
  • „Во устата земја кога имаш“ - песна на македонската поетеса Ана Бунтеска од 2015 година.[2]
  • „Усните на жената“ - песна на југословенскиот поет Мак Диздар.[3]
  • „Од устата в уста“ - песна на полскиот поет Тадеуш Ружевич.[4]
  • „Црвени усни“ (германски: Rote Lippen) — песна на германското електронско дуо ДАФ од 1981 година.[5]
  • „Мал човек, голема уста“ (англиски: Small man, big mouth) - песна на американската хард-кор група Minor Threat.[6]
  • „Уста што се прозева“ (англиски: Snorry Mouth) - песна на американската рок-група Mercury Rev од 1993 година.[7]
  • „Големата уста повторно напаѓа“ (англиски: Big mouth strikes again) - песна на британската рок-група Смитс (The Smiths).[8]
  • „Лоша уста“ (англиски: Bad Mouth) — песна на американската панк-рок група Fugazi од 1989 година.[9]
  1. Учебник по биологија за трета година на реформираното гимназиско образование - стр.56
  2. Ана Бунтеска, Стави лајк на сопствениот живот. Скопје: Матица Македонска, 2015, стр. 160-161.
  3. Мак Диздар, Горчин. Скопје, Македонска книга, стр. 50.
  4. Tadeuš Ruževič, Izabrane pesme. Beograd: Treći trg / Čigoja štampa, 2013, стр. 141-142.
  5. Dicogs, Deutsch Amerikanische Freundschaft – Alles Ist Gut (пристапено на 23.6.2022)
  6. YouTube, Minor Threat - Small Man, Big Mouth (пристапено на 14.3.2017)
  7. Discogs, Mercury Rev ‎– Boces (пристапено на 20.1.2021)
  8. YouTube, The Smiths- Bigmouth Strikes Again (пристапено на 14.3.2017)
  9. Discogs, Fugazi – 13 Songs (пристапено на 25.10.2022)